Толко ли е тежко да се разбере дека потеклото на нито един народ појавил се пред хилјади години или повеке не е КАТЕГОРИЧНО установена.Тоа не е като при вас све ви е известно све знаете
А ти цитирах англијското уики кое под точки 4,5,6,7,8 и 9 се подовова на 6 б'лгарски и странски антрополози
А да, ги прифатив твоите извори, кои под заеднички именител можат да се сведат на бугарска државна историографија чии истражувања се одредени со однапред одредена и зацртана политичка цел и порачка на било кој начин да се најде некаква поврзаност на денешните Бугари со оноа целосно непознато и тешко за идентификација древно бугарско племе. Сите тие наводи се чисти претпоставки и шпекулација.
Поимот “категорично“ во контекст во кој ти го применуваш исто така се сведува на логични шпекулации. Има повеќе веројатни и помалку веројатни категоричности.
Но ајде хипотетички да ги земеме за валидни твоите наводи. Според ова што го презентираше, дали ти тврдиш дека денешниов бугарскиот идентитет кој вие го промовирате е втемелен на националната посебност и култура на ова исчезнато бугарско племе ?
(Не може да се одмине фактот дека промовирате национален идентитет со предзнакот “бугарски“, име кое произлегува од називот на тоа бугарско племе дојдено некаде од азиските степи).
Значи прашањето е едноставно: Врз кои видливи национални особености (јазик, културно наследство, народни сеќавања и преданија, фолклор, етнос, и тн) вие го темелите вашиот бугарски идентитет и имате амбиции да го наметнете врз поголем дел на територијата на Балканот одошто во сегашните граници на бугарската држава???
Бидејќи самиот се повикуваш на поимот “категорично“ во два последователни одговора, кажи зошто ти “категорично“ сметаш дека културното наследство на пра-бугарите (кое за народот /но и за пошироката научна јавност/ било целосно непознато пред државните бугарски историчари и нивните странски платеници да “му го објаснат“ на народот во Бугарија) е токму тоа што на овие балкански простори треба да го одреди националниот идентитет на луѓето, ако веќе самиот кажуваш дека не може ништо да се тврди категорично исто онака за древните Македонци како и за ова исчезнато старо бугарско племе.