Вонредно генерално собрание на ФФМ: Илчо Ѓорѓиоски едногласно избран за претседател на ФФМ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran Bt
  • Време на започнување Време на започнување
Колку неписмен е оној Спиркоски + какви луѓе само ни ја водат федерацијата тоа е нешто страшно...

Кога веќе се бојкотира, тогаш треба сите да истраат до крај, бидејќи сепак пола лига бојкотира, што сепак не е малку...
 
А после ова денес, нема шанси да поминат неказнети тимовите кои бојкотираат знаејќи какви луѓе ни се во фудбалска федерација ^
 
Нека продолжат вака ја мислам и едно писмо до уефа и мвр не е лошо
 
А после ова денес, нема шанси да поминат неказнети тимовите кои бојкотираат знаејќи какви луѓе ни се во фудбалска федерација ^

Неказнети? Има ли некој што не е казнет од оваа ситуација?
Има ли поголема казна од Хари да ти ја води федерацијата?
 
Неказнети? Има ли некој што не е казнет од оваа ситуација?
Има ли поголема казна од Хари да ти ја води федерацијата?
абе ај што победи победи ама од кај со толку гласа ???
 
Неказнети? Има ли некој што не е казнет од оваа ситуација?
Има ли поголема казна од Хари да ти ја води федерацијата?
Guess not ... :) само се надевам дека тимовите ќе истраат со бојкотот, време е нешто да се промени во мак фудбалот!
 
Абе ова ни во Кореа го нема 87 гласа 85 за него што толку направил на светско да не не однел некој клуб ЛШ да не игра.

Ако не сте знаеле што е мафија ова е сите општиски сојузи свои луге да ставиш да се немало срам ич.И сега јавноста магариња ќе ѓи прават ќе си ги делат парите од големиот буџет без срам.

Па вака Хари никогаш нема да падне подобро како ТИТО доживотно да го изберат.
 
Уште 4 године перење пари..
Уште 4 године лжење и измислици за некој си работи што можеби ќе се случат..
И сеа капак на се и тоа што 4 екипи не играт..
Ова море го нема и у Сан Марино..!!
 
Сега сум 100% сигурен дека Хари ке се жали нешто кај УЕФА, дека клубовите бојкотират и овие од УЕФА нормално ке ни упатат закана за суспензија, и утре ке престане бојкотот :tapp:!
 
абе ај што победи победи ама од кај со толку гласа ???

Зошто толку гласови ...
Неколку пати сум напишал мое мислење за тие работи. Ај пак на кратко.
Делегатите на собранието живеат од Хари. Сите се таканаречени фудбалски работници. Или се контролори или делегати или водат општински фудбалски сојузи. Синовите и внуците им се судии. За два дена неделно земаат лесна пара. Никој нема да се откаже од тоа. Кога ќе се надополнат и пратениците кое се во управен одбор на ФФМ (воедно и делегати на собранието на ФФМ) кои шетаат низ Европа со Хари, тогаш кој да гласа против него?
 
Што е до мене нека ни залепат една казна, да не видиме фудбал у наредни 10 години. Барем нема да губиме живци за џабе...
И тие две утакмици што се играат денеска, и двете се наместени. Кој кур очекуваме незнам од фудбалов?!
 
Aко некој сака да си прај бајрам со умот, нека очекува нешто од мак фудбалот во наредните најмалце 4 години :)
 
ФФМ (Хари) не може да направи екипите во Македонија да бидат силни, ама треба да направи услови за одигрување фер и квалитетно првенство. Спонзорите не даваат пари затоа што знаат колку лесно може да им пропаднат тие пари заради некоја нечесна игра на трети лица и екипи. Таквите нечесни игри треба ФФМ да ги искорени.

ФФМ прима пари од донации од УЕФА и точно тие пари се многу малку за да се изградат стадиони. Ама нас не ни требаат стадиони во овој момент. Сега треба оние стадиони што веќе ги имаме да се направат многу подобри за игра. Да се средат терените за игра. Не може добар фудбал да се игра на ливада или ораница. Со донациите од УЕФА може да се направат помошни игралишта или пак да им се помогне со одреден % на клубовите сами да си направат такво игралиште. Сигурно видовте Црна Гора каков центар направи за тренинг на репрезентациите. Нашиве шетаат. Ај во Охрид, ај во Маџари, ај во Чаир на Маџари има свадба денес ...

Еден од најголемите гревови на Хари се младите репрезентации. Изборот на тие селекции мислам дека го прави некој професор по музичко или биологија. Играат деца што имаат помоќни родители, селекторите се приморани да се мачат со тој избор (а не им се напушта заради добрата плата) и резултатите се очигледни. Катастрофа. Хари мора да се ангажира повеќе на таа тема.

Вака може од утре да пишуваме. Ајде нека каже некој ЕДНА добра работа што ја направил овој ФФМ во последниве 8 години?
Не можам да прифатам мислења од типот „ај победи Хари, ама и онака другите не се подобри“. Другите не ги знаме какви се. Може само да нагаѓаме.
Кажете една добра работа на оваа федерација!
Се согласувам со поголемиот дел од горе кажаното.Но,и јас го реков тоа или барем некои слични работи.Младинските школи се приоритет како и повременото средување на инфраструктурата.Со оглед дека државите во регионот како Хрватска,Србија,Словенија,Романија изградија некакви стадиони со помош на државата,тогаш треба да се размислува за владин влог во капитални објекти-стадиони во Битола,довршување на стадионот во Прилеп,Охрид,Штип ,Струмицаитн...Да не останеме на националната арена со оглед дека таа ќе зе заврши,а нема потреба да се остане на тоа бидејќи стадионите во внатрешноста би чинеле многу помалку од проекцијата за Филип Втори арената.Со оглед дека Хрватска и Србија се земји со по 2 стадиона и по 2 клубови од кои се црпат играчите за репрезентацијата,би било доволно и кај нас да има барем два силни професионални клубови со стадиони по сите стандарди и придружни објекти.Ова со оглед дека повеќе засега,а и во догледно време,не можеме...Патриотизмот инаку не е локален,освен во случај “дај да го изгласаме оној другиот за да и тој малку биде Хари“...На крајот,банално е,но без силно стопанство,нема силни клубови што е = на слаба репрезентација...
 
Додека Харалампие Хаџиристевски е претседател на ФФМ, фудбалот во Македонија ќе пропаѓа се повеќе и повеќе. Ова нека ви биде јасно на сите.
 
Се согласувам со поголемиот дел од горе кажаното.Но,и јас го реков тоа или барем некои слични работи.Младинските школи се приоритет како и повременото средување на инфраструктурата.Со оглед дека државите во регионот како Хрватска,Србија,Словенија,Романија изградија некакви стадиони со помош на државата,тогаш треба да се размислува за владин влог во капитални објекти-стадиони во Битола,довршување на стадионот во Прилеп,Охрид,Штип ,Струмицаитн...Да не останеме на националната арена со оглед дека таа ќе зе заврши,а нема потреба да се остане на тоа бидејќи стадионите во внатрешноста би чинеле многу помалку од проекцијата за Филип Втори арената.Со оглед дека Хрватска и Србија се земји со по 2 стадиона и по 2 клубови од кои се црпат играчите за репрезентацијата,би било доволно и кај нас да има барем два силни професионални клубови со стадиони по сите стандарди и придружни објекти.Ова со оглед дека повеќе засега,а и во догледно време,не можеме...Патриотизмот инаку не е локален,освен во случај “дај да го изгласаме оној другиот за да и тој малку биде Хари“...На крајот,банално е,но без силно стопанство,нема силни клубови што е = на слаба репрезентација...

Добра констатација!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom