Паузирање од факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.941
Поени од реакции
17.934
Локација
Мiddle Of Nowhere
Дечки имам едно прашање ми се пружи шанса да одам во странство на 1 година. Е сега проблемот е што сум апсолвент и имам само уште 1 испит до крај а морам да заминам за неколку дена а испитот е во Јули. Сакам да прашам како можи да се паузира факсот без да изгубам се што е положено? Неќам сиот труд да биде залуден. А неможам да одолговлечам бидејќи е битно и морам да одам. Дали е можно да се паузира и дали се плаќа нешто за тоа или треба да ме пријавува некој близок ?

Благодарам на времето
 
Не знам како идат овие работи, ама што те чини да тркнеш до студентски прашања најубаво да ти објаснат? Они најточно може да те информираат за се што ти треба...
--- надополнето: 21 мај 2012 во 17:47 ---
Нема ли студенстски прашања на твојот факултет.. ? за таму е прашањето.. а овдека ќе добиеш 5 различни одговори кои ќе те збунат.

Извини, у исто време ист одговор :)
 
Кај мене на факс на студентски прашања работат 1 саат и тој 1 саат гледат на ФБ и се понашаат.... :/
 
Ај едно мое гледиште паушално..
Мислам дека може да се паузира во случај на болест, бременост (кај жени) и сл. со наоди од медицински лица,потврда..заверено на нотар и дрн дрн глупости.. а за работа незнам, прашај најубо,убав збор железни врата отвора :D
--- надополнето: 21 мај 2012 во 17:56 ---

Како бе 1 саат,на кој факс си ?
На филозофски кај мене 3 саата работат.
 
Aбе брат тие 3 саати треба да работат ама Битола во мојот кафица мафица, фб , шеткање. ..то е ..
 
Дали е можно да се паузира и дали се плаќа нешто за тоа или треба да ме пријавува некој близок ?
Благодарам на времето
Бате, ти кажувам од искуство за на Битолскиот дека не мора да пријавиш за да го ставиш факсот во мирување. Слободно оди си каде сакаш, испитите ке ти стојат, сите до еден. Само ке треба нареден пат да си платиш + 3.000 денари за да ти го запишат одново семестарот. Најважно е што испитите ке ти стојат и нема да загубиш ништо.
И да отидеш утре у студентски ке ти го кажат истово. :)
Убав помин каде и да одиш.
 
Aбе брат тие 3 саати треба да работат ама Битола во мојот кафица мафица, фб , шеткање. ..то е ..

Сваќам дека се растур систем,ама ти секако мора кај нив да идеш..и кога ќе го паузираш мора со некој документ да отидеш таму кај администрацијата..така да бркај ги,купи им 200 грама кафе да не им снема и свршавај работа :)
 
Е како не, кој ти рекол дека треба документација, нема врска.
 
Бате, ти кажувам од искуство за на Битолскиот дека не мора да пријавиш за да го ставиш факсот во мирување. Слободно оди си каде сакаш, испитите ке ти стојат, сите до еден. Само ке треба нареден пат да си платиш + 3.000 денари за да ти го запишат одново семестарот. Најважно е што испитите ке ти стојат и нема да загубиш ништо.
И да отидеш утре у студентски ке ти го кажат истово. :)
Убав помин каде и да одиш.

DeviAngel Еве тука ти е се објаснато, исто вака поминуваа мои колеги, освен казната за презапишување и потпис немаш друго гајле.
 
Дечки имам едно прашање ми се пружи шанса да одам во странство на 1 година. Е сега проблемот е што сум апсолвент и имам само уште 1 испит до крај а морам да заминам за неколку дена а испитот е во Јули. Сакам да прашам како можи да се паузира факсот без да изгубам се што е положено? Неќам сиот труд да биде залуден. А неможам да одолговлечам бидејќи е битно и морам да одам. Дали е можно да се паузира и дали се плаќа нешто за тоа или треба да ме пријавува некој близок ?

Благодарам на времето

Јас сум на св:Кирил и кај мене на факултет можеш да паузираш колку сакаш со тоа што кога ќе упишеш следен семестар само ќе платиш казна, само најдобро и најпаметно ти е да идеш и да прашаш на студентски, секој факултет си има различни услови.
 
ЕКТС е многу флексибилен за вакви случаи. Пример на Факултет за безбедност (битолски) ако имаш ислушано предавања, полагано колоквиуми и изработени семинарски, полагањето усно можеш да го одложуваш колку време сакаш, само што се смета за паднат и на наредно пријавување се плаќа некој износ.
Исто, доколку не положиш некој испит, не губиш година или семестар, туку само не можеш да слушаш предмет за кој е услов положен претходен испит. Ти оти си апсолвент, немаш гајле за ова.
 
Бате, ти кажувам од искуство за на Битолскиот дека не мора да пријавиш за да го ставиш факсот во мирување. Слободно оди си каде сакаш, испитите ке ти стојат, сите до еден. Само ке треба нареден пат да си платиш + 3.000 денари за да ти го запишат одново семестарот. Најважно е што испитите ке ти стојат и нема да загубиш ништо.
И да отидеш утре у студентски ке ти го кажат истово. :)
Убав помин каде и да одиш.

Фала многу, на тфб сум зато прашвам таму како ке им текни така.

ЕКТС е многу флексибилен за вакви случаи. Пример на Факултет за безбедност (битолски) ако имаш ислушано предавања, полагано колоквиуми и изработени семинарски, полагањето усно можеш да го одложуваш колку време сакаш, само што се смета за паднат и на наредно пријавување се плаќа некој износ.
Исто, доколку не положиш некој испит, не губиш година или семестар, туку само не можеш да слушаш предмет за кој е услов положен претходен испит. Ти оти си апсолвент, немаш гајле за ова.

Фала и тебе и на сите :)
 
Може имаше некои кај нас на факултет минатата година во мај некои што беа апсолвенти заминаа во странство и не можеа да ја фатат јунската и септемвриската/октомвриската сесија и платија околу 4000 ден упис на семестар, кредити од предметот, апсолвентски стаж и уште нешто имаше не ми текнува сега. Ако не го уплатеа тоа фактички цела година им е отидена немаат право да полагаат во новата студентска година ќе чекаат до следниот октомври. А кај вас како што викаш се е каша до ноември може се да сменат и нови правила да се воведат. :facepalm:
Не ми се верува до толку ли се мизерија тие од студентски бре затоа се вработени. :tapp:
Изгледа само кај нас се срциња :love: :icon_mrgr: Со ќеф да идеш да ги прашаш нешто само со еден збор и ќе ти објаснат, никаков фб никакви кафиња си имаат систем и им се запишува се што завршиле со студентите од 11-14 часот и не смеат да забегуваат. :гик:
 
Фала многу, на тфб сум зато прашвам таму како ке им текни така.
Немај мака, не мора да пријавуваш дека ке паузираш. Само кога ке сакаш да продолжиш, ке платиш плус 3.000 денари. На ТФБ се е хаос, само парите им се битни. :)
btw, среди си ги пријавите, мене многу ми фалеа, па и тие си ги доплаќав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom