E - бонтон

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Новите комуникациски канали, модерната технологија, недостатокот на време и тежнеењето кон поедноставување и забразување на протокот на информации, нужно влијаат на природата на комуникација и правилата на убаво однесување. Меѓутоа старите правила не престануваат да важат во дигиталниот стил на живот. Посебно оваа поговорка е секогаш тренди: “Однесувај се со другите така како што сакаш другите да се однесуваат со тебе.”

Ова е брошурата која ја издаде хрватскиот телеком, а која се потрудив да ја преведам и да ја постирам. Ми се чини дека секој од нас треба да ги прочита 130 –те правила и да се обиде да ги примени. Чудно е колку можат тие да влијаат и на нашиов форумџиски соживот.

Или да ја уопштиме темава, да ги споделите и вашите искуства, мислења, дешавки за моменталниот е -бонтон...

Фејсбук

1. Пази што испраќаш во светот. Не само што создаваш слика за себеси, туку влијаеш и на другите.
2. Фејсбукот е огледало за корисниците. Нашето однесување влијае на целокупниот квалитет на друштвената мрежа. Искористи ги благодетите на Фејсбукот и немој да се понашаш непримерно.
3. Усклади го приватниот и виртуелниот живот – пивото е сигурно повкусно од чаша, отколку од нотификација.
4. Ако твоето барање за пријателство не е прифатено, тогаш прифати го тоа! :)
5. Негувајте ги своите пријателства. Луѓето не се сликички во албуми кои ги собирате. На голема ливада пчелата никогаш нема да може да им посвети внимание на сите цветови.
6. Шири позитива – игнорирај ја некултурата.
7. Начиниот на комуникација треба да го прилагодиш на другиот корисник или група на корисници како би дошло до успешна размена на информации.
8. Луѓето кои во своите статуси, слики и видеа покажуваат било каква омраза по национална, верска, сексуална определба или според бојата на кожата – ПРИЈАВИ ГИ. Тоа е најмалку што можеме да сториме во борбата за еднаквост.
9. Големите букви се користат за предупредување или ако сакаме нешто важно да соопштиме.
10. Проучите ги поставките на фејсбукот и прилагодете ја приватноста. За несаканото ширење на вашите информации, воглавно сами сте си криви.
11. Подели ги со своите пријатели твоите важни дешавки, смешни слики и радосни статуси. За дваесет години ќе посакаш да се свртиш и со насмевка да гледаш на своите младешки денови.
12. Подобро никаков коментар, отколку коментар кој е никаков.
13. Секогаш треба да бидете пристоен, при тоа внимавајќи личните податоци да не ги види било кој. Употребувајте смајли така што луѓето кои го читаат вашиот статус можат да заклучат во какво расположение сте и борите се против електронското насилство.
14. Почитувајте ја приватноста – како сопственaта така и на останатите корисници.
15. Два пати размисли пред да станеш пријател со близок роднина, бивш партнер или надреден колега.
16. Профилот или го одржувајте или го деактивирајте.
17. Прикачи слики кои би ги одобрила и твојата мајка.
18. Без обѕир на сите пишани и непишани правила, секогаш имајте на ум дека се шо е илегално во реалниот живот, илегално е и на интернет. Немојте да се залажувате дека можете да се сокривате зад псведонимот.
19. Обратете внимание како изгледа вашиот профил и кои информации се наоѓаат на него. Внимавајте на својот онлајн имиџ, бидејќи никогаш не можете да знаете да речеме дали вашиот работодавач ќе стекне одредено мислење за вас по она што е јавно видливо.
20. Кога објавуваш нови фотографии, два пати размисли и сети се: помалку е повеќе ( и подобро).
21. Подржи добра идеја, како и добра критика.
22. Биди ИНФОРМИРАН – заштити се себеси од другите и ОДГОВОРЕН – заштити ги другите од себе.
23. Златно правило= ПРП правило: Прочитај – Размисли- Постирај. Ова правило уште од старт елиминира 80% од паметните-кул (читај: глупи, бесмислени и иритантни) објави, одговори и статуси.
24. Ставајте повеќе позитивни ствари на фејсбук. Весели и позитивни објави на сите ни се потребни.
25. Обидете се да реагирате на коментарите со прифатливо временско растојание.
26. Ако добиеш предупредување, препрати го понатаму... На некој можеби ќе му го спасиш компјутерот!
27. Ако видиш дека некој е несреќен и става неповрзани и тажни статуси, обиди се да го развеселиш. Никогаш не се знае... Можеби на некој ќе му го промениш животниот пат.
28. Во барањето за пријателство испратете поздравна порака ( на луѓето кои ги познавате) или посочете им ги своите намери ( на луѓето кои не ги познавате од виртуелниот свет).
29. Понекогаш лајк не е доволен. Коментирајте го статусот на некој со кој не сте се слушнале подолго време или испратете му порака – покажете му дека со причина е на вашата листа пријатели.
30. Ако случајно дознаеш нечија лозинка, предложи и на таа особа да ја измени.
31. Подобро е да блокираш нечиј профил порано, отколку да го тргнеш од листата на пријатели подоцна.
32. Како слика на профилот искористи свежа фотографија.Сликите од своите миленици и викендици сочувај ги за своето работно биро.
33. Не им испраќај на пријателите групна порака, затоа што тоа навистина ги излудува.
34. Не испраќакте порака на омраза и нетрпеливост дури кога сте и самите испровоцирани.
35. Не го пишувај она што не би го рекол и преку мегафон.
36. Не ставај лајк на сопствените статуси, слики или музика.
37. Приватните разговори и конверзации, води ги преку приватни пораки. Ако го цените својот пријател, нема да го правите тоа преку неговиот кориснички ѕид или со коменирање на статусите.
38. Немој да ги гњавиш луѓето со стотина барања дневно за игри, апликации и слично.
39. Вашите пријатели сигурно не ги занима што во кој момент сте јаделе. Јадете за себе :) Препреките со партнерот, не се работа на сите ваши пријатели. Задржи го тоа за себе.
40. Не се пресметувајте со своите непријатели преку фејсбук. То го прават кукавиците.
41. Не пишувај нови статуси секоја минута и најди некоја граница помеѓу нормалното и претераното известување на луѓето за своите детали, чувства и сл.
42. Не навредувај, не пишувај, не омаловажувај, не напаѓај... Големо НЕ за е- насилството.
43. Немој да бришеш некој пријател, додека си лут.
44. Немој постојано да објавуваш цитати од познати луѓе, древни мудрости, поговорки и сл. за да ги воодушевиш своите пријатели. Понекогаш тоа има контраефект.
45. Непотребно е да направиш албум од своите миленичиња во сите можни пози.
46. Никогаш, ама баш никогаш немој да ставаш профилна слика од себе во огледалото на бањата со напрчени усни.
47. Секогаш имај на ум дека пишувањето на статуси е како разговор со пријателите. Пријателите не се користат за да им ја пишувате биографијата на својот живот – во овој случај тоа е малку премногу.
48. Не омаловажувај и не ги навредувај луѓето кои не ги познаваш.
49. Немој да го употребуваш ѕидот за приватни разговори. За тоа постојат пораки.
50. Немој да ги препратуваш пораките у стил – “ ланец на среќата ”, затоа што тоа е иритантно и напорно, а може да биде опасно ако тоа го препратиш на личност која верува во тие глупости.
51. Не честитајте родендени со скратеница “СР” , затоа што ако веќе сте одлучиле да одвоите време да некому честитате роденден, тогаш направете го тоа како треба. Од пристојност но и од почит кон тој човек.
52. Немојте да ставате туѓи фотографии на Фејсбук, ако претходно не сте ја известиле личноста и не сте побарале дозвола. Сепак треба да го имате во предвид фактот , дека поединци со право не сакаат нивната фотографија да биде достапна до мноштво луѓе.
53. Што поглемиот број на пријатели на Фејсбук не е одраз за вашиот статусен симбол или показател за вашата популарност во реалниот живот.
54. Во никој случај не ја употребувај друштвената мрежа за следење или конролирање на другите луѓе, затоа што тоа не е целта на платформата (комуницирање и вмрежување).
55. Најди права мера. Немој статусите да ги делиш во секоја минута од својот ден.
56. Ако сте некому пријател, не значи дека морате да го лајкате баш секој негов пост. Баш спротивно- нека вашиот пријател ве запознае и види што навистина сакате.
57. Не поставувај огласи дека нешто продаваш или купуваш на својот ѕид. За тоа постојат огласници.
58.Фејсбук, неосетно ти краде часеви и часеви од твоето време: затоа препорачливо е да земаш мали оброка, повеќе пати дневно.
59. Утврдено е дека количината на глупости изразена во објавените статуси и фотографии е пропорционална со времето поминато на фејсбук изразено во часови на ден. Или поедноставно “ Објави се на Фејс, додека не биде прекасно. ”Lol.
60. Престанете да објавувате постови Добра ноќ и Добро утро, Фејсбук не ти е маж или жена да му посакуваш добра ноќ.
61. Лајкај ги другите како самиот себе.
62.Сигурен е оној кој е внимателен, дури и кога е сигурен.
63. Чувај се на (од) Фејсбук, бидејќи на него сигурно важи некој Марфиев закон, ако не и сите.
64. Лајк со лајк се избива.
65. “ Боцкањето ” и онака никој не го сака. На Фејсбук не е ништо поразлично.
66. Со отоврањето на профил на Фејсбук, ризикувате за зависност од виртуелните мрежи.
67. Само Чак Норис може да напише што сака и да коментира како сака.
68. Секогаш е поубаво да го видите вистинското име и презиме отколку некој псевдоним.
69. Немој премногу време да трошиш играјќи ја Фарма на Фејсбук. Оди засади нешто во својата градина, што ќе можеш да го изедеш. :)
70. Кога бројот на пријатели ќе ја премине бројката 5000, дури и Фејсбук е свесен дека си претерал. Покемоните се одамна out, не мораш да ги собереш сите.
71. Немој да пишуваш w место v, освен ако не сакаш да сите дознаат дека носиш апаратче.
72. Слично како и општествениот бон тон: знај дека секогаш некој те набљудува, не ги загрозувај другите со своето однесување, смири ги нервите и најважно – ако пиеш, не типкај.
73.Сељачењето по ѕидови е само за кочијаши.
74. Ако си одлучил да играш наградна игра, биди спремен и да прифатиш пораз, а не добитникот на наградата јавно да го напаѓаш и прозиваш дека ги подмитил организаторите.
75. Немој одма да ја побараш секоја особа која ти се допаѓа на Фејсбук, остави малку магија и информација за подоцна.
76. Заради непридржување на правилата кон е-бонтонот, на корисникот ќе му биде изречена казна преместување во е-чистилиште, т.е е-заборав: ќе се укине неговиот лик и (не)дело.
77. Не додавај нови пријатели, пред да ги избришеш сите слики во купачки костими.
78. Немој од досада да ги менуваш љубовните статуси. Ако ти е толку досадно, излези надвор и запознај некого.
79. Ако сте провалиле во нечиј профил, по провалата пријавете се себе и сите свои пријатели во најблиската полициска станица.
80. Скромноста е доблест само тогаш кога не ги преминува границите на добриот вкус.
81. ОК е да се игнорира некое барање за пријателство, бидејќи на тој начин создаваш и во виртуелниот свет околина во која сакаш да бидеш.
82. Кога кажуваш дека те нема онлајн, тогаш стварно угаси го компјутерот.
83. Она што се пријателите на Фејсбук, тоа се “ followeri ” на Твитер. “ Lurkeri ” вербаат на двете места и обично немаат попаметна работа.
84. Држи се до е – бонтонот, како пијан за ѕид.

Твитер

85. Убаво е да се заблагодариш кога некој ќе ти помогне, одговори или retweet –не на прашањето.
86. “ Google before you tweet ” е наместо “ Think before you speak”.
87. Употребувај ги друштвените мрежи за добро на сите во информатичките кругови.
88. Твитај како особа, а не како корпорација.
89. Користи #hashtag колку почесто можеш, за да може и други да ја следат конверзацијата или темата.
90. Научете ја разликата меѓу @mention и @ reply. @ reply (почетокот на твитот) го гледаат корисниците кои ве пратат вас и особата на која и пишувате. @mention го гледаат сите.
91. Освен ако некој баш сака поинаку, на timeline сите сме на ти.
92. Кај RT даваш признание на особата која го напишала твитот, кај via focus на текстот во твитот.
93. Смислите што е можно пократко и лесно памтечко корисничко име. Ако содржи помалку знакови, твитот може да ви е подолг и може полесно да се прошири.
94. Наведете секогаш причина , зошто мора да се кликне на вашиот линк. Во спротивно изгледате како bot.
95. Препорачајте луѓе на #ff.
96. Кога хејташ, имај аргумент за тоа.
97. Пред да твитнете запрашајте се: “ Објавувам ли корисна содржина? ”
98. Скратете ги линковите, пред да ги поставите на Twitter, затоа постои кратење на URL.
99.Целта на Твитер не е да имате полно глупи твитови, туку малку, но паметни.
100. Ретвитајте на некој еднаш и ќе ве примети вас. Ретвитајте му на некого повеќе пати и ќе ве запамети вас.

Останатите триесет ќе продолжат во наредниот пост ради лимитов на Кајганава:)
 
Заеби Фејс и Твитер, дај бонтон за форуми! :)
 
Твитер продолжува

101. Немојте стално да хејтајте- напорно е и досадно.
102.Немојте да бидете нарцисоидни и да твитате само за себе. Никој не сака фалбаџии.
103. Немојте да следите други корисници само затоа што очекувате и он вас да ве следи. Пратите го затоа што сте заинтересирани што има он да соопшти.
104. Не поврзувајте го својот Твитер акаунт со Фејсбук. Твитовите не се наменети за тоа.
105. Немојте да го коментирате бројот на луѓе кој ве следат. Тоа едноставно не е кул.
106. Не препишувај туѓи коментари и идеи и не објавувај ги како свои.
107. Немојте намерно да изоставувате или пишувате со големи букви, како вашиот твит би бил повоочлив.
108. Не го коментирај сечиј твит. Понекогаш е подобро да не коментираш.
109. # се само чита слично како hush – но он е негова дијаметрална спротивнсот. Затоа пази како шепотиш.
110. На Твитер не постојат пријатели.
111. Ако секогаш пишуваш како си зафатен и немаш време, оддаваш баш спротивен впечаток.
112. Невозможно еда имаш Твитер акаунт, а да не ги пратиш нашиве кајганџии.
113. Сликите од купатилото се за филмските старлети. Тебе тоа стварно не ти е потребно.
114. На Твитер важи правилото – помалку е подобро (повеќе). Доволно е чуден и без дополнителните интерпукциски знаци и симболи.

Останато

115. Помогнете им на новите членови со совети. И вие некогаш сте биле гуштер. Никој не се родил учен:).
116. Се повеќе работодавци се информираат за вас онлајн. Имајте го тоа на ум.
117. Бидете конзервативни во она што го испраќате, а либерални во она што го примате.
118. Пред да се приклучиш на било која друштвена мрежа, прво се запознај со начинот на комуникација и правилата.
119. Никогаш, ама баш никогаш немој да се претставуваш како некој друг.
120. Не создавајте лажни (двојни) профили на друштвените мрежи.
121. Немој да раскинуваш љубовна врска преку друштвените мрежи.
122. Немој да крадеш туѓи фотографии и да ги претставуваш како свои.
123. Немој да озборуваш или омаловажуваш други на интернет криејќи се под псевдоним. Ако имаш нешто да кажеш, соочи се со него лично или барем наведи го своето име. Анонимното озборување и омаловажување е кукавички чин за луѓе кои немаат достоинство.
124. Родители, имајте на ум дека и вашите деца имаат право на приватност. Затоа не ги објавувајте нивните фотографии насекаде.
125. Ако нешто не ви се допаѓа на You tube, само прескокнете го. Не е потребно да оставате злобен коментар, затоа што тоа може некој да го повреди.
126. Запамети: Друштвената мрежа не е живот, туку животот е друштвена мрежа.
127. Немој да се чекираш само по кафулињата. Покажи дека имаш живот и надвор од биртиите :)
128. Ако останеш без работа, луѓето со кој си се поврзал на нет, ќе ти станат најдобри пријатели.
129. Во објавите по друштвените мрежи, никогаш не споменувајте особа која и самата не е членка на таа мрежа.
130. Немојте да пишувате како гледате духови или слушате гласови во главата :)


Велиш бон тон за форуми. Реков и претходно, само прочитај ги и имплементирај ги, да видиш и те како важат и за форуми.
 
....се е ова убаво....арно ама...некој треба да чита (пошто има и некои кои незнаат)...а не само да пишува...луѓето вообичаено повеќе сакаат да зборуваат отколку да слушаат....исто е и на форум....некои мислат дека само нивното мислење е она вистинското....и ако некој им го навреди егото....добиваш микс од навреди, офтопик коментари, квази аргументи и слично....бон-тонот не се учи на форум....се учи дома и во градинка....ако некој го испуштил тој период ...:свиркам:
 
Ма каков црн е-бонтон. Интернетот е создаден за тролањe на емоционално нестабилните личности кои го сфаќаат инетернетот сериозно, и давање голема сатисфакција за туѓите несреќи/нервози. Отсекогаш сме сакале да фаќаме сеир. Потпомогнато од можноста за анонимност, ова е совршено место за вакви цели.

И да, можеби ќе го сменам мислењето кога ќе станам жртва :D
 
Welcome_To_The_Internet.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom