Разбирање на бугарски јазик?

  • Креатор на темата Креатор на темата *Bit*
  • Време на започнување Време на започнување
Јас подобро разбирам бугарски одколку српски, дека како мал живеев во Гевгелија и тој дијалект ми е нативен, Струмица, Штип, Берово, Пехчево, Делчево, Радовиш цела југоисточна говоре скоро бугарски, затоа на тие луѓе природно полесно им е разбирлив бугарскиот.
За разлика од истокот, северот: Скопје, Куманово, Тетова К Паланка итн поразбирлив им е српскиот, затоа што во Куманово на пример се зборува скоро српски, односно имат повеќе српски одколку литературно македонски зборови..........
 
Seriozno? Ja sam mislio da baš bugarski bolje razbirate, možda je zbog druge ćirilice.

На темава никој не ти одговори онака како што треба се се нафрлија тролови како и на скоро сите останати теми на форумов. Нема да одам во детали на кратко.

1. Македонскиот јазик е најблизок до бугарскиот јазик со неколку главни разлики. Првата е азбуката, втората фонетиката и третата главна разлика е околината во која се развивале двата јазици.
Прво во бугарскиот постојат неколку букви кои ги нема во македонскиот и обратно што ги прави јазиците далеку од слични.
Второ фонетиката и акцентирањето се многу различни.
Третата главна разлика е во околината, бугарскиот јазик во времето на комунизмот бил изложен на русофилија и скоро немал никаков контакт со остантие словенски јазици. Македонскиот јазик скоро 80 години бил исложен на српски и хрватски варијации и траги но секако и од турско време кои ги има и во бугарскиот. На овој начин ова е голема но значајна разлика при што денес во Македонија не е чудо што повеќето разбираат српски или хрватски отколку бугарски кој по самата основа и граматиката е поблизок до македонски. Ама тоа е таа околина на развивање.

А немој да мислиш дека разликата е како српки и хрватски јазик кои имаат иста основа и се две различни варијатни. Секако одвоени јазици но со иста основа. Земи пример како руски и украински или словачки и чешки.
 
Од јазициве од регионот српски разбирам највеќе сигурно 90% што се вика можам комотно да пишувам.. е бугарскиот малце ми е потежок има некои чудни непознати зборови сепак разбирам кога ми зборуваат.. а да зборувам/пишувам ми е тешко/не знам.
 
Разликата помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик е во 10-15 зборови и 2-3 букви
Мене бугарскиот ми е доста смешен и интересен. А знам да пишувам и зборам 100%
 
Еве кои се општите бугарско-македонски граматички карактеристики по кои тие се разликуваат од српскохрватскиот:
1. немаат падежи кај именките
2. немаат род во множината:
добри пријатели, добри жени, добри деца
добри пријатели, добри жени, добри деца
3. немаат инфинитив
4. немаат глаголска именка од свршен вид
5. имаат членување
6. имаат избројана форма за множината
7. формираат компаратив и суперлатив со po- и naj-
добьр, по-добьр, нај-добьр
добар, подобар, најдобар
единствен исклучок:
много, повече, нај-много
многу, повеќе, најмногу
8. употребуваат ги кратките дативни заменски форми за присвојност:
жена ми
9. идно време = честичка + сегашно време / "näma da" + сегашно време
ште разбере, нјама да разбере
ќе разбере, нема да разбере
10. имаат еднакви завршоци -hme, -hte, -hą за минато свршено и за минато несвршено време:
разбрахме, разбрахте, разбраха; разберјахме, разберјахте, разберјаха
разбравме, разбравте, разбраа; разберевме, разберевте, разбереа
11. имаат минато-идно време:
штеше да разбере, нјамаше да разбере
ќе разбереше, немаше да разбере
12. имаат прекажани форми (за сите глаголски времиња)
13. имаат несвршени л-форми од свршени глаголи:
станал, станел; паднал, паднел
14. имаат удвојување на објектот
Аз ги разбирам всичките.
Јас ги разбирам сите.
15. имаат динамичен акцент
16. имале вокал ą:
/mąžь/> /məž/
/mąžь/> /maž/
 
Разбирам 100% српски/хрватски и 95% бугарски.
А што се однесува до зборување, 100% српски/хрватски и 80% бугарски.
 
Можете ли да кажете колико отприлике разбирате бугарскиот јазик?

Ние во Хрватска и Србија веруваат дека македонскиот јазик е многу сличен или исти како бугарски. Да ли е македонскиот јазик денеска навистина поблиску до бугарски или хрватски / српски?

Бидете искрени. :)

Добро е што си Хрват, инаку темата ќе беше веќе затворена за коментари. ;)

Накусо: разликата меѓу двата јазика е во основата. Основа на бугарскиот јазик е дијалектот во Велико Трново, а за македонскиот се земени централните македонски говори.

Во Македонија бугарски подобро разбираат луѓето од југоисточна Македонија затоа што се географски поблиску до Бугарија. Но тоа не значи дека знаат да зборуваат или да пишуваат. Знаат да се разберат колку за на граница.
Тоа е како што ти разбираш загорски или далматински, а не знаеш да зборуваш или знаеш само неколку фрази.

Ние имаме потреба од превод кога некој зборува бугарски на некоја трибина или на телевизија и радио, за разлика од Хрватите или Србите кои немаат потреба од превод.

Бугарски подобро „разбираат“ помладите генерации кои слушаат турбо фолк, и тука и нема баш многу што да се разбере.
https://www.youtube.com/watch?v=ukp_6nidSEE

Постарите генерации (и јас сум една од нив) се пораснати во билингвизам. На телевизија ретко имаше нешто на македонски, се беше на српскохрватски. Српскохрватскиот јазик беше во мода. Пишувавме споменари и лексикони на срхр, се смеевме на некој ако згреши падеж (!?). Имавме потсмевачки однос кон Бугарите. Контактите со нив практично беа прекинати.


А сега јас да те прашам: ти правиш истражување за некоја маркетинг агенција или за телевизија? Или студираш македонски?
 
Jas sum zainteresiran za makedonsko-bugarski odnosi, i za kretanje (buduće) na makedonski jazik. Ništo od ovie pričini što si nabrojala. :)
 
Англиски разбирам повеќе од бугарски.
Едно прашање и до тебе - дали, колку и кој ве плаќа за да буцкате по интернет вие Бугарите или едноставно си имате проблеми „са собом“?
 
Едно прашање и до тебе - дали, колку и кој ве плаќа за да буцкате по интернет вие Бугарите или едноставно си имате проблеми „са собом“?
:icon_lol: Nisam iz Bugarske, ne treba stvarati paranoju.
 
Па да пишеше една правилна реченица на хрватско/српски или како и да го викаш тој твојот јазик ќе беше доволно, плус не се изјасни од кај ти е желбата за учење кирилица, во хрватска колку што знам не учат:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom