Уште еден бисер на градоначалникот на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

Ефектот од реализацијата :

  • Зголемување на бројот на туристи за 40%

    Гласови: 2 7,7%
  • Чекор поблиску до елитен туризам и гости од Катар

    Гласови: 3 11,5%
  • Поголем број на кружни текови во форма на круг

    Гласови: 6 23,1%
  • Помал број на пешачки премини и семафори

    Гласови: 2 7,7%
  • Добра основа за фонтани во кружните текови

    Гласови: 4 15,4%
  • Повисока категоризација на хотелското и приватно сместување

    Гласови: 0 0,0%
  • Повеќе пари 'во општината'

    Гласови: 2 7,7%
  • Можност за финансирање нови лекови за генијалците во Општина Охрид

    Гласови: 7 26,9%

  • Вкупно гласачи
    26

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.215
Поени од реакции
18.327
Локација
с. Издеглавје
После неуспешната идеја со едно евро за влез, не требаше многу време за нова експертска реакција од екипата на Аце Петрески - експерт за се (за процент од).
Заедно со неговиот дворски шут од Одделението за сообраќај и улици (или специјално одделение, после организирањето на новите велосипедски патeки)
p%202.JPG
p%203.JPG


смислија уште една генијална идеја....
Вирусот го зафати и Охрид...
Кружни текови по Туристичка на местото на досегашните раскрсници, со цел НАМАЛУВАЊЕ НА МЕТЕЖОТ ВО ЛЕТО?!
И најинтересното....планот е да почнат летово со работа!
suic.gif
Админите слободно нека ја префрлат во ЧДА, ако на некој начин е неозбилна темава.
images


Семафорите си заминуваат, кружни текови ќе никнат на ,,Туристичка''
icon_at_textsize.gif
Сообраќајниот метеж по булеварот ,,Туристичка'', охридските локални власти во иднина ќе го решаваат со кружни текови. Според ова, семафорите со кои во моментов се регулираа сообраќајот по оваа важна сообраќајница во Охрид ќе заминат во историјата.

kruz.JPG

Од Општина Охрид информираат дека до крајот на годинава планирано е да бидат изградени шест вакви кружни раскрсници.

-Активностите за замена на семафорите со кружни текови ќе ги релизираме етапно, односно дел по дел. Според планираното пред почетокот на претстојната туристичката сезона ќе биде уреден само кружниот тек на раскрсницата помеѓу ,,Туристичка'' со улицата ,,АСНОМ'', поточно кај стара Охридија. Во зависност од динамиката на градежните активности таму, ќе зависи дали ќе успееме да уредиме уште една раскрсница или ќе чекаме да заврши летото па потоа да работиме, вели Зоран Шикалески, раководител на Одделението за сообраќај и улици, при Општина Охрид.

Тој појасни дека Согласно Програмата за Уредување на градежно земјиште за 2012 година била изготвена комплетна проектна документација за сите вкрстувања на булеварот ,,Туристичка''.
kruz%20(1).JPG

-Покрај кружната раскрсница кај улица ,,АСНОМ'', планирано е да се изградат кружни раскрсници на вкрстувањето со улицата ,,Бистрица'' на влезот во Охрид, на вкрстувањето со улица ,,Стив Наумов'', како и на вкрстувањето со улица ,,Абас Емин''. Исто така планирана е изградба на кружен тек на раскрсницата со улица ,,Македонски Просветители'', кај Охридска банка и на раскрсницата со улица ,,Јане Сандански'', кај Мини маркет, појаснува Шикалески.

Тој очекува кружните раскрсници да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да го олеснат протокот на моторни возила.
kruz%20(2).JPG

- Ги следиме искуствата и движењата во Светот, но вакво искуство со регулирање на сообраќајот имаме и ние, со тоа што веќе имаме изградено четири или пет кружни раскрсници во Охрид, кои се покажаа како многу ефекасни решенија,потенцира Шикалески.

Тој информираше дека во фаза на подготовка на нов Сообраќаен режим на улиците во Охрид, кој треба да се најде на дневен ред на некоја од наредните седници на Советот на Општина Охрид. Освен претставници на општината во подготовка на новиот режим учествувале и претставници на СВР Охрид и стручни лица од областа на сообраќајот.
Е.М


11.05.2012 07:00

Прочитана е : 2349 пати


© 2012 Ohridnews.com
 
Особено ноа со кружните токови и работата во лето...катастрофа
 
Интересно е да се види како слични работи кои се логични за Скопје, се нелогични за Охрид низ продукцијата на мозочните виуги на многумина here.

Politics takes it all.
 
Особено ноа со кружните токови и работата во лето...катастрофа
Кружните токови помалку го забавуваат сообраќајот(во споредба со семафорите) и забалежан е помал број на несреќи(пак во однос на семафорите).Сепак се е до возачите. (y)
 
Кружните токови помалку го забавуваат сообраќајот(во споредба со семафорите) и забалежан е помал број на несреќи(пак во однос на семафорите).Сепак се е до возачите. (y)
Не не не ми беше тоа финтава ке правеле кружни токови за да го намалат сообаќајот во лето..ама ке почнеле изградба во лето...ват да фак :D
 
Кружние текови и не се така лоша идеја,само се прашувам "како му успеа да му текне - најпосле",ама идејата да се отпочне со работа ова лето(било кое лето е...:facepalm: )...стварно веќе е досадна,па мајкуму стара тие како да се будат од зимски сон...а дојде лето, а со тоа и почеток на туристичката сезона они ај сега ќе работиме...ќе копаме улици,ќе сечеме дрва....ќе правиме кружни текови...
 
Кружние текови и не се така лоша идеја,само се прашувам "како му успеа да му текне - најпосле",ама идејата да се отпочне со работа ова лето(било кое лето е...:facepalm: )...стварно веќе е досадна,па мајкуму стара тие како да се будат од зимски сон...а дојде лето, а со тоа и почеток на туристичката сезона они ај сега ќе работиме...ќе копаме улици,ќе сечеме дрва....ќе правиме кружни текови...

Мене не ми е чудно почеток на лето вакви најави, се чудев кај се досега ама си стојат на редот :facepalm:

Кружните би биле добра идеја за некоја земја кај шо луѓето се посовесни возачи и мислат и на другите учесници во сообраќајот.
Друг проблем, не знам технички како ќе изведат кај Охридска Банка и Гимназија не знам.Туристичка е со ширина од 20 м (2 х 2 х 3,75 м коловоз и 5 м. зеленило).Ќе влезат во тротоарон пред Охридска или внатре во Промес...

За споредба големината на еден кружен тек во Битола, профилот на улицата е исто 2 х 2 х 3,75м. коловоз + 1м. остров (16м.), без средишно зеленило.

BF91ED14E56FE6479E5C05C122B3A99F.jpg
Еве од изградбата
55%281%29.jpg
54%281%29.jpg

Kruzen%201%203.jpg

20042011401.jpg

Освен ако не е ваква големина, ќе е промашена работа во двете точки, а ако е доволно голем ќе е промашено во смисла дека на лето и ќоро и сакато ќе се пикат побрзо да поминит низ кружниот.
Друг пример, Прилеп кружниот тек кај споменикот Карпалак
untitled-4.jpg

DSC_0189.JPG
033-1-001-jpg.39550

Ваква големина е недоволна со скоро два пати поголем број возила и луѓе во периодот Јули - Август и околу 1 Мај / Велигден / Водици / Илинден / Нова Година...

Трето, имаше некакви минимални услови за паркирање на кратко тука.Ништо чудно да видиме и паркирање на сред кружен.

Четврто, џабе сите козметики ако не ги пренасочат автобусите шо идат од правец на Кичево преку Железничка, ама ако можит и пред врата да не слезат ќе запинаме.Истото важит и за (транзит) камионите, пола од нив уште вртат низ центарот :tapp:
 
Сакат да напрајт појќе место за згради изгледа.

Ќе ми обајсни ли некој како ќе одат колони и како ќе се враќаат колони на лето?
 
Море што ќе ни сее од катар гости, малку исламисти имаме во земјава....
 
Најлоша оддлука во цел мандат. А и останатите му се катастрофални, па видете. Пошо кај гимназија живеам знам какви колони се налето во периодот од кун 6 до 7 и пол сатот поручек. Во тој период и семафорите се исклучени и сообраќајот се регулира со сообраќаен полицаец, колку толку да се смали гужвата. Стварно мислам дека нема смисла со кружниов ток, на лето ќе е хаос.
 
Не е проблемот во кружните текови туку во возачите кои ретко знает асално да се приклучет... тоа правилото дека тој шо е во кружниот тек дека има предност е ретко испочитувано...
--- надополнето: 11 мај 2012 во 19:30 ---
На овој, изгледа, целта му е по секоја цена да ги изгуби наредните избори.
Нему колку и да му целта да ги изгубит наредните избори, овие од твојов штаб се толку неспособни(со моменталната гарнитура) во Охрид шо на уште 1000 избори немат да победет ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom