Радиодифузна такса!

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора извршителот да дојде на врата и да ти ги земе парите, па ти после да го тепаш. Сите ние имаме трансакциони сметки преку кои што државата ни води евиденција за приливот и одливот на нашите пари, епа од таа сметка ќе си повлечат пари со кои ќе ја наплатат таксата и плус пари за извршителот што ќе ја потегни целата наплата.:toe:
Немаме сите :nesum:.
 
А 8000 плаќаш ако ти дојдат извршители? Инаку, регулерно, ако не дојде до тоа, че платиш 1200 или?

И ако две куќи се под твое име, за две сметки треба да платиш или за една?
 
Инаку, во Вест на насловна страница, пред една недела осамна наслов „На мртов човек му испратија сметка за радиодифузна такса“. Нормално, од ова се направи сензација и бум, како тоа смееле да пратат сметка на човек што е 19 години мртов. Добро, се согласувам, ама нека се земе предвид фактот што, за да ти испратат таква сметка, морало да не направиш трансакција на имот. Се бунат само кога треба нешто да се плати, а кога на избирачки списоци има мртви луѓе, тогаш се` е во ред. Ова не е оправдание, но во секој случај е објаснение дека само кога се работи за пари, се гледа на пропустите на администрацијата било каде.
 
Мислам дека мора да има судски процес за да дојде до извршители и наплаќање преку трансакциска сметка. Инаку на секој кој што ќе му текне ќе си наплатува од трансакциска. И ЕВН, Топлификација и др. би им било полесно на овој начин, а не да ги исклучуваат корисниците.
Само како ли ќе тужат стотици илјади? Ќе му падне на Грујо рејтингот. :vozbud:
 
И што сега, за да не плаќаме треба да се правиме слепи и глуви или да одиме
в планина да живееме?

Па ни на Бане не му падна рејтингот кога беше
господична Гордана Стошиќ директор.

Тогаш малку се плаќаше изгледа и сите беа задоволни.
На овој народ малку му се и сто стапа по грб.
На поклонет коњ забите не му се гледаат забите.
А на кој му се пие кафе , нека оди да штрајкува пред МРТВ.
Локумот ќе му го донесат извршителите од трансакциона сметка се одземаат парички и нема потреба од судење.
Јас да сум извршител ќе ставам и дупло трошоци.
Бај д веи
Јас не го донесов и потпишав Законот за извршување,мистер Бане президент го потпиша, ако мислел за народот ќе одбиел да го потпише.
А не вака мојот комшија од судијата бил осуден за кражба на петел и јајца, а Бане президент го помилувал за јајцата и сега човекот е на слобода.

Има институција народен правобранител Омбудсман, некој нека стави линк против претплатата, итд.
Само за филозофирање не бива, дајте бидете практични.

Правна поука
И да се жалите тоа не го запира извршувањето.
Значи извршители маваат од трансакциона.
 
Ќе вратат дупло. Не смее никој да ги чепка моите пари бидејќи
1. Услугата веќе ја плаќам (индиректно, преку кабелскиот оператор кој би требало да има договор со МРТВ... ако нема, да им пратам визит картичка па да договорат состанок)?
2. Услугата не ми треба. Комотно можат да се само-запалат бидејќи за мене "јавниот сервис" веќе 15 години не е јавен сервис туку е сервис на политичката партија на власт.
3. Скржав сум.
 
i jass sum skrzav pogotovo koga davam pari za raboti koi nisto ne mi znacat vo zivotot
 
i jass sum skrzav pogotovo koga davam pari za raboti koi nisto ne mi znacat vo zivotot

Како ништо?!? Па ако не беше МРТВ, немаше да знаеме за лентите на Љубе! И тоа секој ден го повторуваат, за да не го заборавиме! Поарно нека врти содржината од бесплатните учебници за седмо одделение, барем децата ќе има од кај да учат дури не стигнат книгите!
 
Дали мене ми се причинува или конечно една одлука во корист на народот, или уште една оптичка варка,пресудете сами.
 
Дали мене ми се причинува или конечно една одлука во корист на народот, или уште една оптичка варка,пресудете сами.

како што разбрав, ако сум грешка нек ми каже некој да не плаќам извршител за 3 месеци неплатени :)))), сметките постари од 1 година, поточно тие од 10, 11, 12-2008 не сме обврзани да ги платиме. затоа што е помината една година и нема судска постапка за наплата. :toe:
инаку, како не се најде некој пензионер да го оспори законот за РДТ на уставен.... сигурна сум дека ќе му најдат фалинка... кај нас и така и така сите закони се со фабричка грешка.

тоа пензионер го пишав, затоа што еден закон падна на уставен оспорен од пензионер од Струга!
 
Да, и јас така ја разбрав веста. Само за 2009та се збори.

А за она со законот не ме терај ни да почнам... И самиот данок го плаќаш на производ/услуга што ја КУПУВАШ/КОРИСТИШ. Освен ова со МРТВ-во, јас не знам друг таков пример, кога плаќаш за услуга што можеби не ја користиш.
Башка што со кабловскиве, веќе плаќаш на некоја фирма за да плаќа за програмите што ти дава да ги гледаш...
 
Ќе вратат дупло. Не смее никој да ги чепка моите пари бидејќи
1. Услугата веќе ја плаќам (индиректно, преку кабелскиот оператор кој би требало да има договор со МРТВ... ако нема, да им пратам визит картичка па да договорат состанок)?
2. Услугата не ми треба. Комотно можат да се само-запалат бидејќи за мене "јавниот сервис" веќе 15 години не е јавен сервис туку е сервис на политичката партија на власт.
3. Скржав сум.
За прво и второ сме исти (3то и којкако) ама шо бре сеа ја МТВ само така ми седи колку да полнит место... мноооогу ретко нешто интересно да има (скоро ич)... така да ама баш ич не ми треба... трансакциона немам, а ако дојдат дома... е тогаш ќе имат мање...
 
Кој да им прати извршител на тие што се задолжени да ги одржуваат предавателите. Во крива Паланка пет недели немаше програма, малку имаше, а од вчера повторно сликата е нестабилна. И после ќе пратат извршител да наплаќа за неизвршена услуга. Тоа го има само во Македонија.
 
Јас колку што разбрав правобранителот застанал во одбрана на граѓаните и кажал дека е незаконски ваквиот начин за наплата на сметките т.е. за цела година одеднаш.
 
Само една сметка од 130 денари. Толку за МРТВ се обврзани да платат граѓаните. Се друго е незаконски и никој не може да бара да се плати ретроактивно за 15 месеци.

По реакцијата на народниот правобранител од МРТВ сами признаа дека треба да се плати само за еден месец. Доплнително сега реагира и Транспарентност Македонија - укажуваат дека постапката на МРТВ е незаконска заедно со извршните решенија за наплата кои стигнаа кај правните лица.

Освен што е прекршен законот за радиодифузија, одреден закон може да се применува ретроактивно доколку Уставот го предвидува тоа, што не е случај и со давачките.

„Транспарентност Македонија ги повикува надлежните институции да изградат јасен став во врска со овој случај и времено да ја стопираат присилната наплата на радиодифузната такса, во кој период на граѓаните ќе им се отвори можност за потпишување на договор со МРТВ и подмирување на законски предвидена давачка во 12 месечни износи“, вели Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија.

Правобранителот грешката ја лоцира кај Македонската телевизија што навреме не ги пратила сметките. Од таму укажаа и дека е неопходно да се има предвид и рокот на застареност по кој рок не може да се преземаат мерки за присилна наплата.

Македонската државна радио телевизија три години нема систем на наплата а последен пат давачката се плаќаше со сметките за струја, што испадна неефикасно. Во меѓувреме пари јавниот сервис го храни владата со пари директно од буџетот.

Извор: А1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom