Пропаѓаат половина милијарда евра од ИПА фондовите

  • Креатор на темата Креатор на темата fmi
  • Време на започнување Време на започнување

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Половина милијарда евра од ИПА фондовите на Европската унија ќе пропаднат затоа што Секретаријатот за европски прашања е партизиран наместо стручен, администрацијата не е едуцирана за да подготвува апликации, а граѓаните се неинформирани затоа што Владата не сака да помогне парите од ИПА да завршат во Македонија. Вакви заклучоци презентираше Центарот за европско образование во новиот извештај за ИПА програмата од 2007-та до 2010-та.

Поединечно сите пет компононети кои имаат можност да се финансираат од ИПА фондовите бележат поразителни резултати. За градење институции се искористиле 68 милиони од предвидените 243. За прекугранична соработка каде спаѓаат проектите од образование и здравство се искористиле 2 од предвидените 32 милиона евра. За регионалниот развој Македонија испушта над 180 милиони евра, за развој на чоевечките ресурси 40 милиони, а за земјоделството нема да се искористат повеќе од 80 милиони евра.

Во Европската унија во тек е подготовка на ИПА програма за 2014-та до 2020-та, но Македонија е поразена од програмата за изминатите пет години. Затоа експертите предлагаат национален план за наредните осум години, да се исполнат условите за добивање акредитација за децентрализирано управување, да се зајакнат капацитетите на земјоделците, синдикатите и училиштата, а Владата да започне да ги информира граѓаните.
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&egId=7&eventId=50608

Парите чекат некоj да аплицира за нив, заделени специално за РМ, а никоj не го интересират. Зашто?
Во време на криза, кога фалат на сите инвестиции, никоj не гледа можност тези пари да влезат во икономиката? Тоа са неповратни пари, а не пари со камати.
 
Има некој линк за сајт кај што може да се информираме повеќе за овие фондовиве и за што ги даваат?
 
Парите чекат некоj да аплицира за нив, заделени специално за РМ, а никоj не го интересират. Зашто?
Затоа што никого не го интересираат тие пари, никој не би сакал да се гњави со огромната папирологија за да стигне до тие пари, а и неофицијална државна политика е да не се троши непотребно време и сретства за обуки кои само ќе не направат позависни од евробирократите и нивните одлуки. Им благодариме за несебичната помош, ама и да ги укинат програмите нема да фалат никому.
 
Богами,каква папирологија и бирократија е тоа со ИПА,глава да изгубиш додека добиеш некое евро..и не се исплати здравје и нерви да трошиш,макар и за пари се работело.
 
Затоа што никого не го интересираат тие пари, никој не би сакал да се гњави со огромната папирологија за да стигне до тие пари, а и неофицијална државна политика е да не се троши непотребно време и сретства за обуки кои само ќе не направат позависни од евробирократите и нивните одлуки. Им благодариме за несебичната помош, ама и да ги укинат програмите нема да фалат никому.
Тоа е многу смешен довод. Ти сакаш да ме убедиш,дека лугето са готови да земат кредит со 7-10% камата и да вратат и заема+каматата наместо да аплицират и да земат неповратни пари за развоj.:icon_lol:
А е можно и заштото едните пари се доста постриктно контролирани, а другите не подлежат на контрола?!
 
Тоа е многу смешен довод. Ти сакаш да ме убедиш,дека лугето са готови да земат кредит со 7-10% камата и да вратат и заема+каматата наместо да аплицират и да земат неповратни пари за развоj.:icon_lol:
Очигледно дека се. Никој не ги запира да аплицираат, ама ете за чудо не аплицираат. :icon_lol:
 
А коj знае за ваквата можност ?;)
Спотче, нешто во вестник...?
Ништо од тоа. Ако се сетат во Брисел, нека направат нешто, па валда ќе станат попопуларни во Македонија. Колку што знам ниедна телевизија не им одбила реклама.
 
А коj знае за ваквата можност ?;)
Спотче, нешто во вестник...?
Јок, спотче и рекламиче се користат само за перење на мозок.
 
А кај има да се аплицира за ова уствари:)?ја прв пут слушам..
 
Мислам дека се ова фондови за институции а не за граѓани.

Се работи за тоа што треба да се исполнат многу услови за да може да аплицираат, од кои нели децентрализација е еден. Кај може локална институција да поднесе апликација без да има поддршка од централната власт? Многу од нив и така немаат стручен капацитет за да изработат проекти. Луѓето вработени таму се скоро неписмени.

Централната власт пак не сака да си ги става рацете во потенцијални катастрофи врз кои имаат малку контрола. Исто така не секаат граѓаните да видат фајде од некој друг освен нив.

Исто така се сомневам дека парите се даваат со обврска за правење отчет. Затоа е полесно кредит со 6 до 7% камата него гратис пари ама со обврска за чесност.
 
Имаш и ИПА фондови во земјоделството што по упатени луге ги користат не е само за институција туку и за фирми !!
 
C¡Tro е баниран од темата поради континуиран оф-топик. Продолжете со дискусијата која се однесува на зададената тема.
 
За ИПА фондовите најбитно е да се има добар проект, пожелно и некој политичар да е заинтересиран да избутка со апликациите и многу воља и нерви зашто процедурата на аплицирање е таква што има мал милион документи за пополнување. А и самата процедура не е од денес за утре туку си бара бајаги планирање. И екипа треба да имаш зашто нема проект што е за само еден човек туку бара координација често од повеќе институции нешто што кај нас сеуште потешко функционира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom