Post rock/post punk

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Може ќе ме мразите, ама само мене Могваи не ми се нешто посебно од бенд?

Ги имам слушано, ама ако споредуваме со други гитарски ориентирани пост рокери, можам двапати на двете раце да избројам поарни од нив. :D
 
Mogwai се посмирен пост рок, со големо влијание врз другите. Нешто налик на Explosions, за двете ти треба преслушување посалам за да те примат, воедно треба некогаш да имаш потреба од флегматско лежење и слушање онака, нешто да си чкрипи во позадина смирено :)
Јас слично чувство добивам со Sigur, им дадов повеќе пати прилика, слушани се претерано низ светот, но само онака, арен бенд и ништо повеќе заклучив (спрема моја потреба за таква музика) :)
Вкусови, темперамент, момент, потреба, желба за некаков филм да си направиш, сето тоа е сплет на околности во кои си го примил и слушнал бендот, сметам дека првиот впечаток е најбитен.
 
После GYBE! за мене се најдобриот пост рок бенд кој досега постоел и дефинитивно најдобриот бенд кој сум го гледал во живо.
Најверојатно ти повеќе кокетираш со амбиент од тоа што можем да го видам ако не ти лежат Mogwai како бенд.
Ти се допаѓаат GYBE!, Tortoise, Slint како бендови?
 
Оооо да! :)

Па да, ваљда повеќе сум по амбиент, џез, електроника пост рок, отколку со вака гитари.

МОНО и Јинди Халдар ми се најјакото од пост рок. И Сигур Рос ваљда. :D
 
Mogwai се посмирен пост рок, со големо влијание врз другите. Нешто налик на Explosions, за двете ти треба преслушување посалам за да те примат, воедно треба некогаш да имаш потреба од флегматско лежење и слушање онака, нешто да си чкрипи во позадина смирено :)
Јас слично чувство добивам со Sigur, им дадов повеќе пати прилика, слушани се претерано низ светот, но само онака, арен бенд и ништо повеќе заклучив (спрема моја потреба за таква музика) :)
Вкусови, темперамент, момент, потреба, желба за некаков филм да си направиш, сето тоа е сплет на околности во кои си го примил и слушнал бендот, сметам дека првиот впечаток е најбитен.
Уф Mogwai воопшто не се некој мек пост рок освен Take me somewhere nice, 2Rights Make 1 Wrong, и Cody скоро сите останати песни се со јаки дисторзии и далеку се од песните на Sigur Ros кои се онака релаксирачки со амбиент елементи.
Дефинитивно Mogwai се бенд кој мораш да го слушаш стрпливо од причина што музиката е прекомплицирана за да ти легне од прва.

Ова за мене воопшто не е меко.

Мислев на овој пост рок и пост метал мешаните бендови, што е со потешка дисторзија, спрема таа на Mogwai, Mogwai се филмски повеќе за мене, имам таков впечаток спрема други бендови од пост рок сцената кои мешаат разни елементи и вокали кои поднапнуваат на моменти, наспроти оние на гореспоменатите.

п.с Ова во последно го цепкам
 
Ќе издвојам сега нешто од модернава пост панк сцена, бидејќи темава е и за пост панк.
 
Случајно го најдов овој семпл од кампања за превенција од дрога.

--- надополнето: 12 август 2012 во 02:58 ---
ПС:

l7trg.jpg
 
What are they gonna say when he dies? They gonna say he was a kind man? He was a wise man? He had plans? He has wisdom? BULLSHIT, MAN!
Опасни Швеѓани. Воедно песнава ми е една од поемотивните пост рок песни воопшто, особено почетокот, текстов кој го копирам не чека голем дел од нас.............допрва
 
Не знам кај да ги сместам The Minutemen, посебно овој албум...Ме потсети на него еден пријател денеска.
Лудница, се има во него..како Trout Mask Replica во некое панк издание.

Бендов денеска си го сметнав и сум позитивно изненаден. Албумот е супер добар, вреди да се преслуша, ако веќе не се...... :)
 
Dead Flag Blues :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom