Навредливи билборди во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Стимулирајте се со шкорпион, ја сум од тие обратните од вас ;)
.
Ај па и ти... напрај исклучок, од еднашка не се станува таков:D

Ама ја ти сум од оние ..строго актив..:D
 
И ова со абортусов, замисли мајка му на Тесла да и текнело дека она нејќе моментално да има дете и дека сака да си го проживее животот.
Мава абортус и што после? Може ова што сега дискутираме на форум ќе беше научна фантастика, стрикно во книга.

Ако навистина така размислуваш, тогаш благо на тебе нека е. Ретки се верници со ставови ко твоите. Се согласувам со се освен со "просперитетот". И ние можеме на тоа поле, само не на ист ..... метод да го речеме :D

Што се однесува до твоево за абортусот, се согласувам, и оправдувам абортус кога има смисла и причина истиот да се примени. Тесла не би бил Тесла ако мајката немала услови да го прехрани и да се грижи за него.

Секако дека не го оправдувам абортусот ако на некоја жена, со кариера, пари, топол дом, и текнало незаштитено да има секс со некој, и после кога ќе дознае дека е бремена, да и текне дека сака абортус. Зборам за оправдани случаи, а од тоа што имам видено, особено во МК, голем дел се оправдани. Се лутам кога верници го занемаруваат тоа во име на религијата.
 
И ова со абортусов, замисли мајка му на Тесла да и текнело дека она нејќе моментално да има дете и дека сака да си го проживее животот.
Мава абортус и што после? .
И шо после, ќе се премажела после некоја година за Момчило Секира и ќе се родел Петар Секира кој можда ќе бил поголем научник и од Никола Тесла. И сеа шо праиме? Да абортирала може боље ќе било.
 
Стимулирајте се со шкорпион, ја сум од тие обратните од вас ;)

Ама чим тебе ти го фатил меракот .... Што барам јас во таа равенка? :)
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 01:34 ---
чекај малку, кочи, дали ова значи дека под дифолт ние нормалните сме апаши, неморални, неверни, арамии,дрогираши..да не должам..а вие педерите сте морални, чесни, верни, не сте дрогираши?! нема арамии меѓу вас педерите?!?!:facepalm: дај адреса да ти пратам јаже да си се обесиш сам, не земај на душа некој неморален, арамија, неверен..да не должам..

Па не знам, мене потребно ми е само да ги видам соседиве, не па да го анализирам цел град. Свака ти част ако не си еден од тие, ама дека ти си нормален а јас не, па некако пак ми влегуваш во тие што ги опишав погоре.
 
cudo.jpg
Следен производ би требало да биде прашок - ги пере вашите мозоци како никој друг. За само 2 литри масло, 10 свеќи и 100 денари оставени на икона, вашиот мозок ќе биде беспрекорно испран.
 
Сите вие што верувате во ова чудово у Св.Димитрија,ви е исто ко да верувате дека од 3 скршени јајца у тавче,ќе излезе сланина со пржени компири.Така да ќе ве замолам да престанете да коментирате како тоа ако не одам во црква, и не ми мрчат попови секоја недела дека не сум верник.Се знае каква улога има црквата во светов,истото важи и за џамијата и да не се објаснуваме многу многу.Верувајте си во Господ,али не ја мешајте црквата во тоа свето нешто ( за вас ).


И рекламата си е на место,само што државава уште еднаш покажа колку е демократска.Јебига дур има овци, ќе има и волна
 
Уште не разбрав како некој се чувствува загрозен од тоа што некој друг верува во чуда? Ве тера некој да одите во црква? Сакаш верувај сакаш не верувај ама не тоа не им е доволно треба и заебанции на билборди да правиме. Продолжете, само реков ако сте толку фраери пробајте Мухамед исмевајте го. За тоа немате муда. А Исламот има 10 пати поголемо влијание во Македонија од христијанството. Ама нема врска битно да се заебаваме со нашето, да не случајно христијанството добие јачина, тоа е опасно другото не е...
 
Уште не разбрав како некој се чувствува загрозен од тоа што некој друг верува во чуда? Ве тера некој да одите во црква? Сакаш верувај сакаш не верувај ама не тоа не им е доволно треба и заебанции на билборди да правиме. Продолжете, само реков ако сте толку фраери пробајте Мухамед исмевајте го. За тоа немате муда. А Исламот има 10 пати поголемо влијание во Македонија од христијанството. Ама нема врска битно да се заебаваме со нашето, да не случајно христијанството добие јачина, тоа е опасно другото не е...

А зошто вие се чувствувате навредени бе од еден, според вас глупав билборд? Или шо? Се осеќаш загрозен? Сфативте дека верувате во илузија и дека немате докази? Почнавте да сфаќате па сеа мрчите
 
не си во право, желбата за навреда токму ТИ ја покажа овде.замисли ситуација-шеташ со детето твое, син-ќерка сеедно, на едно 7-8-10-тина години, и одеднаш пред тебе скока и прави акробации како пиштол гол човек. објасни ја твојата реакција? ќе се насмевнеш и ќе речеш, еј сине, види го овој или ќе се поставиш заштитнички измеѓу и ќе му ја свртиш главата на детето?! а зошто?! те удри ли тој човек? те каменува ли? те опцу ли?не, само си ја почитува природата и природното во себе, само вистината е-ТОА НЕ Е НОРМАЛНО И НЕ Е МОРАЛНО, така и овој глуп билборд е неморален и е навредлив за Христијаните, тие се Христијани, а не морони како што ги нарекуваш и неавредуваш токму ТИ. засрами се!!

Зашто јас да се засрамам? Ти направи споредба помеѓу гениталиите на рандом човек со христијанството не јас.
 
Треба да си ментален воа да го ставиш на билборд...аууу што се шета на земјава :tapp:
 
те цитирам:
A на кој уствари му е гајле ако си навреден? Па и да не му е на секој врската со бОГ, самиот тој или личноста како шо викаш ти, шо има тоа врска? Билбордот е направен директно за случката со "чудото", и така како што ти ЦЕЛОТО тоа го поврзуваш со религијата, и "те боли" на некој начин, така и јас можам да си претпоставам дека можам да те навредам на било кој начин поврзан со пресветиот. Нели?

На кој уствари му е гајле? И мене не ми е гајле ако било кој и ти си атеист, сатанист или што било друго. Ама јас не се расфлам со плакати што навредуваат други. Верски права и слободи со основни човекови права. Слободата (интелектуална, верска итн.) не е слобода ако навредува некој друг. Малку да си со IQ над 80 ќе разбереше. Ама затоа што тебе не ти е гајле дали јас или друг сум навреден, очигледно е дека Бог не ти дал да ја прескокниш границата од 80.
 
Во принцип обожавам цензура, нешто што не е естетски, интелектуално на повисоко ниво треба да се цензурира, ама проблемот е што го цензурираат баш спротивното.
Кај се до сега да ги цензурираат турските, индиските, шпанските серии, Боки 13, српската и бугарската турбо-фолк музика и редица други слични глупости??????

дали бил некој навреден или не емотивно или верски, баш ми е гајле, најлошо е да ти биде навредена интелегенцијата, преку тоа не треба никој да помине. Сега што секој има различна интелигенција и што различни луѓе различно го сфаќаат овој билборд тоа е друго. Едните го сфаќаат како навреда, другите како Монтипајтоновски хумор или во превод кој колку културно е образуван.
Јас ова го сфаќам како игра на мали деца меѓу политичарите, сега ние ќе ви поставиме ваков билборд на вашите верски чуства, вие ќе го симните и ќе викаме диктатура, потоа овие другите ќе најдат некој начин како да вратат, додека ние сите воздивнуваме и навиваме за нашиот идол и life goes on.
 
На кој уствари му е гајле? И мене не ми е гајле ако било кој и ти си атеист, сатанист или што било друго. Ама јас не се расфлам со плакати што навредуваат други. Верски права и слободи со основни човекови права. Слободата (интелектуална, верска итн.) не е слобода ако навредува некој друг. Малку да си со IQ над 80 ќе разбереше. Ама затоа што тебе не ти е гајле дали јас или друг сум навреден, очигледно е дека Бог не ти дал да ја прескокниш границата од 80.
Го цитирам твојот пост, зошто е последен. Но моето мислење важи за сите претходни кои се изјаснија дека се навредени.
Немам ништо против тие што веруваат. Ако сте Хриситјани, бидете. Не богохулете. Самиот факт што поверувавте дека тоа е чудо зборува дека сте лицемерни и дека самата вера ви налага да верувате во апсурдни работи. Самите кажаа дека чистеле, самите кажаа дека им требало „чудо“ за да ја наполнат црквата со верници (читај пари). Треба да сте навредени од однесувањето на свештениците кои во здрав мозок ве лажат, а не од некои дечки кои биле креативни и иновативни па решиле да се искажат.
Акцентот на оваа дискусија треба да се стави на цензурата која ја јадеме секојдневно. Ако продолжи вака, на пописот 2014 година, ако се пишеш атеист или некоја друга вероисповед (различно од христијанство и ислам), мислам дека ќе бидеме јавно каменувани кај Воинот, од тие со IQ повеќе од 80, се разбира.
 
Фреските од иконостасот во Св. Димитрија на билборд, како реклама за средство за чистење !

getImageThumbnail.axd


Билбордот кој вчера беше поставен на булеварот Партизански одреди во Скопје, предизвика огромни реакции. Сликата е како реклама на средство за чистење – Солушн, кое ги чисти и најнедостапните површини, а во позадина се фреските од иконостасот во црквата Свети Димитрија.


Сликата всушност е уметничко дело, кое утре ќе биде претставено на фестивалот на креативни индустрии Скопје креатива. Производот Солушн не постои. Оваа фотографија ја направиле две уметнички, кои не сакаа да коментираат за нивното дело. Организаторите на фестивалот се оградуваат од сликата, која ги навреди верските чувства на дел од граѓаните на Скопје. Скопје Креатива се одржува за прв пат и како интересен културен настан е предвиден во Програмата за култура на Град Скопје за 2012 година.

ИЗВОР
 
,,,,,,,,najverojtno se ,,,studentkite ,,od arh,,profesorot,,,,grupata ,,protiv 14-ta,,,,,
,,,,a da zemea kako lajt motiv nekoj drug poinakov verski motiv,,,,,,,,
,,,koj na kogo ,,ako ne svoj na svojot,,,,,,,,,,za golema zhal,,,,,,,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom