Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
:vozbud: Случка од пред 5 минути. Доаѓа типот ѕвони на врата и ми вика комшија(скопјанец)зашо бе сите да плаќаме исто за одржавање на зградата? Му викам многу ти е 500 ден бе комшија годиншно за зградата? Гледаш варосано е, чиста е зградата едно друго.. Не бе, ама зошто сите исто да плаќаме а? Го гледам и му се чудам, што требеше да му речам? Да го фрлам од трети спрат? Можам јас во Скопје да плаќам по 400 ден месечно за зградата а него му било мн 500 ден годишно.. И после иститот тип тука на форумов ќе соли памет како охриѓани биле лоши биле вакви биле незнам какви.. Лоша работа е генерализацијата, многу лоша.
 
Изгледа не бев разбран по рано, затоа ке се изjаснам. Охрид ги губи туристите затоа што се обидува да направи владата/кметот и т.н. от Охрид нешто што не е не може да биде, летен курорт со плажи.
Охрид требе да си остане културен, историчен, духовен центар и како таков да се рекламира, а не со плажи, фин песок и т.н.
Затоа што неможе да се конкурира како место со плажи за одмор с една Грциjа например.
 
Во Охрид сакам да купат SunWireless при-пејд картичка за интернет, гледам цел град речиси е покриен.

на мапава на продажни места кога ќе зумирам Охрид ми излегува некој дуќан Фибос трејд на ул.Климент Охридски, да не занете каде е точно тоа, некој ориентир да дадете?
 
Aлчноста ги јаде Охриѓани, сакаат ем да се стар град ем со нови згради и дуќани, изнапродадоа купови станови на скопјани и остали сега не им чин оти во тие станови иделе газдите или нивни роднини и приатели ?! Па шо не им ги продававте исклучиво на Охриѓани становите? па дадоа сите плажи на концесионери сега им се криви концесионерите оти со своето понашање и цени ги бркаат туристите, шо не си ги работи општината со вработени ?? нема никаква стратегија се е оставено на тоа кој како ќе се снајде, секој охриѓанец ви е стручњак за туризам, порано тој мој приател од Холандија го однесов со девојката во куќа каде живеев под кирија (газдата го држеше горнио спрат а долу ние со изузеток на една соба која ја издаваше на лето, и сега иди полупијан им отвара собата и вели “Еве овде ви е убо шо сакате прајте ебавајте се ако сакате тука.....“ јас в земја пропаѓам арно чупето не знаеше збор македонски, па после од ко му покажа собатта, седна со нас и муабети муабети со јазико плетка па им вели “А марки имате ли бе? да ви ги купам...“ па ко виде дека немаат и дека не вадам пијачка, стана и се отетерави горе по скали.....
Не велам дека се сите такви но еден ваков “домаќин“ че отвори негативни прикаски за Охрид на 100 души, ова како прикаска ќе се пренесува и оној кој никогаш не бил во Охрид, ќе се здобие со лошо мислење.
Не се концентрираат на една работа туку сака да му капнува од секаде, па има соба која ја издава, има бавча или нива, или пчели, работи во фирма или државно... такви случаеви имаше многу, мојот шеф кој беше магистар, и одлична плата, трчаше од работа кога ќе му јавеа дека имало гости (имаше куќа и еден спрат издаваше) Шеф на припема на лето не идеше , одмор и боловања - оти имаше земјоделие, па ко ќе дојдеше до некоја ненадејна порачка на некој производ требаше со кола да го бараат по ниви пошто тогаш немаше мобилни... Инженер во развој, свиреше бас гитара во некој бенд , па ко ќе дојдеа свадби понеделник не идеше на работа или ако дојдеше цел ден спиеше на биро, па уше ако ги ангажираа некаде на лето да свири во некоја бавча - ич не рачунај на него додека помине сезоната..зато и се аљкаво и трапаво им оди, пропаднаа многу успешни фирми “ЕМО Застава Отекс..“ скоро и да немаше некоја фамилија во Охрид која не работеше во некоја од овие фирми земјоделие немаат, туризмот им е приклучен на апарати за одржување..... и сега читам бил виновен патот до Охрид !!?? така зклучиле, дека ако го напраела патот - ќе гргнат туристи! Пропаѓа туризам во Охрид оти не чинел патот ?!?
Сигурно тој што тоа го заклучил - ќе има некој убав ќар ако се прави патот, можеби е сопственик на некоја градежна фирма или му ветена провизија... Јас да сум ќе воведам правило :
Стави свој потпис на твојата идеја за решението, па ако не даде резултати - ќе одговараш материјално. Па да видите како одеднаш ќе секнат секакви глупави идеји.
 
Последно уредено:
Во Охрид сакам да купат SunWireless при-пејд картичка за интернет, гледам цел град речиси е покриен.

на мапава на продажни места кога ќе зумирам Охрид ми излегува некој дуќан Фибос трејд на ул.Климент Охридски, да не занете каде е точно тоа, некој ориентир да дадете?
Oва е во самата чаршија, мислам една трафика дека е, разгледај траба да ја најдеш одма.
 
статистички податок од светот е дека веста за добрата услуга се проширува на плус четворица,а лоша на 10.

самите бројки кажуваат дека `градиентот` на охридскиот туризам е негативен и се ближи кон својот минимум
 
Убајна е бе, еве сега си слушам од кај комшиине 3 спрата погоре Дино Мерлин.Задутре Цеца од стадион.Префинет вкус.
 
Две групи момчиња, за кои неофицијално се дознава дека се од Скопје крваво се пресметале во центарот на Охрид.

Според сеуште непотврдени инфроамции на местото на пресметката, на самиот кеј во центарот на градот имало и траги од крв, а интервенирала и брзата помош која хоспитализирала неколку од учесниците во инцидентот.

Неофицијално во пресметката биле користени и ножови.

Се очекува во текот на денот СВР да излезе со повеќе информации.
http://ohrid1.com/7925/mladi-povredeni-vo-krvava-presmetka-vo-centarot-na-ohrid
 
Каде е општинското МВР да го спречи ова?Нема сезона а да не паднат жртви.Никаква безбедност за туристите.Див запад.
 
Па и во Скопје секој ден се дешават ова.
 
OT>
Ова чудо го најдов на trip advisor холандскимизо5.png , не ми теквит на ваков објект?Другите слики беа од Мизо Градска Плажа ама ова не знам дали е таму
 
Две групи момчиња, за кои неофицијално се дознава дека се од Скопје крваво се пресметале во центарот на Охрид.

Според сеуште непотврдени инфроамции на местото на пресметката, на самиот кеј во центарот на градот имало и траги од крв, а интервенирала и брзата помош која хоспитализирала неколку од учесниците во инцидентот.

Неофицијално во пресметката биле користени и ножови.

Се очекува во текот на денот СВР да излезе со повеќе информации.
http://ohrid1.com/7925/mladi-povredeni-vo-krvava-presmetka-vo-centarot-na-ohrid
Посигурно е да летуваш во Украина од колку во Охрид
 
Кафе еспресо во кафич НОА одма до аквариус на езеро, 40 денари, скУпо а?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom