Народни Херои од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
постоењето на АВНОЈ сега треба да го сфатиме како 0-та година , демек без АВНОЈ нас немаше кој да ни ги отвори очите, слепи се раѓаме, поинаку сакаме родна земја, поинаку жалиме за родољубите а???
Ако не беше АВНОЈ немаше да биде АСНОМ и сегашната Македонија во која се правиш силен и голем патриот на тастатурата.
него зошто бе немаше претставници од Македонија во Авној?( или тоа снегот бешеееее), зошто рацин гине сомнително, венко го депортираат , ченто апсана,шатев скапува по сокаци битола, брашнаров гробот не му се знае?
На АВНОЈ беше најавен АСНОМ
На овој ден пред 69 години, во штотуку ослободениот град Јајце, се одржа Второто заседание на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија - АВНОЈ. На оваа собрание народот на Македонија доби највисоки признанија, Македонците беа признаени како нација, македонскиот јазик како рамноправен со другите и еден од службените јазици во идната заедничка држава. На македонскиот народ му беше признаена борбата за национална слобода и за сопствена држава, што значи не само на борбата од 1941 година, туку и вековната континуирана борба за национална слобода, а со тоа и правото да создаде сопствена држава со фактот дека на овој ден беше најавено и Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија - АСНОМ, кога ќе биде промовирана македонската држава во екот на војната од претставниците на народот.

зошто на АСНОМ химна која се свири е ``Зора на слободата``?
Има две такви, ако оваа химна ти лежи на душа? продолжи да ја помтиш:
Зора на слободатa

"Марш на македонските револуционери" попознат како "Изгреј зора на слободата" е химна на АСНОМ-ска Македонија изведена на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1945. Набргу после тоа е забранета под изговор дека е пробугарска Македонија.

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И т'ј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!

Тирани, чудо ште направим..


Јас ќе ја помтам оваа:
Денес над Македонија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански

Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее! (слободна живее!)
Македонија слободна,
слободна ќе живее! (слободна живее!)


Актуелна Химна на Република Македонија

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Горите македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободно живее!
Македонија слободна,
слободно живее!
зошто од 1 до 2 заседание( преврат на црвените кмери) на АСНОМ пола од раководството исчезнува?
А каде се 1.700,000 црвени кмери во кои спаѓаат и 7.200 црвени кмери евреи и 20 и повеќе илјади македонски црвени кмери кои допринесоа да се случи АСНОМ според кој е денешната Македонија во која се маваш како бесен по градите со патриотската тастатура.
зошто борбата на македонскиот народ во 2 св.војна ја ставаш како идеолошка кога таа е пред се национална ( има една партизанска песна ...и ние сме храбри партизани над нас на ГОЦЕ знамето се вее)
А каде прочита дека ја ставам како идеолошка, на крај на краевите и е идеолошка оти идеологијата ја поттикнува борбата за слобода како што беше борбата против фашистичкиот окупатор и идеологијата ги даде прогласените наведени на почетокот на темата народни херои, само не видиш дека ти си идеолошки офарбан.
не е жално да не знаеш,жално е да не сакаш да научиш!
Ќе научиш, има време млад си, на младите светот останува но не да се движат по кривиот пат.

СТЕФАН (СТИВ) НАУМОВ

41579_120034874696694_8578_n.jpg


Стефан (Стив) Наумов (Битола, 27 октомври 1920 - 12 септември 1942) е македонски комунист, учесник во НОБ, народен херој на Македонија.

Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишува на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше затворан. Во 1939 година станува член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година учествува во формирањето на Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Во јуни 1942 г. станува член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија. Есента истата година заминува на партиска задача во Преспа каде загинува (се самоуби) во борбата против бугарската војска и полиција кај селото Болно, ресенско, на 12 септември 1942 година, заедно со Мите Богоевски.

Жално е што го игнорираш ова, жално е за оние кои го дадоа животот во борбата против окупаторот за сегашноста за да квази патриотите се прават силни и големи мислители за Македонија.
 
И сега ќе му ја одземат улицата на Стеван Наумов а улица ќе добие Тодор Александров. За жал..
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 20:35 ---
Масакрот кај Дабница
Сведоштвото на Петко Велкоски, роден во 1914 година во село Прилепец, кој заедно со Коле Тошоски од село Дабница се единствените преживеани во колежот кај Дабница, ноќта на 21 септември 1942 година:
Во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Куцаров (Иван Драганов Куцаров, шеф на Разузнавателнотоодделение на 13-от артилериски полк во Прилеп) и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки и ни ги покрија главите со шинели.
Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Бешироски од Дабница. На носила го изнесуваа неговото тело. По некое време пак ни рекоа да легнеме и пак ни ги покрија главите со шинели. Го изнесуваа Рампо Левката – беше пред умирање. Го однесоа некаде во касарната. Таму и го убиле – и ден-денес не се знае каде е закопан.
Во саботата претпладнето одделија една група од 13 дабничани и 7 прилепчани, и не пренесоа во затворот а сите што беа во затворот пред тоа ги однесоа во стражарницата и коњушарницата. На сите ни беше јасно дека ќе бидеме ликвидирани.
Веќе се беше стемнило кога не изведоа низ една мала врата на касарната. Ноќта беше топла и блага, ама без месечина, речиси, темна. Ја поминавме Дабничката Река, во чие корито во тоа време од годината никогаш немаше вода, и излеговме на патот од Прилеп за Дабница. Одевме бавно, зашто ги придружувавме претепаните другари – тие одвај можеа да одат. Се влечкаа потпрени на нас. Не придружуваа триесет војници: пет напред, пет назад и по десет од нашата лева и десна страна. Ги водеше, се знае – Куцаров. Кога излеговме на патот, овој крвник ни рече:
- Знаеме дека има шумкари. Ако не нападнат, сите ќе ја слушате мојата команда!
Тргнавме по патот. Кога изминавме околу два километра од касарната, кај местото Завој, пукна една, па уште една, па уште една пушка. Куцаров нареди да легнеме. Првин легнаа, речиси паднаа, другарите што беа претепани кои не повлекоа и нас.
Лежевме на сред пат. Куцаров издаде наредба до обезбедувањето да не остават и да тргнат неколку чекори напред. Сите тргнаа и не оставија сами и легнати по што издаде нова наредба:
- Нишани!
Па веднаш потоа:
- Пукај!
Беа триесет души и секој имаше пушка. Во текот на една или две минути на нас беа испукани сто и педесет куршуми. Грмеше наоколу како да се отвори небото. Некои другари беа смртно погодени и веднаш умреа. Некои беа полесно и потешко повредени. Јас бев сосема лесно ранет: само еден куршум ми ја издраска кожата на вратот.
Јас, лесно ранет, при полна свест, слушав се што можеше да се чуе, гледав се што можеше да се види во темнината. Двајцата другари врзани пред мене беа тешко ранети. Орде Кабацо, со кого бевме врзани за рацете, умираше веднаш до мене, тешко дишејќи и испуштајќи некој пискав глас. Крвта што околу мене клокотеше како мало поточе, беше негова крв.
Слушнав дека некој од оние што пукаа падна во несвест. Го фати крвта, како што велат старите. Тресна на земјата како вреќа. Куцаров побара вода од војниците. Побара матарка. Му одговорија дека никој нема. Поручникот почна да ги пцуе:
- Какви мажи сте кога не можете да издржите ликвидирање на бандити, кои работат против бугарското царство и против царот!
Реков веќе дека имаше другари што даваа знаци на живот. Коцаров оддели една тројка, им нареди да ги стават бајонетите на пушките и да ги доубијат преживеаните.
Почна бодењето…
Првин го избодеа Добрета Јовановски, кој беше пред мене. Додека го бодеа, преку неговото тело, во вратот ме закачи еден удар на бајонет. Ножот ми влезе можеби и цел сантиметар во вратните мускули. Се згрчив и молчев. Знаев: не смеам да давам знак на живот. Почувствував крв. До Добре беше врзан Сотир Џигиџик. Почнаа и него да го бодат. И пак се случи истото: го бодеа, пак преку неговото тело, и пак во вратот, ме закачи еден бајонет. Ми влезе длабоко во вратот. Почувствував како крвта наеднаш плисна и како почна да ми слегува по телото, да ме влажи со својата леплива топлина.
Го избодеа и Сотир. Ја пресекоа ортомата меѓу нив двајца и ги повлекоа неколку метри напред, влечејќи ги за рацете и за нозете.
Се вратија назад. Сега јас бев на ред. Кабацо во меѓувреме умре. Кога дојдоа до мене престанав да дишам. Претпоставувам дека ја видоа крвта што ми течеше од вратот и секако помислија: Готов е! Ја пресекоа ортомата меѓу мене и Кабацо, двајца ме фатија за рацете и почнаа да ме влечат. Главата ми удираше во тврдата правлива земја на патот, но молчев. Ме фрлија над Добре и Џигиџик. Бодењето продолжуваше. Одвреме-навреме ќе довлечкаа нечие мртво тело и ќе го фрлеа на купот, што се повеќе растеше. Тоа значи ќе го фрлеа преку мене. Така сите осумнаесет души. Крв течеше од мене, ама и од раните на телата на моите другари. Почна да ме притиска тежината на мртвите тела што почнаа да студенеат веќе, немав воздух, почнав и здивот да го губам. Толку бев натопен со крв што ми се стори како да сум во казан со врела вода. Тогаш запамтив засекогаш: крвта никако не мириса. Леплива е и тешка, но не мириса.
Кога бодењето заврши, еден од војниците му рапортира на џелатот Куцаров дека ликвидирањето е готово.
Јас не гледав ништо, ама сеслушав. А и како не ќе слушам кога сето тоа се случуваше на неколку чекори од мене. Свеста ми беше чиста како солза. Куцаров на петмина војници им нареди да останат на стража, крај купот од дваесетина човечки тела, а тој со другите војници тргна назад во касарната – да донесе нова група за стрелање.
Знаев дека не смеам да останам вака: можеби ќе дојдат и ќе ме закопаат жив! Почнав да правам план за бегство. Онаа притаена далечна надеж дека ќе се спасам почна се повеќе да се разгорува во мене. Користејќи ја темнината, со движење на телото, рацете и нозете, почнав да се измолкнувам од купот. Внимателно се ослободив од телата на другарите. Се ослободив – можев да ја кренам главата! Пред мене беа војниците, зад мене касарната, лево од мене ридот, а десно сувото корито на Дабничка Река. Почнав да се влечам кон коритото. Знаев дека не смеам да станам, само се влечкав. Дојдов до работ од патот – долу, на четири-пет метри длабочина беше коритото на реката. Наоколу имаше суво трње. Се фатив за него, тоа под мојата тежина попушти и јас со шум паднав долу. Се открив…
Месечината почна да се најавува со некоја слаба светлина. Војниците почнаа да пукаат по мене, а јас трчав по сувото корито на Дабничка Река и имав само една цел: да влезам во една од браздите што пролетните порои ги избраздиле и бев сигурен дека тогаш ќе се спасам. Тие пукаа по мене, а јас ќе потрчав па ќе легнев, божем сум погоден. Така три-четири пати. На неколку чекори од мене се наоѓаше една голема бразда што водеше на другата страна на брегот. Тоа беа последните неколку чекори што требаше да ги направам. Почнав да ползам – не сакав ништо да ризикувам. Кога влегов во браздата знаев дека сум спасен. Излегов на другата страна на брегот во еден тутун. Трчав, и трчав, и трчав, а устата се повеќе ми се собираше од сувотија. Дојдов до местото Кукул и оттаму, преку Баба Планина, дојдов во Прилеп. Се прибрав во куќата на Павле Павлески и побарав врска со Комитетот. Дојде Борка Ордановски и нему му раскажав се. На патот меѓу Прилеп и Дабница останаа убиени: Добре Јовановски, Сотка Сотироски, Орде Паноски, Андон Слабејкоски, Киро Косески, Адем Адемоски, Димко Мрчески, син му Аце Мрчески, Ордан Турникапа, Ордан Кузманоски, Алекса Шаламаноски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Орде Тренчески, Душан Бешироски, Алекса Бешироски и Сотир Дамески. седумнаесетмина подло убиени. Велам: седумнаесетмина, зашто Тоде Келешоски се спасил.
Вели дека кога припукале, некој куршум му ја скинал ортомата и тој во таа општа пукотница успеал да избега преку ритчето. Можеби е така, не знам…
Убиени прилепчани и дабничани:
Андон Нунески, роден е во 1904 гaдинa во село Дабницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Ордан Ѓорев Кузманоски роден е 1905 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Гога Нунески, роден е во 1898 година, во село Дaбница а живеел во Прилеп.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца Народноослободителната борба ја помага материјално и морално а особено се истакнува со пpeнecyвање на прехранбени и други артикли од градот во селото Дабница за потребите на Партизанскиот одред „Димитар Влахов. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Душан Перев Бешироски е рoден во 1909 година во село Дaбница.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на две деца.
За време на окупaциjaтa активно ja помага Народноослободителната борба и е еден од наjактивнитe во помошта на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Аце Димов Мрчески е роден 1925 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; ученик, неженет, член на СKOЈ во Прилепската гимнaзиja. Бил секретар на Воениот комитет во селото и курир на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Димко Тошев Мечески е роден 1894 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на пет деца. Како кметски намесник ги извршува одлуките на партиската ќелија и на воениот комитет а наредбите на окупаторот ги саботира. или не ги извршува. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Атанас Нунески е роден е во 1912 година во во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Активно ja помага Народноослободителната борба. Бил кандидат за член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Алексо Стеванов Шаламанов е роден 1913 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил член на КП] и претседател на Воениот комитет во селото. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Добре Цанев Јованоски е роден 1915 година во Пpилeп.
По занимање бил дипломиран правник. Во антифашистичкото движење работел од 1938 година. Пред војнатa станал член на КПЈ. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Алекса Миланов Бешироски – Ставре е роден во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил секретар на партиската ќелија во селото, член на Воениот комитет и комесар за снабдување на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Ордан Иванов Велкоски роден е во 1912 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на четири деца; член на Воениот комитет во селото и еден од помошниците на комесарот за снабдување (на маало) на Партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Киро Ѓорев Ќососки е рoден во 1919 гoдинa во Пpилeп.
По занимање бил шивач. Како активист во Народноослободителната борба бил ловеќепати затворан и интерниран. Последен лат е затворен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Тоде Орданов Кремчески е роден 1919 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на три деца. Бил заменик на секретарот на Воениoт комитет во селoтo. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Ордан Димков Паноски – Кебецот е роден 1922 година во Прилеп.
По занимање бил кондураџија.
Бил член во работничкото движење уште пред вojнaта. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Андон Миланов Слабејкоски е роден во 1917 година во Прилеп.
По занимање бил бербер. Активно работел за Народноослободителната борба од 1941 година, во септември 1942 година бил откриен и затвoрен од страна на бугарската окупаторска фашистичка пoлициja во прилепските касарни. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Сотка Ѓорев Сотироски – Џигиџик е роден 1919 година во Прилеп.
По занимање бил работник. Како активист во Народноослободителната борба, во сеп тември 1942 година, бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Адем Мамут Адемоски е роден 1923 година во Прилеп.
По занимање бил опинчар. Рано се приклучил кон Народноослободителната борба. Во неговата куќа била сместена партиската техника за пeчaтење на летци. Бил откриен од бугарската фашистичка пoлициja и затворен во септември 1942 година. По еднонеделно садистичко мачење во Прилепските касарни, стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Сотир Дамески е роден 1894 година во сeлo Дaбницa.
По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на седум деца. Бил член на Воениот комитет и помошник комесар по снaбдyвaње (На маало). Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница.
Рампо Левков – Левката е роден 1909 година во Прилеп.
По зaнимањe бил адвокат. Пoтекнува од сиpoмашно, занаетчиско ceмejcтвo. Во антифашистичкото движeњe работел уште за време на стара Jyгocлaвијa. Поради неговата активност во борбата против фашизмот, бил откриен и затворен во Прилепските касарни од страна на бугарската фашистичка пoлициja на 15 септември 1942 година,. По неколку дена садистичко мaчeње e убиен на 19 септември 1942 година.
Прогласен е за народен xepoj на 5 jyли 1951 година.
Петко Велкоски кој ја имаше среќата во ноќта на 19 септември 1942 година, при стрелањето да го погоди само еден куршум, а при бодењето да биде двапати несмртоносно боден, лежејќи ранет под мртвите тела на своите другари. Со натчовечки напори успева да се извлече, и се сасува за да биде жив сведок на овој морничав настан.
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 20:36 ---
Пак да ги подценувате оние кои го дале својот живот за нашата слобода.
 
И сега ќе му ја одземат улицата на Стеван Наумов а улица ќе добие Тодор Александров. За жал..
E profo profo. I za zhalenje e plus da zeme chovek od sram da plache zaradi ponizhuvanje ismejivanje i frlanjeto na bunishteto najzasluzhnite...partizanite, borcite za pobedata protiv fashistichkiot bugarsko germanski okupator. Takvite gi ima vo muzeite po patishtata.

Ne e chudo nekoj ploshtad da se imenuva so Vancho Mihajlov i red drugi takvi predavnici kako nego.

Se vadat od lajnata krvopiite na makedonskiot narod predavnicite i zlochincite da gi velichat so imenuvanje na ulici i neznam na shto drugo.

Ushte postrashno se amnestiraat i zlochincite za zlochinite do pred desetina godini a ne se spomnuvaat heroite koi zaginaa vo odbrana na zemjata narodnite heroi protiv balistichkata agresija.
 
Гевара, за состојбава морам да го цитирам Иво Андриќ кој одлично ја предвидел"Dodju tako vremena kad pamet zacuti, budala progovor, a fukara se obogati" за жал оваа состојба кај нас предолго трае
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 22:22 ---
Инаку не спомнав дека Димко и Аце Мрчески стрелани во село Дабница ми се роднини
 
Гевара, за состојбава морам да го цитирам Иво Андриќ кој одлично ја предвидел"Dodju tako vremena kad pamet zacuti, budala progovor, a fukara se obogati" за жал оваа состојба кај нас предолго трае

Инаку не спомнав дека Димко и Аце Мрчески стрелани во село Дабница ми се роднини
Профо, се знаат тие кои се од кои потекнуваат и такви ќе останат, жално е за твоите роднини и моите, и за сите други што го дале животот за таквите фукари со алки на ушите.

За твоите роднини сочуство и вечна им слава. Пишав и јас тука дека дедоми и бабами се убиени од фашистичкиот германско-италијанско-балистичко- бугарски окупатор 1941, мајками има орден заслуга за народ, татко ми има орден со сребрени зраци.
А прадедо ми бил гонет од џандарите за врене СХС оти бил против кралот и краљевината.

И некој станат од пелени си цуцла во уста соли памет за партизанството и окупацијата 1941.

Инаку имам два брата во странство Италија и една сестра во Македонија.

КИРО АТАНАСОВСКИ - Налбатот
images


Вечерта на 7 април, 1944 година, бугарската полиција ја опколила куќата во источниот дел на градот, во која се наоѓале Киро и Димче. Поради тоа што одлучиле да не се предадат, пружале отпор на непријателите додека имале мониција, а потоа извршиле самоубиство.
По укажување на Президиумот на собранието на Федеративна Народна Република Југославија на 20 декември, 1951 година, бил прогласен за народен херој .
 
Киро загина заедно со Димче Мирчев ако добро се сеќавам
 
Тешко на Македонија кога некои државноста си ја гледаат од 45 навака , и уште потешко како дадена на поклон., со тоа свесно или не ги крепат тезите на грците и бугарите.

до гевара: влези во дискусија без wiki или барем користија аналитички.

сега дај барем, а да ти стане нешто појасно ( можеш и вики да ја користиш) пробај да си објасниш:

- зошто востанието е кренато на 11 октомри, направи компарација со други ЈУ републики со нивни датуми на кревање на востание?

- најди кој и кога го формирал првиот скопски партизански одред, кај завршил творецот на одредот и кој не сакал за овој одред да спомне?

- од каде почна февруарскиот поход и зошто почна од таму( пробај надминиги границите поврзи нешто)?

- и на крај дај кажи ни за ``МИТРЕ``.
 
првиот скопски одред
Како ден за вистинско формирање е земен 22 август 1941 година.
На 22 јуни 1941 година во Козле-Скопје,одржано советување-седница на МК
на кое е донесена одлука да се пристапи кон подготовки и започнување на вооружана борба против германско-бугарскиот окупатор.
Тоа време се „формират“неколку диверзански групи во градот и вршат неколку акции,кој потоа со нивно соединување во месец август и го сочинуваат првиот скопски одред.На 28 август првиот скопски одред времено се стационира над селото Горно Нерези,каде останува 15 дена.

Што кажува Вера Ацева,за овој одред во „писмо до Темпо“ (а и за Митре)
„ Си спомнувам набргу по ослободувањето,на еден проширен состанок на
ЦК КПМ, Кемал Сејфула којшто бил борец во Скопскиот партизански одред,стана и го постави прашањето: зошто на тој одред не му се одбележува годишнина. Тогаш на голема вчудоневиденост на сите присатни
Колишевски почна да докажува дека тој Скопски одред не постоел.Крсте Црвенковски и јас Вера Ацева,станавме и говоревме дека е невозможно да се тврди дека еден партизански одред не постоел кога е општо познато дека тој навистина постоел,за што има и партиски и полициски документи.Меѓутоа, Колишевски беше непопустлив. И по ова советување Скопскиот одред„ не постоеше“. Не смееја ништо да пишуваат за тој одред дури ни историчарите се додека Колишевски беше на чело на ЦК КПМ“.
„во таа борба Колишевски ќе ги вклучи и истомислениците Видое Смилевски-Бато и Страхил Гигов,но без некој значаен успех„
..............
Има уште многу да се пишува за овој одред,заслужува и посебна тема.
Секако и за Шарло, Самсон,Дрен,Стари,Дучо и др.
 
Видое Смилевски доаѓа во Македонија многу касно за да може да даде некој придонес
 
Тешко на Македонија кога некои државноста си ја гледаат од 45 навака , и уште потешко како дадена на поклон., со тоа свесно или не ги крепат тезите на грците и бугарите.

до гевара - влези во дискусија без wiki или барем користија аналитички.

сега дај баремз а да ти стане нешто појасно ( можеш и вики да ја користиш) пробај да си објасниш

- зошто востанието е кренато на 11 октомри, направи компарација со други ЈУ републики со нивни датуми на кревање на востание?
* Тешко и жално за Македонија кога некои државноста ја сметаат пред 1941 и после распадот на СФРЈ наваму.

* Ти ѓоа голем аналитичар без wiki.
* Тебе не може никогаш да ти стане јасно, треба да ти се објасни дека демократијата подразбира различно мислење за историјата. Ако некому не му е ќеф да го прифати мислењето и кажувањето за историските настани за кое некогаш се учело а го прифаќа она што на секој што ќе му текне да шкрба и измислува разноразна сопствена лична историја после распадот на ЈУ.
- најди кој и кога го формирал првиот скопски партизански одред, кај завршил творецот на одредот и кој не сакал за овој одред да спомне

- од каде почна февруарскиот поход и зошто почна од таму( пробај надминиги границите поврзи нешто)
Пробај огледало да најдеш неколку мои постови во темата бугарските ѕверстав врз накедонскиот отпор и каши нешто таму не да поставуваш прашања како бугарите.
- и на крај дај кажи ни за ``МИТРЕ``
* За почеток кажи што е, и дали си чул за "МАРИЈА ЛУЈЗА" или за "КЊАГИЊА НАДЕЖДА", не да одиш по теркот на бугарите и учиш некој.

Кажи ти нешто за ВЛАОТ имаш можност за сите македонски херои, комити и револуционери кој ти брани, но немој ти мене да ме учиш за историја, дете.

- од каде почна февруарскиот поход и зошто почна од таму( пробај надминиги границите поврзи нешто)
Незнам јас ништо за фебруарскуиот поход (постирано од мене во темата бугарските ѕверстава врз македонскиот отпор)

* Ајде ти кажи нешто за разоружувањето на дел од дивизијата "Фиренца".
* На која дата влегоа одредот "Гоце Делчев" и "Даме Груев" преку селото Брајчино во с.Љубојно, со која цел?

Ете нешто без.... wiki-miki. Кога ќе одговориш префрли се на Face book да си играш со децата.

Ова тема е НАРОДНИ ХЕРОИ НА МАКЕДОНИЈА , па бујрум кажи нешто за некој како јас што се трудам да прочиташ нешто за некој од нив кој има допринесено и го дал својот живот за сегашната сампостојност.... од wiki извадено.


---------------------------------------------------
П.С. Незнам за Фебруарскиот поход ич ништо.

Прашање за тебе : ЗНАЕШ ЛИ НЕШТО ЗА БОГОМИЛСКАТА ЕПОПЕЈА? Пробај да ОБЈАСНИШ.



***************************************************
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 23:46 ---
Крсте Црвенковски

Крсте Црвенковски, учесник во НОБ и носител на ордените "Народен херој" и "Партизанска споменица" од 1941 година.

Крсте Црвенковски им припаѓа на генерацијата македонски револуционери и интелектуалци што во Втората светска војна успеа да го актуализираат македонското национално прашање и да издејствуваат создавање на националната држава на македонскиот народ. Тој е роден во Прилеп на 16 јули 1921 година. Неговите партиски ангажмани почнуваат уште во прилепската гимназија кога застанува на чело на Скоевската организација. Црвенковски учествува и во подготовките на оружената борба против бугарскиот окупатор. Тој е еден од првите основачи и организатори на Првиот прилепски партизански одред и негов политички комесар.

По ослободувањето на земјата, Крсте Црвенковски се вклучува во создавањето на новата власт во македонската држава. Станува член на највисоките државни и партиски органи во Македонија и во Југославија.

Во текот на 1974 година, Црвенковски е отстранет од политичката сцена. Во јавниот политички живот повторно се враќа за време на осамостојувањето на Македонија.
 
Тешко на Македонија кога некои државноста си ја гледаат од 45 навака , и уште потешко како дадена на поклон., со тоа свесно или не ги крепат тезите на грците и бугарите.

- зошто востанието е кренато на 11 октомри, направи компарација со други ЈУ републики со нивни датуми на кревање на востание?
Треба после секое будење од сон и пред секое легнување да ставиш пред огледало историски книги и читаш НЕ да слушаш приказни кои не можеш да ги сватиш плус да дискутираш за историја. Ама добро е што прашаш па така имаш шанси да учиш од други и по подолго објаснување од нив ќе научиш вистинска историја за историјата која се случила и пред и после и сега, практично од постанокот на историјата а не да ја применуваш која ти одговара за која знаеш, а и другите што ја ставиле во меморија како тебе.

Агресијата на фашистичката оска на балканските простори за нашиот народ, особено за македонскиот и за неговата национално ослободителна борба, претставуваше нова стратегиска ситуација во која се наѕираа можностите да се достигнат некои од врвните национални цели. Меѓутоа, по повеќе од две децениска незапаметена пустош под власта на најреакционерните монархофашистички режими на
планетата, какви што беа српската монархија на А. Караѓорѓевиќ и неговиот прв полицаец П. Живковиќ, потоа монархофашистичката Метаксасова (и Зервасова) Грција
и бесрамната хабсбуршка Бугарија, во 1941 година македонскиот народ едвај знаеше за себе. Подложен на најсурово одродување и асимилација, политички до бескрај обесправен, економски опустошен и сведен на гол опстанок, беше во состојба и оваа стратегиска ситуација да ја пропушти, како што тоа се случи во 1908 година.

Зошто 1908 година? Затоа што само пет години претходно големо бугарскиот врховизам го испровоцира востанието, па моментумот наречен „Уриет“ - младотурската
буржоаско демократска револуција, која беше вистински поволна стратегиска ситуација, Македонија (не само Македонците) ја дочека искрвавена, опустошена и разне
битена. Во вакви услови се случи првиот јуриш врз полицискиот участок на 11 октомври во слободарскиот
Прилеп. Овој настан, како и оние во Скопје и во Куманово, го разбудија народот од летаргијата во која беше фрлен по 23 годишната монархофашистичка окупација и терор. Дали и колку е тоа значајно со текот на времето ќе оцени исто
ријата, кога ќе биде наука.

Исходот на НОВ и АФБ не беше повоениот систем, туку националното ослободување на македонскиот народ и на сите националности што живеат во Македонија и соз
давање македонска држава што ќе биде гарант на националната слобода на Македонците, ама и на сите други национални заедници во Македонија. Денот на востанието, 11 Октомври, е причина уште еднаш да фрлиме трезвен поглед врз меѓунационалната димензија на
нашата стратегија во НОВ и во АФБ во периодот 1941-1945 година.Нашата платформа беше: македонскиот народ не може да се здобие со национална слобода ако
истовремено национално не бидат ослободени сите други националности што живеат во Македонија и го градат македонското општество. Без пребројување и национални
права на грам, туку до духовниот капацитет. Тоа е вистинскиот дух на 11 октомври 1941 година и културата на Народноослободителната војна (НОВ) и Антифашистичка
та борба (АФБ).

Зошто бугарското фашистичко царство толку здушно и дарежливо инсистираше на врховистичкото контрачетништво ако не затоа да ги втурне Македонците во меѓусебна вооружена борба.

Патем, денеска многу битни работи политичарите (политикантите) ги гледаат низ искривено огледало теснопартиско.




**************************************************
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 18:42 ---
КИРИЛ МИХАЈЛОВСКИ ГРУИЦА
Роден на 9.јуни 1916 во Виница
200px-Kiril_Mihajlovski.jpg

50px-Order_of_the_National_Hero_BAR.svg.png
50px-Order_of_the_Battle_flag_Rib.png
50px-Order_of_the_partisan_star_with_silver_wreath_RIB.gif
50px-Order_of_merits_for_the_people_with_silver_rays_RIB.gif
50px-Order_of_the_brotherhood_and_unity_with_golden_wreath_Rib.png
50px-Order_for_courageousness_Rib.png
50px-Commemorative_Medal_of_the_Partisans_-_1941_RIB.png

Бил командант на баталјон, комесар на првиот јужноморавски баталјон и првата јужноморавска бригада, началник на оперативниот штаб на косовските и македонски единици.
Учесник на АВНОЈ и АСНОМ.
Кон крајот на Март 1943 доаѓа во Македонија и ја формира третата македонска бригада, поставен за политички комесар на бригадата.
Постанува комесар на четвртата македонска бригада.
Во завршните операции за ослободување на Македонија бил командант на 50 а после на 51 дивизија на НОБ и командант на Штипската војна област.

Носител на Партизанска споменица 1941 и на повеќе странски одликувања.
Со орден НАРОДЕНМ ХЕРОЈ е одликуван на 29 ноември 1953 година
 
Пред некој ден ја читав автобиографијата на Ченто...Кога излегува од затвор го праќа син му да се сретне со Крсте Црвенковски и да му каже дека доколку добие пасош и отиде на лечење во Швајцарија нема своето лекување и отсуство од државата да го користи за против државно дејствување кон Југославија. Кога неколку пати се обидел во живо да се сретне и бил одбиен се обидел да го добие по телефон а после објаснувањето на Илија Андонов синот на Ченто дека ако не отиде во Швајцарија да се лечи, првиот Претседател на АСНОМ ќе умре. Крсте Црвенковски ладнокрвно му одговорил на синот на Ченто
-Па нека умре, што ми е мене гајле толку другари загинаа во војната па за него да се грижам. Не ме вознемирувајте повеќе ..и ја спуштил слушалката !!

Ова е Народен херој ?
Па Страхил Гигов, па Лазо Колишевски, па Васил Ѓоргов, Димче Стојанов - Мире ... ?!
Пу лингури да се превтувате во гроб таков син на Македонија и земавте предвреме зошто се плашевте од големината на Ченто. Затоа сега сите ве плукаат а Ченто е на местото кое му доликува.
 
За да биде симнат од политичката сцена на тогашна Југославија, Крсте Црвенковски ја изговори онаа чудесно мудра далекуметна мисла за Солун, вековна мора на сите Македонци: "... Нема Македонец што не го посакува Солун. И тоа е природно, дури и човечки. Но мое мислење е дека Солун никогаш и никому нема да му се предаде да биде освоен. За нас Македонците е најважно ние Солун да го - користиме!"
И - толку. Крсте Црвенковски отиде.

Како да нема разлика во мислењето на К.Црвенковски и Ченто.
Веднаш по фашистичка окупацијата на Југославија се вклучува во подготовките на оруженото востание и станува политички комесар на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Со одредот учествувал во нападот на участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Истата година во село Царевиќ, Прилепско, Крсте Црвенковски ќе го одржи првиот партизански митинг во Македонија, на кој ќе ја објави Платформата на Народноослободителната борба.
Во септември 1942 година, по предавство извршено во Гостивар, уапсен е од италијанската полиција и откако не успеваат да извлечат основни информации за него, бил одведен во затворот во Тирана.
По два неуспешни обиди, Црвенковски успеал да избега со 27 затвореници низ ископан подземен тунел, во април 1943 година. На почетокот се приклучил на еден албански партизански одред, а потоа се префрлил во Западна Македонија
За разлика од другите македонски политичари од тоа време, Црвенковски за време на својот мандат се залага за поголемо самостојност на републиките и почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација. Во овој период тој им дава подршка на предводниците на Хрватската пролет и се судира со официјалната политика на СФРЈ по што бил одбележен како дисидент.
Во периодот на пресметката на Централното југословенско раководство со „либералите“, како главен носител на либерализацијата во Македонија, Црвенковски ќе биде една од главните жртви. Македонското државно раководство, на затворен состанок одржан во декември 1972 година, остро ќе го критикув Црвенковски за искажаните ставови. На седница на ЦК СКМ, одржана во јануари 1973 година, под притисок Црвенковки ќе ретерира и ќе биде самокритичен на своите ставови, по што ќе му биде дозволено да го заврши својот мандат на местото член на Претседателството на СФРЈ. По завршувањето на мандатот во мај 1974 година, Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран, разрешен од сите функции во Федерацијата или во Републиката и пензиониран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.

Илјадници борци и народни херои се бореле и загинале за сегашната Македонија ама ете тие биле криви.

Други биле лингурите во годините на воен и по воен период за разлика од оние после распадот на ЈУ, новите лингури.

Едните велат Македонија е бугарија едните илирида други до Групчин трети велика алба-нија.

Имало има и ќе се раѓаат разни писатели и измислувачи на истории во зависност од политичката состојба и уредување за времето кое било дошло и ќе дојде, на кој лингур како му одговара, или сонува па пишува.
 
^^^^^ Изгледа не го добил третманот кој го посакувал од Колишевски и Тито па се освестил дека напраил кикс.
Одговори ми за Димче Мире кој барал од синот на Ченто да даде изјава дека татко му е Предавник на Народот за кој се борел за да добие стипендија да го дозаврши факултетот ?!

-Одговори ми за Лазо фраерот кој се го примал човекот 5 пати кога одел и под негова директива не му е даде пасош на Ченто да се лечи надвор од рак ?! Што кога читал реферат после војната на еден конгрес во Скопје на кој биле гости и Тито и Ченто според кажувањата на Ченто незнаел да чита па Тито му рекол следен пат засилете го светлото на рефлекторите за подобро да гледаш и му се изнасмеал у фаца а Лазо таков муле и он почнал да се смее . Ку*о*ушач !!!

-Одговори ми за Васил Ѓоргов, Шеф на Кабинет на Лазо кој се праел на Тошо дека не го познава Ченто кога барал состанок кај Колишевски ?!

-Одговори ми за Страхил Гигов што на секое прашање имал најјак одговор: Тоа е мислење на партијата и несмее да се дискутира околу тоа ...или, тоа е наредба од ''горе'' !?

Не ги ставам сите народни хероји ку ист кош со овие него повеќето имаат доста прљав веш за кој треба да се прочита и анализира.
 
Одговори ми за Димче Мире кој барал од синот на Ченто да даде изјава дека татко му е Предавник на Народот за кој се борел за да добие стипендија да го дозаврши факултетот ?!
(Мамооооооо, стварно ли бугарите биле ослободители. Викаат пред вратите на коперациите дека за Македонија мислеле и се бореле само 5-6 луѓе во втората светска војна, а мамо точно ли е.)

1910.- Во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националноослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија, еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Умрел во Скопје, на 4 септември 1991 година.
По укажаната потреба, а со цел да се олесни учењето на децата од турското малцинство кои што живеат во Титов Велес и во Штип го донесувам следното

Р е ш е н и е

за отворање паралелки со турски наставен јазик при полните гимназии во Титов Велес и во Штип
1. При полните гимназии во Титов Велес и во Штип се отвараат по една паралелка од I клас со турски наставен јазик.
2. Паралелките ќе почнат со наставата во почетокот научебната 1949/50 година.
3. Ова решение влегува во сила од денот на објавувањето му во "Службен весник на Народна Република Македонија."
Бре 11450 - 18 јули 1949 год., Скопје.

Министер за просвета,
Димче Стојанов — Мире с. р.
Службен весник на НРМ, Бр. 17 Скопје, вторник 23 август 1949 година Год. V

Во војната интерниран во логорот ЧУЧУЛИГОВО Бугарија. По излегување од логорот влегува во втората и петата народноослободителна бригада.Член на Президиумот на АСНОМ и повереник за просвета.
-Одговори ми за Лазо фраерот кој се го примал човекот 5 пати кога одел и под негова директива не му е даде пасош на Ченто да се лечи надвор од рак ?! Што кога читал реферат после војната на еден конгрес во Скопје на кој биле гости и Тито и Ченто според кажувањата на Ченто незнаел да чита па Тито му рекол следен пат засилете го светлото на рефлекторите за подобро да гледаш и му се изнасмеал у фаца а Лазо таков муле и он почнал да се смее . Ку*о*ушач !!!
Англискиот писател Џулијан Барнс вели: „Кога ќе ме прашаат За Што Станува Збор Во Романот, често одговарам: За убавите, згодни лаги кои содржат горчливи, тешки вистини“.
-Одговори ми за Васил Ѓоргов, Шеф на Кабинет на Лазо кој се праел на Тошо дека не го познава Ченто кога барал состанок кај Колишевски ?!
Британскиот војник нa фронтот, од безбеден заклон, колку што може погласно, го декламира вицот, којшто, па, за него е безбеден, оти не разбира германски. Разорната сила на урнебесната шега (der britische zenze of humour) кај крутите тевтонски непријатели ќе предизвика помор.
Извикувајќи ги, сè пострасно и сè погласно, своите хипермакедонски историски убедувања, и македонските и грчките власти како да се решиле за истата воена тактика за истоштување и шашардисување: смртоносниот виц.
09.10.2011, 21:29
Генерациска порака на борците: Историската вистина е фрлена под нозе
Во овие две децении на суверена и самостојна Република Македонија, упорно и систематски, не само од поединци туку и од релевантни политички партии и учесници во власта, се омаловажуваат, искривуваат и негираат историските резултати, настани, личности, вредности и придобивки на таа борба и се сквернават нивните спомен-обележја. Притоа, историската вистина е фрлена под нозе и се гази и пред очите на тие што ја избориле, а кои денеска се омаломоштени и од годините и од насилното атакување врз нивната организација – Сојузот на борците.

Точно е дека Комунистичката партија на Македонија, во рамките на Комунистичката партија на Југославија, предводена од Јосип Броз-Тито, која прва го прифати постоењето на македонскиот идентитет во Југославија и во својата програма ја внесе борбата за национална слобода и рамноправност на југословенските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ, го подготвуваше, го организираше и го предводеше вооруженото востание на Македонија, затоа што таа беше единствената политичка сила која остана со народот. Другите наведнаа глава, станаа слуги на окупаторот или се сетија за македонската слобода и државност, откако тие беа изборени. Но, историски факт е дека таа борба стана Народноослободителна, тогаш кога народот ја прифати и ја направи своја борба – за национална слобода и своја држава. Така се пееше и се гинеше од самиот почеток. Таа борба беше и заедничка со антифашистичката коалиција и со другите поробени народи на Југославија, во кои најдовме вистински сојузници што го признаваат нашиот национален идентитет и правото на самоопределување и затоа ја прифативме реалната шанса за опстанок на македонската држава, како рамноправен државоправен субјект во заедничката федеративна држава.

Без таа борба ќе го немавме АСНОМ, без АВНОЈ ќе ја немавме Федерална Македонија, а без таа борба и без таа изборена и реализирана државност, ќе ја немавме и денешна самостојна и суверена Република Македонија.
Без оглед на различните состојби и поделената одговорност во нив (на нашата борба и онаа на власта што функционираше во создадената држава) ги прифаќаме принципиелните критики и осуди за одделни слабости, грешки и заблуди, што настанале од исклучивоста на одделни идеолошки позиции, па и остри мерки врз одделни дејци на македонското национално ослободително движење , заради поинакви политички погледи за позицијата на македонската држава и систем. Но, исто така укажуваме дека треба да се знае оти во тие први повоени години имаше и организирани активности на политички сили во земјата и надвор од неа насочени кон младата македонска држава. Потоа дојде Информбирото и судирот со Источниот блок на чело со СССР кога беше загрозен самостојниот опстанок на целата земја, во тие рамки и на Македонија. Кога минаа тие опасности, се напуштија ригидните мерки, се направија рехабилитации па и се воведе изедначување на правата на т.н. прогонувани за самостојноста на Македонија.

-Одговори ми за Страхил Гигов што на секое прашање имал најјак одговор: Тоа е мислење на партијата и несмее да се дискутира околу тоа ...или, тоа е наредба од ''горе'' !?
Сега е променето...А.
* Што ќе рече штабот
* Што ќе речат горните
* Не смееме без горниот,
* Наредбата од горниот мора да ја слушаме

Прво размисли што ќе треснеш.

Не ги ставам сите народни хероји ку ист кош со овие него повеќето имаат доста прљав веш за кој треба да се прочита и анализира.
Прљавиот веш да го бараш кај врховистите, В.Михајловистите, бугарофилите, сталинистите, фашистите, балистите, четниците, усташите..... таму ќе го најдеш ама не верувам дека ќе го испереш пробај да го дезинфекцираш.

Велиш.. Ку*о*ушач !!! а не ги видиш пи*ко ли*ачите.


*************************************
ОРДАН НИКОЛОВ - ОРЦЕ
images

Во 1916 Во Скопје е роден Јордан Николов-Орце, народен херој на Македонија.
Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица, изрешетан со куршуми од бугарските фашистички окупатори, падна еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија, член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и кандидат за член на ЦК на КПЈ, народниот херој Јордан Николов - Орце. За неколку години непрекинато и упорно револуционерно дејствување, тој остави длабоки траги во македонската национална историја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom