Русија или Доминиканска Република ?!
(прашањето е: Кој е понезгоден за НАС ?)
Mногу е погрешно да се гледа на Русија како фаворит во таа група и нормално сите посакуваат да ги избегнеме во четврт-финале и дека шансата преку Доминикана е поголема (во ред , барем по звучност/репутација Русија, како име во кошарката одма победува и секој би ја одбрал како понезгодна репрезентација =на стара слава прогноза за Русите во нивна корист, а и пред се многу од луѓево немаа поим за кошаркава на Доминикана и состобата кај нив, во моментот, особено последниве години и не само ради НБА играчите.................
А и да се сретнеме со Русите и да им ги скратиме маките за Олимпијада во таа фаза, ке биде убава одмазда (колку толку ) за бронзата во Литванија !
еве зошто јас мислам дека Русија е подобра варијанта и "позгодна" за патот понатаму
1. Со Русите, последниве година дена се изнаигравме утакмици, два пати на Европското и сега пријателскава. На европскотото 2011 ги изгубивме дуелите многу тесно, во последните минути (2 и 4 разлика)судејки по резултатот, ни оди ептен во прилог. Пред се , за бронзата се случи тоа што се случи, а и игравме без Тоде, кој против репрезентација ко Русија е повеке од неопходен ! Двете репрезентации се познаваат веке многу добро. Нема што да се крие и тактизира. По резултатов сме многу блиску по квалитет, тоа се покажа. Дури и на пријателскиов со втора постава
резултатот е добар (иако и Русиве многу не се замараа и пристискаа, играа доста опуштено!)
2. Начинот и стилот на игра на Русиве ни одговара многу повеке, тоа се покажа и на Европското ! Русите имаат доста спора игра (ретко ситуации и поени од контри !), пред се дефанзивно ориентирана. Оваа генерација немаат добри шутери (Monya им е најконстантен во шут за 3, другово е ако фати фати ако не .....). Нашата репрезентација во дуелот за бронза и без Тоде и со многу слаб шут за 3, извади тесен резултат (да не го ставам и тука промашениот удар на Стојановски од чиста позиција, кој можеше се да смени!)
зошто Доминикана е доста заебана за нас :
1. До сега не сме се сретнале со нив, ни една партија одиграна. Доминиканска Република, последниве години (од 2009) имаат голем подем и бележат трансформација во позитивна смисла, не само ради присуството на НБа играчи, кои се секако одлични за позициите на кои играат, туку и пред се на позиција тренер и целиот тим од одлични тренери кои им дреме на клупата , сите кој од кој !
Calipari си лапна во NCAA титула оваа година (во ред, имаше и одличен тим и идни НБА ѕвезди), секако уште поголема легенда е Del Harris човекот кој од Кинескава репрезентација извади максимум (дури и повеке од очекуваното)ги постави темелите и е најзаслужен за успесите на КИНА и нејзиниот подем во репрезентација за респект на интернационални такмичења !
2. Стилов на игра на Доминикана е доста брз, со многу растрчаност и преферираат многу отворена игра (Calipari), што ја прави одбраната сито и решето а и во шутот за 3 знаат да бидат доста ефикасни и да распалат (не знам на нашите оваа година колку ке им тежи газот и во која форма се кондиционо). Исто така и одбраната на нашата репрезентација во транзиција е една од најслабите страни !
Секако, најголемата предност на оваа репрезентација (каде и се убедливо на турниров супериорни) е позицијата центар/крило и поени во рекетот и под кошот, Каде нашиве се најтенки.
За Horford нема што да се кажува, Martinez е исто така одличен на крило, многу атрактивен играч, често прв стрелец, особено специјалист за скокови и банани. Тука е и Garcia , кој не е ништо полош. Минатата година на FIBA AMERICAS 2011 благодарение на овие
тројца, оваа репрезентација беше лидер по скокови и поени под кош, а и по блокади на самиот врв, а и оваа година на овој турнир не верувам дека ке бидат нешто послаби во овој сегмент !
најдобар шутер им е Juan Coronado, вистински снајпер но и другите знаат да погодат за 3. Charlie Vilanueva нема да игра на турниров во Венецуела бил многу дебел, колку толку олеснување !
http://sports.yahoo.com/blogs/nba-b...a-dominican-republic-team-235413262--nba.html
На последниот Centrobasket 2012 турнир беа први (иако освен Puerto Rico другиве Латино америкасни тимови се доста слаби и една класа подоле)
http://www.fibaamerica.com/torneos_lideres.asp?t=BZVTHUAMME&xtab=5
======================================================================
за стилот на игра на Calipari =
dribble-drive motion offense , неколку линкови кои многу добро го објаснуваат концептот (за ентузијасти )
http://en.wikipedia.org/wiki/Dribble_drive_motion
http://www.youtube.com/watch?v=6bAn0sx3ees
http://www.coachesclipboard.net/DribbleDriveMotionOffense.html
=========================================================================
видеа од утакмиците на репрезентациите на Puerto Rico и Dominican Republic, highlights од турнирот CENTROBASKET 2012 (да се запознаат лугјево повеке со стилот на игра)