Е оваа не е само кај ромите. Не ги врегај. И кај Македонците има исти ситуации. Им казал некој што е контрацепција или како да се заштитат? И не се сите роми исти. Имам другар ром кој може професор да ти биде. Оваа е иституционален глобален проблем.
Иако не си ме цитирал мене, сепак нешто да додадам !
Значи да, точно, има такви случаи во сите нации, не само кај Ромската популација, има и кај Македонците, Албанците, Србите и.т.н. но кај Ромската популација е најизразена оваа појава !
Основниот проблем(зборам за сите вакви случаи, општо за оваа појава, без разлика на нацијата) е тоа што овие родители немаат ниту најосновен степен на едукација и еманципација ........ за контрацепција немаат ни чуено, немаат појма што значи тоа планирање на семејство, голем дел од нив не се ни евидентирани дека постојат во државава, прават деца уште на 15/16 год. и тоа секоја година ново дете... мислам стварно се нон-сенс, а немаат никакви услови за живот, немаат дури ни цврст кров над главата, а за финансии ич да не правиме муабет, немаат никакво образование, а чим немаш никакво образование каде ќе те земат на работа ...... можат да извадат леб само со питање, собирање на старо железо, пластични шишиња, амалство и.т.н. значи неможат да се бават со нормална работа со никакво образование, образовниот процес, едукацијата, еманципацијата ите-како може да им помогне на овие луѓе и во иднина нивните деца да не ги прават истите грешки како нивните родители !