Наезда на змии во Охрид!

  • Креатор на темата Креатор на темата puppete dolly
  • Време на започнување Време на започнување
уште ова фалеше за и онака дотепаниот туризам во Охрид
На Охрид му треба сериозен проект,со сериозен градоначалник.

Ова не е нормално веќе колку е запуштен градот.
 
Е добро де пријателски настроени змии се ова.
 
Јас мислам дека змиите во Охрид излегле поради неодамнешниот земјотрес во близината на градот, но сепак е страшно и треба нешто да се превземе, бидејќи колку и да се безопасни никој не сака додека се шета да поминува покрај змии, доволни беа и езерските од кои врие по плажите...
 
Наезда на змии и глувци во делови на Охрид, особено во стариот дел на градот. Овие фотографии кој ни ги испрати еден граѓанин се направени токму во населбата Варош.
Жителите велат дека аларамот е вклучен и оти надлежните институции под итно треба да превземат соодветни мерки. Најалармантно велат било во делот под Самоиловите тврдини каде имало поголеми површини со трња и висока трева.
Еден граѓанин ни кажа оти минатата година ја продал куќата која што ја имал таму и се преселил во долниот дел од населбата. Охриѓани велат туристите да не се плашат бидејќи тие змии не биле отровни и оти во овој период од годината тоа било нормална појава.
„Во нашата куќа дома имаше смок, змија голема и никого не касаше и си самата си ојде. Не се опасни тие, не касат. Ако ја згазниш нормално. Да не се плашат туристите. Охрид е чист град“, вели еден жител на стариот дел на Охрид.

zmii.jpg


Од охридскиот Завод за здравствена заштита за А1 велат дека појавата на змии и глувци е резултат пред се на топлото време. Но ја повикуваат општината да изврши дератизација на целиот град, бидејки тоа било нивна законска обврска, а граѓаните да внимаваат каде се движат бидејки змиите отровнции биле опасни по животот на луѓето.
„Стоплувањето на времето нагло, појавата на влекачи меѓу кои и змиите, смоковите е повеќе зголемена. Граѓаните укажуваат на тоа дека има појава повеќе. Околу глодарите тоа е посебна приказна. Со години алармираме дека во Охрид не е направена дератизација, една од обврските која ја има локалната, која се прави системски бидејќи глодарите се пренесувачи на заразни заболувања. Одговорот зошто не се прави дератизација ќе го барате во локалната самоуправа“, вели Атанаско Михаилов директор на Завод на здравствена заштита.
Од општина Охрид за А1 рекоа дека какви мерки треба да се превземат треба да каже Заводот за здравствена заштита како надлежна институција. Тие пак дека обврската тоа да го прави со законот за јавно здравје го имала општината, а центарот вршел само стручен надзор на работата.

можеби не касаат но сигурно глетката е одвратна и грозна! нема смисла,туристичко место е...:sick:
Kako prvo ovie zmii se vodni i ne se otrovni i smrtonosni i zasto da gi cistat samite zmii ke se povlecat ,ako ne ja zakacas nema da te zakaca
 
На Охрид му треба сериозен проект,со сериозен градоначалник.

Ова не е нормално веќе колку е запуштен градот.
прво потребно е
Освестување и обединување на Охриѓани;)
 
ништо,не одам Охрид годинава на одмор онда !
 
Kako prvo ovie zmii se vodni i ne se otrovni i smrtonosni i zasto da gi cistat samite zmii ke se povlecat ,ako ne ja zakacas nema da te zakaca
Не знам за вас ама јас досега никаде немам видено волкави водни (езерски) змии.
 
Kako prvo ovie zmii se vodni i ne se otrovni i smrtonosni i zasto da gi cistat samite zmii ke se povlecat ,ako ne ja zakacas nema da te zakaca
Па ниедна змија ако не ја закачаш нема да те закача. Ни кобрата не те закача ако не ја закачаш. Змиите напаѓаат во самоодбрана. Ама никакво оправдување не е тоа дека не биле отровни. Убод си е убод.
 
прво потребно е
Освестување и обединување на Охриѓани;)

Па и тоа.


Јас незнам и онака ги мразат Скопјани,и онака реално сите туристи веќе одат во СК,бар од инат и од љубомора нека се побунат да им се среди градот,да се направи модерен,туристички(не целосно се разбира) незнам како само дремат,и си го кажуваат едно те исто ако не ви чинит не идајте. Очигледно и градоначалникот им е со исто мислење со тие столбовите на сред патека и милион други глупости. :tapp:
 
Змии немат во Охрид, мојт да имет дојдено летово, иначе немат. Ак не ви чинит не идајте
Има водни на горица плажата,се утепуваме од фаќајне налето :D
 
Значи секоја година особено весникот ВЕСТ има вакви стории пред сезона за Охрид. Пред некоја година имаше некои демек чудовишни риби во езерото, па змии, па ѓубре низ градот, па водата била загадена не била за бањање, па водата за пиење не чинела... најмногу ми мириса на кампања од туристичките агенции кои немаат фајде од Охрид па плаќаат за да има вакви теми по весници. Не дека нема вакви случки ама намерно се преувеличуваат и се темпираат временски. Или пак можеби се работи за лична омраза на пишувачите.
 
Змии има туку чаре некако:cautious:
 
Ова не е нормално веќе колку е запуштен градот.
Не е толку запуштен колку овие запнале да прикажат.Најголем дел од змиите се водни (другиот дел се по некој смок, ретко отровници) и отсекогаш биле тука, само интересно е темпирањето вакви теми секоја година кон средината на Јуни, како шо рече Мјолнир.

Па и тоа.
Јас незнам и онака ги мразат Скопјани,и онака реално сите туристи веќе одат во СК,бар од инат и од љубомора нека се побунат да им се среди градот,да се направи модерен,туристички(не целосно се разбира) незнам како само дремат,и си го кажуваат едно те исто ако не чинит не идајте. Очигледно и градоначалникот им е со исто мислење со тие столбовите на сред патека и милион други глупости. :tapp:
:pos:
Само еден пример, странциве моментално во Охрид ги носат на екскурзии низ Македонија (Струга, Битола, Пелистер, Кавадарци/Неготино/Градско во Тиквеш/Стоби/Повардарие на вински ручек, Берово и Струмица низ град и во Водоча, Маврово).Дел од таа тура е и Скопје, а од тамошните хотели молеле барем за едно ноќевање таму.Па сеа ти види ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom