Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Богами ова е за во економија и бизнис. Некои од најголемите ѕвезди во фудбалот имаат повредни договори отколку некои од светските топ менаџери. Прочитајте.
Десетте најдобро платени фудбалери во светот со своите годишни приходи опасно се приближија или дури претекнаа некои од најпознатите светски менаџери како Руперт Мардок, Ралф Лорен или Ед Зандер.
Најдобриот светски фудбалер Роналдињо годишно заработува 29,2 милиони долари (вредноста на неговиот годишен договор изнесува 11,4 милион долари), односно повеќе од Џон Мек, претседателот на инвестициската банка “Morgan Stanley”, чија годишна плата изнесува 27 милиони долари.
Дејвид Бекам, покрај годишниот договор од 8,1 милион долари, дополнително ја полни својата каса со 14,8 милиони долари, со што е блиску до медиумскиот магнат и сопственик на “News Corp.”, Руперт Мардок, кој лани заработил 23,6 милиони долари.
Речиси еднакви годишни приходи остваруваат Роналдо и Лесли Мунвес, претседателот на управата на телевизиската групација “CBS” – Роналдо 22,1 милион, а Мунвес 22 милиони долари. Една од најголемите британски издавачки куќи потпиша договор од 9,4 милиони долари за издавање на биографијата на младиот англиски фудбалер Вејн Руни кој годишно заработува 20,4 милиони долари. Во тој поглед, Руни може да се споредува со претседателот на управата на “Citigroup”, кој лани заработил вкупно 20 милиони долари, во што е вклучена и вредноста на акциите што ги поседува.
На списокот на 10 најплатени фудбалери потоа следуваат Зинедин Зидан (19,1 милион долари годишно), Алесандро дел Пјеро (14,6 милиони), Френк Лампард (12,4 милиони), Тиери Анри (12,4 милиони), Џон Тери (12,3 милиони) и Стивен Џерар (11,7 милиони долари).
Колку за споредба, Лари Елисон, основачот и извршен директор на еден од најголемите производители на деловен софтвер “Oracle”, годишно заработува “само” 8,4 милиони долари. Ланската годишна заработувачка на светската модна икона Ралф Лорен изнесува 14,3 милиони долари, а Ед Зандер, претседателот на управата на “Motorola”, лани го подобрил своето конто за 12,4 милиони долари.