Навредливи билборди во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа сакав да го чујам, ако не ти се свиѓа ќути мижи... а обвинувате други за нетолеранција...
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:06 ---

Фотошоп. Нова инспирација за нашите "уметнички".

A jас што да праам за Велигден, Божиќ... што да праам кога поминувам низ Центари и гледам крстови, минариња....... што е твојот толерантен совет?
 
A jас што да праам за Велигден, Божиќ... што да праам кога поминувам низ Центари и гледам крстови, минариња....... што е твојот толерантен совет?
Значи те нервира постоењето на верски објекти? Еј ај не можам више... бесцелно е да ти објаснувам зошто постојат цркви, џамии, спортски сали, стадиони и објекти за домување...
 
Фотошоп. Нова инспирација за нашите "уметнички".
Уште еднаш ќе те замолам да го видиш билбордот, која тоа фреска е „фотошопирана“
 
A jас што да праам за Велигден, Божиќ... што да праам кога поминувам низ Центари и гледам крстови, минариња....... што е твојот толерантен совет?
Пумич немој така, ние сме библиска земја. Сега спремаат нов закон, во сите автомобили како приврзок да се има по едно распетие. Ако не, казна! И тоа мора распетието да е лично одпеано од дедо Стефан. :)
 
Mjolnir , јас кај што живеам се осеќам како да сум во Саудиска Арабија. Ставија луѓето озвучување на минарињата, од спиење ме будат на сабајле кога ќе грмнат. МПЦ да не остане должна, опнале звучници на црквата за Ѓурѓовден, оглувев кога поминував. Башка антиталенти за пеење, се раскрекале, овие другиве барем ЦД си пуштаат.

Ама трпам, не кукам многу. Што е тука е. Затоа кога ќе ти опнат билборд, реклама, или ќе падне ремет на ТВ, не се возбудувај многу.
 
Да, точно е. Инаку Груевски ќе ти прати некој од неговиве миниончиња за да бидеш донесена за ...... како го викаа? .... "Информативен разговор" :tapp:
 
Да, точно е. Инаку Груевски ќе ти прати некој од неговиве миниончиња за да бидеш донесена за ...... како го викаа? .... "Информативен разговор" :tapp:
И после ќе ве стрелаат. Не слушнавте вчера стрелале пет души што не сакале да се крстат.
 
Да, точно е. Инаку Груевски ќе ти прати некој од неговиве миниончиња за да бидеш донесена за ...... како го викаа? .... "Информативен разговор" :tapp:
Ќути, да не дојдат, ќе ми најдат „расадот“ во црепот на тераса... :)
 
Mjolnir , јас кај што живеам се осеќам како да сум во Саудиска Арабија. Ставија луѓето озвучување на минарињата, од спиење ме будат на сабајле кога ќе грмнат. МПЦ да не остане должна, опнале звучници на црквата за Ѓурѓовден, оглувев кога поминував. Башка антиталенти за пеење, се раскрекале, овие другиве барем ЦД си пуштаат.

Ама трпам, не кукам многу. Што е тука е. Затоа кога ќе ти опнат билборд, реклама, или ќе падне ремет на ТВ, не се возбудувај многу.
Не си во право :-) И не ми мешај џамии тоа е прекршување на законите.
 
И после ќе ве стрелаат. Не слушнавте вчера стрелале пет души што не сакале да се крстат.

Не знам за тоа, ама ова е вистина. Голем број луѓе што ги знам се викнати на "информативен разговор". Демек како тоа некој не бил христијанин, зборел лошо за црквата, зборел лошо за споменициве, проективе, буџетов итн.

And I bullshit you not. Некои од работа ги имаат вадено.

Јас разбирам некој да е ултра-религиозен, ама кога ќе почне да го пика својот нос во мојот живот, да ме учи како треба јас да размислувам или гледам на работите, тогаш е претеризам.

И јас чекам покана да ми стигне наскоро, за тој информативен разговор. Дури почнав да мислам дека ќе се осеќам увреден ако и не ја добијам истата. Вака ќе имам шанса лице в лице (како што он обожава да е близок со народот) да му кажам што мислам за него, за црквата, и за проектите :)
 
Не си во право :) И не ми мешај џамии тоа е прекршување на законите.
Ај дообјасни. Што е прекршување на законите? Да мешаш џамии, да спомнуваш џамии или тоа што има озвучување на минарињата и се слуша исламска молитва?
 
И јас вчера ја видов бе, прво ми дојде смешно, незнам зошто аман за се се наоѓа рчка, тоа што луѓе лебче немаат да јадат никој не им смета и не им е гајле, битно билборди со навредувачка содржина одма не сечат у срж, аххх бре никад нема луѓе да станеме ние, тешко и горко.
 
Темава оди брзо и неможам да ги прочитам сите мислења....но мојот став е следен....слободата на изразување и говор по устав е загарантирана....уметникот има слобода на изразување....но...доколку сликата на спорниот биборд е слика од вистинските фрески (само фотошопирана) тогаш имаме проблем.....прво тоа е навреда кон авторот на фреските....второ сакале ние или не тие фрески се во сопственост на МПЦ и МПЦ има право да одлучува дали ќе дозволи тие фрески да се користат во рекламна или друг вид кампања.....народски кажано доаѓам кај тебе дома...имаш убав аквариум....го сликам...и потоа го користам како реклама за мојата продавница за миленичиња без твоја дозвола

за навреда на чувствата не треба да се дискутира....и мојте чувства се повредени кога владините медиуми тролаат со кампањите....и мојте чувства се повредени кога на секоја слободна јавна површина никнуваат цркви и џамии наместо школи и библиотеки....и мојте чувства се навредени кога црковни лица (попови и имами) се мешаат во државни работи и работи надвор од религиски домен....и мојте чувства се навредени кога верниците (од било која религија) пробуваат своите убедувања да ги наметнат на целото опшество....и мојте чувства се повредени кога данокот што го собираат (пари стекнати со пот имака) го трошат на врби, шмизли и грди зелени девојчиња.....и мојте чувства се повредени кога банда испрани мозоци протестираат за ослободување на осомничени убијци....и јас сум навреден кога воени злосторници седат во парламент и одлучуваат за мојата судбина

оставете ги чувствата на страна....спорно во овој случај е дали авторот на билбордот направил копија на фреските и ги употребил во кампања без соодветно одобрение или распоредил рандом ореоли и затемнети глави

СЕКОГАШ ЗА СЕКОЈА РАБОТА ЌЕ СЕ НАЈДЕ НЕКОЈ НАВРЕДЕН...БИТНО Е СЕКОЈ ВО ДРЖАВАВА ДА ГО ПОЧИТУВА ЗАКОНОТ И УСТАВОТ
Најасалниот пост на темава. Увреѓени и на двете страни, пљукање и обвинувања, ко у парламент. Кога би постоела некаква си традиција на толеранција и почитување (и спроведување) на законите, билбордот би бил само предмет на јавни дебати (кои спаѓаат во доменот на демократски дијалог), ама не ќе можеше да се симне без да се докаже дека крши некаков закон. Слобода на израз и говор е демократско право. Го бранам ова право и традиција, дури и кога ги исмева моите верувања и светоглед. Истото право ми припаѓа и мене. Ако имам креативност и смисол за хумор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom