Каде отидоа пријателите на Македонија?

-Каде отидоа пријателите на Македонија?

акедонската влада, и медиуми ги избркаа !

Како што рече еден форумџија: треба да се смени менталитетот. Ние имаме менталитет на робови и слуги, и сме сервилни до крај на секој што ќе ни фрли коска.
Се кодошиме за да не викнат на прием, а таму ќе стоиме пред вратата.
Немаме ставови за ништо, само анпамет научени фрази. Ама за бош муабеш правење - тоа можеме до 101 и назад. Уште чекаме друг да ни каже што да кажеме и да направиме, неартикулирани сме, па друг зборува во наше име.

Кога НАТО ја бомбардише Србија, Бугарија не беше ни во ЕУ ни во НАТО, пане го отстапи воздушниот простор за авионите на Алијансата. А кај анс дури ми е срам да се сетам кога сега покојниот Никола КЉусев рече дека „ нешто лета на нашето небо, ама ние немаме толку софистицирани уреди за да знаеме што се случува“. !! Срамота!

Да не должам: како што рече некој пред мене- во политиката има само интереси. А ние не знаеме кој е нашиот интерес, па сме како гуски во магла.
За воздушниот коридор е точно, но заборави да споменеш дека Бугарија е таа која предупреди Србија со точен ден и час кога ќе бидат бомбандирани. Исто така пропушти дека Бугарија ризикува кога наруши ембаргото и им даваше гориво!
 
Тука нема пријатели, тука има само интереси!
Да,кратко,јасно и точно!
Само да надополнам за погоре спомнатата Бугарија,според некоја моја анализа,во животот добиваат оние кои се храбри и имаат свое ЈАС,оние кои се полтрони,дудлачи и гмизавци добиваат само кратка моментална слава,но на крајот секако се поразени,така и со Бугарија.Меѓутоа,тука и еден дополнителен фактор-сферите на интерес,имено и бугарите и романците имаат излез кон исток преку море и се своевидна порта која ги дели истокот и западот,вклучувајќи ја тука иа Русија како иден главен непријател на светската масонерија и Новиот светски поредок!
 
Да,кратко,јасно и точно!
Само да надополнам за погоре спомнатата Бугарија,според некоја моја анализа,во животот добиваат оние кои се храбри и имаат свое ЈАС,оние кои се полтрони,дудлачи и гмизавци добиваат само кратка моментална слава,но на крајот секако се поразени,така и со Бугарија.Меѓутоа,тука и еден дополнителен фактор-сферите на интерес,имено и бугарите и романците имаат излез кон исток преку море и се своевидна порта која ги дели истокот и западот,вклучувајќи ја тука иа Русија како иден главен непријател на светската масонерија и Новиот светски поредок!

Бугарија во Нато и ЕУ влезе чисто од стратешки интереси на овие заедници, во никој случај од исполнување на услови или покажување став и храброст.
Ние имаме големи грешки иако сме 20тина години независни. Сакајќи да бидеме пријатели, носејќи се од помислата дека ќе не примат во овие организации увезовме непријатели (бегалци) и го отворивме и воздушниот простор и нашите патишта за бомбардирање на сосед со кој имаме исти проблеми во денешницава. Што добивме од таа голема великодушност кон НАТО? Од трите подолгото. Ние сме мала држава, неорганизирана и многу сиромашна. Нас никој не не гледа за партнер, освен за интерес дали територијален (соседи) или придонес со луѓе (ирак, авганистан,итн). Да бевме економски силна држава, верувам друг ќе беше погледот кон нас, бидејќи ќе можевме и сами да опстојуваме. Ние можевме да бидеме Монте Карло на Балканот, ние сме 2 милиона народ, на 50см земја. Само немаме луѓе да не водат, сите си гледаат само за свој гз, а никој за интересот на народот.
Заврши самитот не не примија, сега почнува новиот филм кој гласи: На следниот ќе не примат. Не си правете бајрам на паметот, Грција секогаш е три чекори понапред од нас, а од нас немаат никаков интерес. Само филм врз филм.
 
Не знам зошто воопшто преговарате, кога се е решено!
,,Грција нема да дозволи, согласно своите геополитички интереси вото регионот, Република Македонија да стане членка на Европската Унија пред тоа да станеСрбија'' - Дора Бакоjaни.
 
Во меѓународнат политика никогаш немало, нема и нема ни да има пријателства, постојат само ’’пријателства од интерес‘‘ !
Како викаат Американците, нема вечни пријатели, нема ни вечни непријатели, има само вечни интереси ........ и навистина е така !
Слично како и кај меѓусебната интеракција помеѓу луѓето, постојат ’’пријателства‘‘ од интерес ............. така е и во меѓународните односи ............ од Грција имаат поголеми интереси западните(НАТО & ЕУ)земји и затоа секогаш се ставале и се ставаат на нејзина страна, а тие интереси се повеќе-вековни .......... како прво Грција има далеку подобра гео-стратешка позиција од нас, тоа е факт, го држи источниот медитеран, излегува на неколку мориња, има преку 6 илјади острови, има поголема површина и повеќе народ, а плус и им прави на западњаците промет со тоа што им купува оружје(авиони, хеликоптери и тенкови) !
Да не заборавиме и дека повеќето острови во Егејското, како и во Јонското море до пред еден век ги држеа Британците, Французите и Италијанците, потоа едноставно и ги подарија/отстапија на Грција ......... островот Кипар исто така беше бивша Британска колонија, но потоа Британците им го подарија/отстапија во владение на Кипарските Грци(кои се мнозинство таму), но Кипарските Турци(малцинство)кои живеат во северниот дел од Кипар си направија (де факто) своја држава, секако потпомогнати од Турција !
Исто така за време на Грчката граѓанска војна овие западни земји(Британија, Франција, Италија...) беа против ДАГ(Демократска Армија на Грција) во која имаше и неколку десетици илјади Македонци од Егејскиот дел, сигурно сте чуле за битките на Вичо и Грамос, дури има и репортажи на ТВ, каде што Британски авиони ги бомбардираат позициите на ДАГ во Сев.Грција/Егејска Македонија !
Интереси, интереси и интереси, само тоа го има во меѓународната политика/меѓународните односи !
 
Да,кратко,јасно и точно!
Само да надополнам за погоре спомнатата Бугарија,според некоја моја анализа,во животот добиваат оние кои се храбри и имаат свое ЈАС,

не туку оние кои добро ќе се испотат за своите интереси
367A663737AF7D418D3256404807AF43.jpg
и добро ќе се испазарат према интересите за стратешко сојужништво.
Бугарија и Романија имаат стратешко значење од нивни територии може да се напаѓа блиски исток и кавказ 2 значајни места за американците.
 
Ако подобро го прочита мојот пост,ќе забележеше дека истото го напишав и јас!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom