Постпородилен абортус

  • Креатор на темата Креатор на темата Anna Killah
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ден е прв?!
Да не се навраќаме пак на истата дискусија, во темата за абортус и ммислења околу тоа паднаа и добри дискусии и тешки квалификации и навреди - сешто...
Јас се надевам дека е иронија, и ако е, тогаш и јас иронично би го „застапувал“ истото.
 
Премногу себично од нејзина страна божем нема доволно храна на Земјава па ќе ги убиваме бебињата што не ги сакаме или се хендикепирани. Има институции кои ќе се погрижат хендикепираното дете да се образува и да се чувствува исто како сите други, зошто да не му се даде таа шанса? Можеби некое дете родено глуво ќе измисли лек против некоја смртоносна болест или ќе открие некој друг пронајдок па целото општество ќе му биде благодарно.
 
Типката прерано изјавила „на кај оди светот“. Нема што да ве чуди. Колку и да сме против тоа, веќе во Кина се случува тоа нешто. Само кај нив сеуште не е убивање на родено дете, туку абортус на 7 месеци и тоа под наредба на државата.
линк
 
Едно е да кажеме каде оди светот, друго е да го одобруваме тоа
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 23:31 ---
Едно е да кажеме каде оди светот, друго е да го одобруваме тоа
Дури и во Кина не би го убиле кога би успеала да ја прокриумчари бременоста и да го роди.
 
Едно е да кажеме каде оди светот, друго е да го одобруваме тоа
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 23:31 ---

Дури и во Кина не би го убиле кога би успеала да ја прокриумчари бременоста и да го роди.
Па мене абортус на 7 месечно бебе ми е исто со и убиство на родено бебе. Муабетот ми е дека секогаш играме како што ни свират другите, па не би ме чудело идеата на типката да се освои. Нели демократија, срања....
 
Некој треба нејзе да ја убие :mad:
 
Па мене абортус на 7 месечно бебе ми е исто со и убиство на родено бебе. Муабетот ми е дека секогаш играме како што ни свират другите, па не би ме чудело идеата на типката да се освои. Нели демократија, срања....

Во Кина долго време живеат со тој нивни закон и јасно е зошто е донесен, се хранат со бубачки за да се прехранат, и не дека го одобрувам тоа, но во случајов со Кина, мајката, знаејќи колку е тој нивни закон ригорозен, ризикувала и со тоа си ја загрозила бременоста, но кога би успеала да дотурка до породување не верувам дека некој би и го убил бебето. Во најмала рака би и го одземале и би го пратиле некаде по Америка на посвојување.
 
Познавам 2 пара кои немаа среќа со нивните првородени дечиња. И кај двата пара се случи да им се родат деца со тешки аномалии. Кај едниов пар се случи да бебето почине веднаш по раѓањето. Кај вториве се случи полошото - детето вегетираше една година без никаков физички напредок. Тие за цело тоа време го посетуваа детето во Демир Капија, ако не секој, секој втор ден одеа таму. Пеколна година поминаа луѓето и откако почина детето самите родители изјавија дека им олеснало. Но детето си почина, никој не го уби. И да, верувам во тоа дека им олеснало, но не верувам дека постои оправдување во тоа да се уништат во првите денови од животот, макар која и да е причината.
Во случај да го еутанизирале бебето, за таа една година луѓето ќе заштеделе нерви, здравје, време и пари и можеби и ќе завршеле со ново здраво и право бебе. Иншалах, за брзо време ќе дојдеме до можноста за "дизајнирани бебиња".
 
Значи кој има пари ќе има право да одлучува кој да биде еутанизиран,кој не, ко да родителите го „поседуваат“ животот на бебето.... WTF?!?!?!!?!?!
 
Значи кој има пари ќе има право да одлучува кој да биде еутанизиран,кој не, ко да родителите го „поседуваат“ животот на бебето.... WTF?!?!?!!?!?!
Не, секој родител треба да одлучува кој ќе биде еутанизиран. Особено треба да се замислат оние кои немаат пари.
Родителите де факто го поседуваат животот на детето. Бебето до 1 година е потполно зависно од родителите и не прави никаква разлика дали тие го еутанизирале со некаков агенс или од немање ум/знаење/пари им умрело детето или се здобило со трајни последици.
 
Не, бе, некои деца се зависни од родителите до 25-6 години, анекои и подоцна.... зошто да не им се овозможи и наовие родители да си ги еутанизираат децата?! Мислам, ако сме конзистентни во ставовиве
 
Зависен=ќе умре ако не му дадеш вода и храна. 25 годишен не е зависен на таков начин. но секако има и 25 годишни спремни за еутаназија, можеш да ги најдеш и по форумов.
 
Зависен=ќе умре ако не му дадеш вода и храна. 25 годишен не е зависен на таков начин. но секако има и 25 годишни спремни за еутаназија, можеш да ги најдеш и по форумов.
Дадеш = обезбедиш.... или не!?
 
И следен чекор, еутаназија.... оти е зависно од тебе, а тебе не ти се допаѓа скалата во која плаче кога има висока температура
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom