1.Oвај градоначалник можда нешто напрај во првиот мандат, некоја улица и то, во секој случај мачкање очи - за вториов малку потешко.
Имал среќа шо другите пред него не сториле буквално ништо.
Ј
ас не гласав за него ниту за другиот поради очекувани вакви испади.Факт е дека имаше доста сопки од централната власт, ама факт е и дека во умот му се вртат само згради, маркици, проценти...како и на тие од централна, зато Скопје е ко Дизниленд.
2.Факт е дека за политичар битно е да си речит и начитан.Или барем едното.
3.Кружните на другите места се различни од кружен тек на Туристичка.Не мојш да споредвиш Момчило Јорданоски со Туристичка, особено не во летен период.
Друго, кај се видело два кружни тека на 100 метри раздалеченост (Охридска Банка - Туристичка и Македонски Просветители и Абас Емин/Туристичка?!).
Нели кај Автобуска е побитно кружен тек кај Макпетрол бензинскана?Изгледа многу среќни се луѓево досега шо не се десило поголема фрка.
Од друга страна, ко ќе видиш и дека никој не поштоват предност, можам да замислам како би било со кружен тек на Туристичка.Знам какви камикази одат кај Випс или кај Видобишта.Особено на лето, луѓе од други места, тие истите шо возат обратно по Партизанска и Димитар Влахов.
Истото важит и за излезон од Далјан по старион пат за Струга.Поглупа раскрсница - амин.Не можеа тука кружен тек?Или кај Крст Џамија кружен тек?
4.Точно така.И ние сме најголеми губитници од ова.Ама точно е и дека да беше обратна ситуацијата пак ќе имаше вакви случаи.
5.Кога сме кај сообраќајно уредување, не е лошо да спомниме и хроничен недостаток на паркинзи во градот.Мислам на паркинзи од слободен тип и во голем број.Нешто како катна гаража на местото на сегашен градски пазар или кај ресторан Европа.
Не е лошо да спомниме и дека Железничка е (барем на хартија) транзитна улица за тешки товарни возила.Ама секојдневно гледаме транзит шлепери низ град.Исто и автобусите директно да си одат по Железничка.А и средување на автобускана е добар сообраќаен проект.
Ова со кружниве е како разубавување просечно убава жена со фуш шминка.
6.Искрено мое мислење е дека се неписмени, во смисла понекогаш е битно и да ги прашаш граѓаните за вакви големи зафати.Тренд да им спомниш претпоставувам ќе мислат на кафич во Скопје, а експерти околу нив полно - зато одбирет поголеми маси по кафанине ко ќе решавет битна работа.
Мислам дека е тотална утка (се надевам во иднина ако воопшто ги изградат, во тогашен момент спрема оваа изјава ќе сум грешка, ама тешко).
7.ДПМНЕ е јака партија, во Охрид имат јака младина, зато губат 2 пати по ред избори