Радиодифузна такса!

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
Член на раководството напиша:
Е ај о јас да прашам на истата тема, Имам кабелски приклучок со документ - договор со операторот кабелски, (и тоа двата телевизори дома легално поврзани). Пред некое време ги прашав и тие ми рекоа (Кабелскиот оператор) дека тие ПЛАЌААТ концесија кон МТВ за реемитување на нивната програма, а мене ми иди дома плус сметка од МТВ. Дали има некое значение тоа што програмата на МТВ ја следам преку оператор кој веќе плаќа концесија за тоа, а на кој јас редовно месечно му плаќам претплата???
Ај ѕирни тука можеби ќе ти биде нешто појасно!
 
Да во право си... само што заборавив да наведам дека сум странски државјанин со привремен престој во Македонија, како што гледам радиодифузија не би требало да се однесува на мене туку само ”луксузот” на кабловскиот оператор.... нели?
 
Член на раководството напиша:
Да во право си... само што заборавив да наведам дека сум странски државјанин со привремен престој во Македонија, како што гледам радиодифузија не би требало да се однесува на мене туку само ”луксузот” на кабловскиот оператор.... нели?

И јас сум странски државјанин во Франција ама обврзан сум да плаќам радиодифузна такса од моментот кога ги користам услугите на ФРТ.
 
Ти реков : во Македонија имам куќа и плаќам претплата. Во Франција имам куќа и плаќам, исто така, претплата. Што има чудно во тоа? :raz:
 
Зборуваме за различни поими закони и прописи, прво јас како странец немам право да имам куќа ниту стан ниту недвижност в Македонија, второ за иста програма (МТВ) чие следење го следам преку кабловски оператор и на кој му плаќам претплата, треба да го плаќам уште еднаш. Е сега не знам дали во франција постои слобода на избор на сервис кој ќе го следам преку ТВ и дали е реално да ми иди поскапа претплата за 3 програми на МТВ (од кои едната е на за мене странски јазик, одколку 60 програми на кабелски оператор. Имено мене ми личи дека на пример си обврзан да точиш бензин од државна пумпа, го плаќаш поскапо иако е понеквалитетен од приватните (и тоа мораш да купиш 30литри секој месец инаку ќе ти опнат тужба и извршители)
 
У ствари еве една идеја, ако сум во некој вид заедница со МТВ дали МТВ ќе ги сподели со мене и трошоците на поправка на телевизор, набавка на антени кабли или дури еднаш на 5 години и купување на нов телевизор. еве да речиме 25% од трошоците за неопходната опрема за следење на нивната со закон одредена програма. Или тоа нив не ги интересира???
 
Јас не плаќам радиодифузна такса, и не ни планирам, нека дојде кај мене дома тој што е толку маж од МТВ да побара пари
 
Мене ми е малце глупо што го плаќаме, викаат нели телевизор ако имаш треба да платиш, а антена што немам ? што сум на кабловска/ или махтв, сателитска или останато ? не користам репетитор јас туку кабловската користи ?. Ова е само начин телевизијата што е уште со 79 година опрема да краде уште пари од луѓето како што било во југославија. Дали нешто изменија со програмата? одговорот е НЕ, ниту еден нов филм или ништо ново немаат дадено, глејте хрт1 или хрт2 да ви е мерак да ги гледате + да е таква нашава мтв би им платил одма али кога не вложуваат ништо зошто да им платам. + Репетиторите се поправаат од услугата што ја нудат тоест приватните телевизии + радија им плаќаат. Ама ај глупост невидена
 
Почнаа со дистрибуција на сметки за 2008 и 2009. Биче белаја со заостанатите сметки, по околу 1800-2000 се во прашање.
Дали е законски вака да се наплаќа (пошто некои вакви слични иницијативи беа оспорени-парното мислам беше со слична наплата наназад), сепак се работи за големо издвојување од домашен буџет.
 
А нели долговите се заостанати,на крај краеви радиодифузна такса е бесмислен паразитски инструмент кој креира легачи во МТВ:toe:
 
Долгот постар од една година е застарен. Мислам дека имам вакво нешто прочитано, но подобро е некој правник да објасни... И не ми е јасно како мислат да го наплатат. Стотици илјади ли ќе тужат... И додека тужат ќе стане застарен.... Исто околу цената. 130 месечно за изминатите месеци, 390 за новите сметки. Последица на глупави закони, или од ракав си одредуваат цени???

А тоа дека е таксата бесмислен паразитски инструмент е друга приказана....
лов во матно, кој плати, плати.....:toe:

Edit:
ДРЖАВНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЧНА НЕЗАКОНСКА АКЦИЈА
МРТВ присилно ќе ги наплаќа сметките

Голема акција за присилна наплата на радиодифузната такса почна да спроведува Македонската радио-телевизија (МРТВ). Извршни решенија за сметки од октомври минатата година до минатиот месец од неодамна осамнаа на адресите на граѓаните и фирмите во земјава. Рокот за плаќање е 15 дена, а ако во тој временски период не ги платат заостанатите сметки, МРТВ присилно ќе си ги земе парите. Граѓаните и фирмите тврдат дека од лани досега не им стигнувале сметки за радиодифузна такса, со исклучок на неколку месеци во летото. Креаторите на Законот за радиодифузија се категорични дека ова е недозволиво зашто на граѓаните треба да им биде овозможено да ја плаќаат таксата за радио и за телевизија на 12 рати за решението да може да биде извршно. - Ако МРТВ им дистрибуирала сметки секој месец, решението е валидно и може да се изврши присилно наплаќање на долгот ако не го платат во предвидениот рок. Но, ако сметки не стигнувале, МРТВ ќе мора да докаже дека ги дистрибуирала, во спротивно решението не ги исполнува условите за да биде извршно - вели Роберто Беличанец, креатор на Законот за радиодифузија. Тој додава дека со неиспраќањето на месечните сметки, МРТВ го крши Законот и ги прави луѓето заложници. - МРТВ треба да наплатува однапред, а не наназад. Не можете да станете должник без да знаете и не може да ве задолжи годинава за лани. МРТВ игра на картата дека граѓаните нема да тужат зашто се работи за мали суми, а судските трошоци се четири пати повисоки. Единствено решение е тие да тужат здружено, на пример цела зграда да го тужи јавниот сервис и да бара враќање на парите земени со извршител и привремена забрана за наплата на таксата - вели Беличанец. Во сметководствените бироа во земјата велат дека кога ќе им стигне извршно решение, фирмите се принудени да го платат зашто во спротивно МРТВ ќе им ја блокира сметката за да ги земе пари. - Иако најголем дел од нив немаат телевизори, мора да платат зашто со блокирана сметка нема да можат да работат. Фирмите се жалат дека нема ред како пристигнуваат решенијата, некогаш за три, за пет, седум или за девет месеци. Се случи на фирма која била регистрирана во декември минатата година да и стигне решение за наплата на радиодифузна такса од октомври, кога таа и не постоела - велат во едно од сметководствените бироа. Од МРТВ велат дека од неодамна почнале да им испраќаат извршни решенија и на граѓаните, за разлика од порано кога тоа стигнувало само на адреса на фирмите. - Се работи за дистрибуирани решенија за сметки од октомври минатата година кога се донесе Законот за радиодифузна дејност, со кој месечната такса се намали на 130 денари. Ова е јавна давачка и обврска да плаќаат имаат сите физички и правни лица, без разлика дали поседуваат телевизор или не - велат од Секторот за наплата на МРТВ.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1875&ArticleID=127405

На фирмите ќе им ги блоќираат жиро сметките за да ја наплатат таксата... Но знае ли некој како ќе ја наплатуваат таксата од граѓаните? Може ли преку трансакциските сметки на граѓаните да наплатуваат?
 
... Но знае ли некој како ќе ја наплатуваат таксата од граѓаните? Може ли преку трансакциските сметки на граѓаните да наплатуваат?

Да. :) ќе си платиш вака или онака.
Приватна фирма може да ти се смилува :) ама државата си направила однапред план како да ти земе пари.

Мене ме интересира.. како бе јас вчера го добив во сандаче решението со датум од Мај. Значи и тие 15 дена за жалба прошле во мај :) нема спас?

Инаку 2008 не доаѓа во предвид. За тие неколку месеци нек дојде извршител да се тркала до долу....
 
Ова е јавна давачка и обврска да плаќаат имаат сите физички и правни лица, без разлика дали поседуваат телевизор или не - велат од Секторот за наплата на МРТВ.
И овој дел не ми е јасен. Вика сите физички и правни лица... Најверојатно е погрешно пренесено во информацијата. Не може сите физички лица...

Друго, зошто ЕВН не може да си ги наплатува сметките за струја преку трансакциските сметки на граѓаните, па мора истите да ги исклучува?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom