кажвам темата на филмот која беше
Вистина е дека се бараше светиот грал.Целта беше да се искористи како пропаганден материјал од страната конвенционалните нацистички умови и за окултизам од окултистичките кругови.Светиот грал требало да посведочи за постоењето на ариевската нација од антички времиња.
Пропагандата отишла дури до крајност кога се тврдело дека ариевската нација потекнува од потопениот свет Атлантида. Исто така барана е и Атлантида.
Но да се вратиме на темата.
Егзодусот официјално започнува со кристалната ноќ кога се етикетираат сите евреи со давидови ѕвезди и се воведува бојкот на еврејските услуги,трговија,производи,музика, литература....
Пред почетокот на војната евреите биле собирани во концентрациони логори кој биле нарекувани работни кампови. Германското население немало представа што точно се случувало таму.Пропагандатаим кажувала дека евреите се собрани таму додека се чека моментот за нивна екстрадикција и дека таму имаат многу достоинствен живот и многу подобар од предходно,дека им е обезбедено здравство, храна, школство...
Во првите моменти се планирало масовна преселба на евреите,планирано било да се носат на Мадагаскар.Кога се случува пресврт во војната нацистите го менуваат планот за екстрадикција бидејќи било премногу тешко изводливо и скапо.Се усвојува планот за нивно брзо уништување.
Тогаш евреите се делат на способни и неспособни за рабта.Способните биле праќани во работнички кампови а неспособните биле праќани во кампови за брза смрт.Таму завршувале во гасни комори или биле изгланувани до смрт.
За потребите на медицината евреите беле користени како заморчиња.Се тестирало на нив колку може да се издржи болка без анестезија,колку студ може да поднесе човек,експериментирале со трансплатација на органи. И меѓу најистакнатите експерименти биле на др Мегеле кој имал идеа да создаде ариевски поколенија кој потекнуваат од неариевски родители,се експериментирало со генетика.
При крајот на војната американците и русуте се наближуваат до концентрационите логори,СС единиците добиват наредба да ги убијат сите затворени евреи и да ги кремираат и да биде уништена цела докоментација за да неможе да се утврди точната бројка.
За причините за големата омраза добро е објаснето во предходните постови.
Има премногу да се пишува.
Но верувај ми дека невреди да се замараш за еден куп лудаци кој направија злодела кој неможат да се опишат со зборови.Во тие логори се извршени најгнасните убиства кој не се сретнуваат ниту во хорор филмовите.