Електрика

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Не наидов на ваква тема или бар слична која би соодвествувала на моето прашање, па не би било лошо да постои :)

Прашањето ми е: Каде во Скопје можам да најдам пригушувач (баласт) за неонка? Се убив од ѕвонење по продавници што ги најдов на Златна Книга. Само во 3 продавници имаше, ама имаше 13W-ни па нагоре, мене ми треба за неонка од 11W, тип PL. Би бил благодарен ако некој поупатен или што има информација пише :)
 
Синка провери тука http://www.logingel.com/ Логин во беверли знам доста се опремени со електроника, ако не си проверил до сега, тие ми текнаа.
 
Синка да, проверив кај нив да не имаат за секој случај, али тие се продавница за електроника, а ја барам за електрика. Фала у секој случај :)
--- надополнето: 13 јуни 2012 во 21:08 ---
Зелен пазар.
Ова го тропна или си го видел на зелен пазар ова што конкретно го барам? :D
 
Абе има на тезги се што ти душа сака од електрика на зелен пазар. Посебни тезги за дрангулии електрични, железарија и тн. Не можеш да утнеш.
 
Стави слободно 13W пригушница ако сијалицата ти е ПЛка
Па ќе купам утре, најдов у една продавница у Аеродром, и други ми кажуваа дека нема да сменат многу 2W, некои 20% терет, што не е многу. Фала на советот во секој случај.
 
Дечки, фрижидерот ми се расипа, утврдија дека е трафото. Самсунг фрижидер, трафо влез 220-240V, излез 16.5 и 13.5V.

Каде може да барам ваков? Официјален сервис ми вика да чекам 15 дена да порачаат....ако знаете друга солуција пишете.

фала!
 
не знам од каде си, но од каде и да си однеси го кај оние што винклуваат електро мотори ќе ти завршат работа брзо (обично трафата ги прават од денес за утре) а и не верувам дека ќе ти наплатат премногу сепак не би требало да има голема снага трафото.
 
Имам 2 прашања (прашував во сакам да знам, а овде имало и посебна тема :) ).
Дали дин шините за автоматски осигурачи се со иста стандардна ширина во обична разводна табла за домаќинствата или има различни ширини (за да не го вадам осигурачот па да барам по димензии оти работи ама по подолго користење на потрошувачот кој е врзан (еден потрошувач е) за овој осигурач, паѓа).
Второ што ме интересира е кај може да најдам ЕТИ (ETI) монополен осигурач B, 16 ампери, со вредност на максимално исклучување 4.5 kA односно 4000 ампери. Најдов со 6 kA ама сите осигурачи ми се со 4.5 а таков не знам кај да барам (побарав Ѓорче кај пазарот во Електрометал и на пазар во 1 дуќан, имаат ети и шнајдер, сите со 6 kA). Барав и во Алфи (новиот техноцентар кај Меркур Автокоманда), немаат. А сите продавачи беа многу слабо упатени во електрика, да не кажам скоро ич.
Патем, 4.5 кА и 6 кА тоа е онаа бројка уоквирена во правоаголник пошто електричарите таа вредност ја сметаат за една од поважните кога се бира осигурач затоа и барам таков.
 
за првото прашање да дин шините се универзални и во последниве 10-сетина години не ми се случило да не ми одговара дин шина а сум монтирал на истите: осигурувачи еднополни и трополни, контактори, релеи, тајмери...

за второто прашање не би знаел што да ти речам, јас никогаш за тоа не сум се замарал со тој податок, битно ми било типот и амперажата да се соодветни ама тебе ако ти е од некое посебно значење замени го со ист таков.
 
искрено, повеќе ми помогна неголи продавачите во т.н. специјализирани продавници за електрика. Ниту знаеја за дин шините, ниту за она бројче 4.5 или 6 или 10 килоампери што значи, освен што еден ме упати да гледам осигурачот да е компатибилен со бакарниот чешел кој носи контакт од фаза на неколку осигурачи (ставен е од долниот дел на осигурачите).
Проверив надвор, главните се 32А со исто 4.5 кА како и внатрешните 16 амперски, па зедов повторно Вико (само тој беше 4.5 кА) и еден за резерва, ЕТИ исто 16А, со 6 кА. Додека не прашам електричар кој ја знае таа ознака, менувам само со потполно истите ознаки. Два дена го тестираме, засега не паднал што значи до одигурачот било, стариот прегорел, се расипал.
Фала Дастан
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom