Кражба пред 2 години, се знае виновникот - нема казна. Што сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ал 
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?

Благодарам
Надлежна по овој случај е Внатрешна контрола, да увиди кај има недостатоци во комуникацијата помеѓу лицето криминалец и оној кој го штити.
 
Крадецот веќе го доби тоа што го бараше од мене што значи дека на лична база со него расчистив. Поентата ми е сега да видам кој го штител цело време во полициската станица па и со тоа да се исчисти.

За таа цел пак ќе го поставам прашањето, бидејќи како што гледам не сум бил добро разбран.

Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?
Нешто како специјален огранок на МВР, некаква канцеларија за комуникација со граѓаните во врска со внатрешна контрола и слично.

Внатрешна контрола. Само не знам на каков лик ќе наидеш таму, или каков лик го штител виновникот.
Единствени што вршат контрола врз полицајците се тие, колку што знам.
 
има внатрешна контрола на мвр, има бесплатен телефон каде се јавуваш и пријавуваш корупција, даваш исказ и докази и по некое време можеби ќе следи спектакуларна акција на тв

Баш така. Слободно ди си во внатрепшна контрола ич не му ја мисли. Ако нејќат да ти дадт записник, или не земале или нешто кријат. И во двата случаи ја усрале. Да одиш ич да не чекаш.
 
Пред скоро 2 години ми беше ограбена викендичката и беше направена штета од нешто повеќе од 5000 евра. Јас во тоа време бев во странство но моите роднини уредно повикале полиција и наводно бил направен увид и записник.

Населбата е мала и виновникот меѓу народот се знаеше но секако, полицијата не може да постапува без докази. Сепак човек ќе помисли дека е прашање на денови или само недели пред да се добие некој доказ. Арно ама помина повеќе од година и немаше резултати, и покрај очигледните докази насекаде низ населбата. Тука почнува сомнителното.

Пробав да се обратам во полиција и да побарам копија од увидот или записникот, било каков документ мање-више. Ми рекоа дека такво нешто немаат кај нив и дека требало на суд да се обратам. Мене од суд сепак не ми дошла покана за да отидам како оштетен. Имам неколку сведоци кои точно знаат каде се украдените предмети. Го пријавив и ова во истата станица, но немаше резултат. Крадецот е веќе познат на полицијата за претходни слични дела и веќе има активни кривични пријави, но сеуште е на слобода. Многу луѓе велат дека има врски во таа станица и дека некој го штити, што искрено според ова што го гледам не е баш невозможно и неверојатно. Доколку некој навистина го штити, тогаш нема корист да се обраќам веќе во таа станица.

Моето прашање е:
Доколку навистина некој го штити, каде да се обратам за да го пријавам тоа? Сето ова е премногу сомнително, докази има на сите страни и украдените предмети се буквално во моето маало но никој не превзема ништо. Дали има некој орган кој би можел да направи истрага на повисоко ниво?

Благодарам
Каде и да се жалиш брат џабе тие.Ортаци се.Чуварите на законот патролираат и забележуваат каде нема движење им даваат информација а потоа нивните јатаци настапуваат и го делат пленот,а овие првите за возврат им го чуваат грбот.
И волкот сит и овците на број.
 
Смени националност и кажи дека си имал бачило во викендицата. Ќе ти исплатат едно милионче од старт.

Срсли ако немаш релевантни докази или пак признание од арамијата, џабе ќе ти биде трудот и парите што ќе ги поарчиш по адвокати.
 
Докази имам колку сакаш. Ај пак да повторам.

- Има 2 сведоци кај кои крадецот кажал дека ја ограбил викендичката
- Се знае точно каде се украдените предмети
- Има добри докази поради тоа што се украдени предмети за кои само тој знаел

Сепак ќе пробам во внатрешна контрола без разлика дали ќе вроди некакви резултати. Мое е да направам се што можам за корупцијата во мојата околина да се намали. Ако седам со скрстени раце, утре пак ќе ми ја ограбат или мене или на некој мој близок.
 
Земи добар адвокат и дај му ги овие докази и ополномошти го. Тој ќе ти среди со внатрешна контрола и сите останати работи. Работата е колку можеш да земеш од сето тоа, доколку го добиеш случајот. Нормално и на адвокатот треба да му дадеш, рачунај и на тоа.
 
Вратено му е веќе. Благодарение на мене, беа разоткриени сите негови кражби и во моментов има 12 кривични за разни дела, повеќето тешки кражби но и производство и дистрибуција на наркотици. Само, не гледам причина зошто да застане тука работата. Лесно е да тргнеш еден крадец. Треба да се искорени целиот проблем, да се тргнат полицајците кои ги штитат крадците оти вака ќе се појават други што ќе ја продолжат неговата работа, а мојот имот не можам да го преместам на друго место па затоа најдобра опција е да направам се што можам за да не се случи ова повторно.

Еден џандар веќе беше отпуштен лани од таа станица поради корупција, но како што е адетот, никогаш не е само еден вмешан во вакви зделки.

Не можеш, поврзани се како црева, не знаеш кој кого штити. Моја препорака ти е да се посоветуваш со адвокат, тој ќе ти каже најдобро.
 
Не можеш, поврзани се како црева, не знаеш кој кого штити. Моја препорака ти е да се посоветуваш со адвокат, тој ќе ти каже најдобро.
Мразам кога ќе ми речат дека нешто не можам. 100eu says дека ќе успеам да извлечам нечија суспензија на ова до крајот на летото. Реален облог, сите се сведоци.
 
Мразам кога ќе ми речат дека нешто не можам. 100eu says дека ќе успеам да извлечам нечија суспензија на ова до крајот на летото. Реален облог, сите се сведоци.

Можеш ако се обратиш на адвокат, сам на своја глава тешко ама пробај, имав слична ситуација затоа ти кажувам.
Реално е дека можеш да се обратиш кај сакаш и уште пореално е дека колегата ќе си го заштити своојот колега наместо да се стави на твоја страна.
 
Ех, таман мислев дека ќе си лапнам лесни 100еу..

Да, планот ми е да одам со адвокат што поскоро. Ти реков, нема да се смирам дур не ја искоренам работава, па ако треба и до Стразбур да оди.
 
Можеш и ти да му поднесеш пријава во обвинителство ако мислиш дека имаш докази. Сепак секако пријави и во внатрешна контрола, по службена должност мора да те информираат назад.
 
Ех, таман мислев дека ќе си лапнам лесни 100еу..

Да, планот ми е да одам со адвокат што поскоро. Ти реков, нема да се смирам дур не ја искоренам работава, па ако треба и до Стразбур да оди.
И покрај тоа што повеќето овде се обидоа да те разубедат да се откажеш, дека е взалудно, нема шанси, дрндрн, што е типично македонско размислување и однесување, не се откажувај!!!
Често пати и сам ќе се изненадиш колку е лесно работата да ја истераш до крај, ако запнеш здраво, независно од тие околу што мислат за истото.
Комплетна поддршка од мене и известувај за текот на настаните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom