Заедничко возење тури - договарајте се тука

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Долги ви се релациите а јас имам МТБ, така да ако планирате нешто пократко, до 25-30 км може и јас да дојдам.
И со МТВ се вози. Потешко е ДА но се вози. Како пример ќе ги посочам Маседониан Бајк Рајдерс, речиси сите се со МТВ па под 60/70км не се :)
 
Утре ќе возам до Радуша. На кој му се вози, нека биде во 9:00 на бензинската Макпетрол во Влае после Влајко :)
 
Утре возиме со другар до Јегуновце и назад. Тргање од бензинска Макпетрол во Влае. Должина на тура 64 км. Кој сака, може да ни се придружи.
 
Абе ептен сте цвикатори, никој не се пријавува никогаш :) Планирам да возам во сабота, ако му се вози на некого нека се пријави :)
 
Здраво луѓе. Планирам викендот 15-16 септември да возам накај Козјак. Има ли некој заинтересиран, не ми се оди сам
 
Каква е вожњата до Седларево? Рамно ли е претежно, или има многу угорници?
 
Каква е вожњата до Седларево? Рамно ли е претежно, или има многу угорници?
Ич не е рамно, ја со кола сум идел до душа. Нека каже некој што извозел со точак каква е вожњата.
 
Незнам како можете да викате непознати со вас да се возат или да се качуваат во непознати возила
 
Каква е вожњата до Седларево? Рамно ли е претежно, или има многу угорници?
Од почеток кај што се двои патот за Седларево од стариот пат Скопје - Тетово да лазиш нема да изгубиш повеќе од 2 саати до видиковецот пред селото.Имаш околу 900 метри висинско качување а на некои места до 18% нагиб кои што ако не можеш со 1 во 1 во седечка положба да ги качуваш тогаш ќе потстануваш и во орбитрек положба најтешките делови ќе ги поминуваш но никако цело време во таа положба туку само кога е неопходно.Пред да одиш таму качи го прво Водно до горе и извежбај ги деловите после детското кај што има сличен нагиб како Седларево.
 
Последно уредено:
Сабота на некој да му се иде на Козјак со роад?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom