Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно повлекување: Хаџи-Ристески им ветил заминување на опозиционерите

Иницијативниот одбор за промени во ФФМ, откако вчера Управниот одбор на ФФМ на чело се претседателот Хари Хаџи-Ристески се самораспушти и закажа Вонредно изборно собрание за 29. јули, денеска место претходно планираното свое Вонредно собрание во „Александар Палас“ одржа прес-конференција на која беше соопштено дека се согласуваат со условите за одржување на Собранието на 29. јули.

Притоа, Стојанче Златановски и Иван Путилин нагласија дека по преговорите на двете страни добиено е ветување дека Хаџи-Ристески нема повторно да се кандидира за претседател на ФФМ.

„Нашата цел за промени во ФФМ конечно е исполнета. Хаџи-Ристески дефинитивно заминува. Во меѓусебните разговори претходниве денови добивме негово ветување дека нема да се кандидира повторно за претседател на ФФМ. Ние и денеска можевме да одржиме Вонредно собрание на кое ќе го разрешевме, но не сакавме да провоцираме на тој начин некакви реперкусии пред ФИФА и УЕФА. Затоа, промените ќе следат на 29 јули“ – истакна Златановски, на кого се дополни и Путилин.

„Искрено се надеваме дека ова е почеток на многу подобри денови за македонскиот фудбал“.

Иницијаторите, притоа, соопштија дека немаат никакви забелешки на последните одлуки на УО на ФФМ кои се донесени пред се на нивно барање, а единствено ќе инсистираат Вонредното изборно собрание на 29. јули место во Охрид да се одржи во „Александар Палас“ во Скопје.

Притоа, пред медиумите беа презентирани и имињата на членовите на избраната Ад-хок група која заедно со канцеларијата на ФФМ ќе има задача да го подготви и организира престојното Собрание. Во таа група ќе бидат Стојанче Златановски, Иван Путилин, Димитар Ѓонов, Љубомир Ѓурчевски, Тони Ивановски, Драги Серафимов и Абел Халими.
 
Леле ова прилепчаниве, што људи ќе бевте бе? Г'зенцето му го дадовте на Хари за некое евро....
 
и се на се...ако е ова вистина, кој ќе биди претседател?
 
Треба Панчев и Шаќири да ги стават иако Панчев би можел да има конфликт на интереси дека држи обложувалница.
 
А кој кур е па овој масар омерагич што се спомнува како против кандидат ? :cautious:
 
Дали после најавената оставка на Харалампие и УО на ФФМ КОНЕЧНО ќе се вратат навивачките групи на настапите на нашата фудбалска репрезентација?
 
Кој е човеков што зборуваше во вестите на Канал 5? Ми изгледа како паметен човек кој е спремен за промени.
 
Ќе освоиме светско чим го нема Харалампие, само он беше проблемот, сега без него, кај ќе ни биде крајот!
 
Фудбалот е мртов во државава тебе ти дошло до враќање на навивачките групи ??? Бог да чува :facepalm:
 
Фудбалот е мртов во државава тебе ти дошло до враќање на навивачките групи ??? Бог да чува :facepalm:

Па публиката е главен мотив за да живне фудбалот, ако уште има празни трибини никој нема да има мотив да игра..еве шанса се да се почне од почеток..како на теренот така и на трибините
 
Кој е човеков што зборуваше во вестите на Канал 5? Ми изгледа како паметен човек кој е спремен за промени.
Омерагиќ, најверојатно пиунчето на човекот кој го натера Хари да си замине. Ќе видиме на 29-ти.
 
Зашто ми мириса дека едно зло си оди а друго ќе дојде....
 
Па публиката е главен мотив за да живне фудбалот, ако уште има празни трибини никој нема да има мотив да игра..еве шанса се да се почне од почеток..како на теренот така и на трибините

Тоа е взаемно влијание. Тие ако играа со срце и душа за репрезентацијата, ќе имаше полни стадиони и навивачи. Исто ко шо во Литванија за кошаркарите имаше навивачи, затоа што знаеа дека со срце играат нашите. Среди го фудбалот и репрезентацијата и навивачите ќе си се вратат на стадионите, а сигурно нема да одат да гледаат како ги шиткаат утакмиците за некои си краткорочни добивки од кои долгорочно немаат аир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom