Gaga Style in Macedonia - За или против

  • Креатор на темата Креатор на темата The countess
  • Време на започнување Време на започнување
Не не незначи тоа дека ја сакам,одвртна ми е Гага дури ама девојката има храброст да се појави со нешто многу поразлично и тоа и јас го сакам.Деталите и се неизменични,ама некогаш навистина знае како плашило да се облече.Лично тие промени ги сакам поради тоа што и девојка ми знае да се облекува доста ексцентрично и карактеристично а мене тоа ми се допаѓа :D
Немаш храброст кај нејзе и не ексцентрична и карактеристична, туку имаш машинерија што и кажува што како да облече што да пее и 1000 други луѓе што тоа го промовираат дека е хит и шик,
ексцентрично и карактеристично ти се Sex Pistols или Саливор Дали, ама Гага ти е напумпана машинерија, што впрочем е тоа и денес музиката, за тоа е најлошата што некогаш постоела.
Кај Гага се разликува музиката и песната, тука е проблемот она пее за љубов, а се облекува како да пее лирика на Sex Pistols, башка многу повеќе се коментира за тоа што носи отколку за тоа што пее, што е смешно бидејќи она треба да биде музичарка а не модна креаторка или маникенка.
 
Пошо темава е за стилови на Гага, ќе речам преку таквото од нејзино вметнување на уникатност и експерименталност. Гага е сиромашна копија на она што Мадона како стил на живеење го практикуваше во почетоците, која не се сомневам го превзела од сосема трето место. Уникатност? Мало морген. Кај хипстерите има повеќе уникатност.

Од друга страна сум голем поборник за испробување на нешто ново. Преку глав ми е понекогаш коа ќе отидам низ грд и глеам цури у стреч минич, 5 сантима штикла и паштета на сурат - ова го зборам дека ваквиов стил преовладува најчесто во денешниов млад женски поредок. И мило ќе ми биде реимо да видам некоја цура во панталона. Тоа поише би го сметал за уникатност.
А гага??? типичен синдром на attention whore како и можност овај де пари за да си го дига егото и да промовира нешто „уникатно“ ... Ништо ново
 
Почетниве слики од темава не ме потсетуваат воопшто на Гага. Туку на некои кловнови, све ми боје лепо стоје. Јас сум единствено против бугарски стил, од такво нешто ме болат очиве.
 
А бе ајде, све ми боје лепо стоје. Вакви шаренила нема ни во "Алиса во земјата на чудата".
 
Неколку лекции за "Лејди" Гага,

gwen_stefani_ny_fashion_week_s.jpg
gwen-stefani3.jpg


GWEN2_1.jpg
gwen-stefani-jco-2-18-11-e1298063246722.jpg

gwen_stefani_729-420x0.jpg
Gwen-Stefani-LAMB-NYFW-180211.jpg
Gwen_Stefani_MBFW_Spring_16Sep2010.JPG
 
japonska-ulichna-moda_67013.jpg


japonska-ulichna-moda_67010.jpg


Дали имате храбррост вака да се облечете за прошетки низ Македонијава
Што би помислиле на прв поглед за личност вака облечена :)
Кој што сака, тоа нека носи. Јас сакам да гледам луѓе кои што сепак имаат некаков стил на облекување, а не како повеќето кај нас, што ќе најдат тоа ќе облечат. Искрено, не ми се допаѓа овај стил.. и не се облекува Лејди Гага вака. Ама, немам ништо против овај "Gaga Style". :)
 
Немаш храброст кај нејзе и не ексцентрична и карактеристична, туку имаш машинерија што и кажува што како да облече што да пее и 1000 други луѓе што тоа го промовираат дека е хит и шик,

Зад секоја светски позната пеачка стои "машинерија" па така и зад Лејди Гага. Топ си е девојката, според мене и според милиони милиони други нејзини фанови.
 
Кога го прочитав насловот на темата во рангот нови теми си помислив дека нешо било гага во Македонијава :pos:
 
лејди гага и нејзината уметност никако да влезат во секојдневието на мојот живот........дали нешто не е во ред со мене ?!
 
пази ова...одиш в чаршија...гледаш вака облечени и си викаш.....Види *баму цецето.....Мацко (Марјан Ристески) секој ден ни го напрај Прочка...карневал
 
Сеедно ми е, како сака нека се облечат.
Али знам дека кога со друштво ќе видиме некоја ваква типка, има да падне сеир.:icon_lol:
 
Кај нас нормално облечен те ѕверат луѓе по улици,зошто сме таков забеган народ што не си ја гледа работата и патот пред себе,па уште во ваков стил ти фали да излезеш.

Твоите дома со поп ќе те пречекаат.
 
аааа мајка ми нема да ме пушти да искачам вака од дома,ќе ме заклучи во соба додека да ми дојде памет:P
Всушност повеќе сакам едноставни работи и најчесто комбинирам максимум 3 бои.
 
аааа мајка ми нема да ме пушти да искачам вака од дома,ќе ме заклучи во соба додека да ми дојде памет:P
Всушност повеќе сакам едноставни работи и најчесто комбинирам максимум 3 бои.

хаха опасна е мајка ти (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom