Цар Самоил е син на Брсјачкиот кнез Никола, кој ја владеел Брсјачката Склавинија во средината на 9 век. Грците (Византијците), словенската титула кнез, ја преведуваат како комитопул. Затоа, не само таткото Никола, туку и неговите синови Давид, Мојсеј, Самоил и Арон во грчките извори се споменуваат како комотопули-kнезови (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 347).
Кнезови (грч. комитопули) се владетели на македонските средновековни кнежевства тнр. склавинии. Македонските склавинии ги основале македонските словени (склавени), во која биле инкорпорирано и староседелското македонско население. Така и настанала симбиоза меѓу староседелците и новодојдените словени од западната група; словените ја примиле византијската култура, додека староседелците словенскиот јазик, поради целосното словенско опкружување не само во цела Македонија, туку и во Тракија, Тесалија, Елада, Мизија. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти.
Првата македонска држава и македонските кнежевства- склавиниите
Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "Историја на П'рвото б'лгарско Царство, I, Епоха на хуно-б'лгарското надмоштие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славјанами, Сочиненија, т. I, Софија, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древнеј истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славјанских передвижениј, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБштОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, Софија, 1989).
Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "Историја на б'лгарската д'ржава през средните векове", том I, Софија, 1970 г. стр. 41).
Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176).
Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија.
Брсјаците/Берзитите и државата Берзитија
Како што спомнав, кнез на Берзитската Склавинија, една од најголемите, бил таткото на Самоил. Потеклото на Берзитите/Брсјаците е од долината на реката Елба, во денешната германска република Брандербург, во северозападната област Пригниц (Prignitz). Се спомнуваат во средниот век како Бризанер (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. v. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Нивни најблиски комшии во старата татковина, сегашна Германија биле Моравците, Смолјаните (Smeligden), итн. Брсјаците во Германија за време на доцниот среден век се целосно германизирани, а источните Германски Републики Брандербург и Саксонија се претежно составени од германизирани словени.
Како една од најголемите склавинии прераснала и во средновековна македонска држава Берзитија (L. Niederle, Slovan. starozhit., Dil. II, str. 428—29.), која ја спомнува и познатиот хроничар Теофан Конфесор (Theophanes, ibid., p, 447,10–13 ). Берзитија плаќала данок прво на Византија, за да од 9 век ја покори Бугарија и вазалски од тогаш данокот го плаќала на Бугарија. Од бугарските историчари ќе слушнете кретенски контрадикторности и во еден пасус напишани од нив, дури и од познатиот Златарски кој во една реченица тврди дека Берзитите сакале да влезат во бугарскиот сојуз и да докаже дека така станале Бугари, бидејки не може никако бугарската историографија логично да објасни како Македонците, со свои кнежевства, држави кои се бореле против бугарите (прабугарите) и бугарските словени и биле непријатели, станале бугари како нив; во следната реченица пак самиот се негира и вели дека бугарскиот хан Телериг во 773 г. испраќа 12000 војска против Берзитија, за да ја опљачкаат, а населението како робови да го пренесат во Бугарија, но Византија ја спасува Берзитија со 80.000 војска (Васил Н. Златарски "Историја на П'рвото б'лгарско Царство. I. Епоха на хуно-б'лгарското надмоштие (679—852)" I изд. Софија 1918, стр. 303, 302).
Македонија под Бугарија и автономијата на македонските етнички територии
Автономијата на македонските склавинии, како политичка, така и религиска ја потпомогнал папата во 866 г. кога наредил на бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил секој народ во Бугарија да има посебна црква со свој епископ, а сите епископи да избираат заеднички Архиепископ н а Бугарија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)
Тогаш, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и создава автономна македонска област (Периодическо списание, 1898 год., кн. 55-56, стр. 85.); за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент, кој воедно ја вршел и задачата на епископ на словенски јазик , каде јазик во средниот век означувал народ.
Македонија станала третиот дел од бугарското царство со своја управа. Според , Св. Климент станал автономен управител на целата територија на Македонија, на југ се до Халкидик и Јанина (Ibid. pp. 157 et seq.). Но, забележни се пред Св. Климентовото време и два кмета од Македонија Тамериан и Дристар (Житието на Тивериуполските маченици кај Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии во склоп на Бугарија со свои војски и свои крепости (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).
Таков кмет (комитопул) бил и Никола, таткото на Самоил и со таква титула е забележан во византиската историографија (Zonaras, ibid., IV, p. 75).
Обновата на Македонска Склавинија
Борбите со Бугарија
Во 968 г. права Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина) е нападната е нападната од Русија и Русите поминувајки ја слабата Бугарија напредуваат кон Византија. Во 969 г. користејки ја зафатеноста на Бугарија со руските напади, четирите брсјачки кнезови (комитопули) кренале бунт против Бугарија и ја отцепиле Берзитија, а кон нив почнале да се приклучуваат и другите делови на етничка Македонија (Васил Н. Златарски, Историја на П'рвото б'лгарско Царство. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018), страна 609) . Се формирала нова македонска држава, се отцепиле македонските етнички територии од зависноста кон Бугарија.
Бугарија не можела ова да прифати формирање нова држава на своја територија. Во 970 г., бугарските цареви Роман и Борис II ја напаѓаат државата на четворицата брсјачки кнезови, со цел да ја уништат и да го задушат востанието на средновековните Македонци (Skyl.255.73-80). Но, Бугарија ослабена од руските напади и од борбите со Византија не успеала да го задуши бунтот во Македонија против нивната власт.
Борбите со Византија
Во 971 г. Византија ја покорува Бугарија, а во 973 г. и новосоздасдената, непризната држава на Самоил, освен Берзитија, за која се смета дека останала непокорена. По смртта на Византискиот Император Јован Цимискиј, во 976 г. комитопулите креваат ново востание, сега против Bизантија (Skyl.328f).
Бугарскиот развластен Цар Роман како сојузник на Византија против Самоил
Во 977 г. бугарските соцареви Борис и Роман се ослободени од Византија и пратени во Бугарија за да се борат против комитопулите. Борис II бил убиен од "бугарски" граничар, а Роман заминал во Видин (Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4357–13 ). Роман заедно со вистинските бугари се борел во корист на Византијците против Самоил и стигнал се до Скопје. Откако го освоил Скопје, бугаринот Роман го предал градот на византискиот цар Василиј II и за тоа големо дело Роман бил назначен за стратег на Абидос, а ја добил и ромејската почест сан патрициј и препозит (Skul—Cedr., ibid., II, p. 45513–18 ) .
Македонска Склавинија
Името на Самоиловата држава се нарекува Славинија. Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348).