Македонија допрва ќе жнее од тоа што ваков малоумен инфант е кормилар на овој брод што тоне - наречен македонско здравство...
Мое гледање на целата приказна со Клинички...
Парите за градба се европски, банкарски. Се нема идеја и знаење да се потрошат. Бев лично вклучен во тендерот за изработка на проектната документација и од тоа што го видов можам само да заклучам дека на секој Македонец поперспективно му е да се фрли од некоја повисока зграда, место да се лечи во оваа држава.
Хируршките клиники во Скопје се регионален центар за катастрофи, имаат капацитет да превземат повредени од природни катастрофи и војни во огромен радиус, целата држава, Косово, јужна Србија, Албанија - 16 операциони сали. Самиот објект е стар и неколку пати надградуван и доградуван. Овие објекти се специјални и имаат специјална технологија на работа, посебни инсталации, со посебен режим на движење на лекарите, како би се одржала асептична средина, затварање карантин исл. Во овој објект точно е дека има пропусти на ова ниво и според мене неопходно е да се корегираат, НО....
Затварање на ваков објект значи катастрофа - што ќе се случи ако на Скопје или некој град во регионот му се случи катастрофа? Дали може некој да става кошулица во една операциона сала, а во другата некој да оперира абдомен? Како ќе се одвива ова реновирање знае Господ само.....министерчено благе везе нема....
Се инсистираше странски фирми да го работат проектот, но македонската малоумност и овде ги проби навидум недостижните бариери - се одеше со јавно електронско поддавање кое како плашило ги растера сериозните проектанти од скопскиот клинички, за на крај само три фирми да се јават. Мене ми е совршено јасно дека нашиве фирми се човек-фирми и се спремни за ич-пари да работат било што и да одат на такви поддавања (кои се небулоза сама по себе) - така што очекувано, италијанската фирма која го доби тендерот си најде тука проектанти кои се беспари ќе го изринтаат овој проект.....а што може да се очекува? Може да се очекува да се добие објект како нова Гинекологија, кој има мал милион технолошки пропусти и на кој му требаа 15 години да се „заврши“ (ова условно, затоа што не е се' на што патор ќе пресече лента - функционално - повеќе е театар)...
Со колегите од странската фирма, која беше овде имав привилегија да разговарам, за жал не и привилегија да работам со нив - беа стаписани од условите во кои „се лечиме“, од начинот на превземање на ваков грандиозен проект (наивно и детски) и од простаклукот на нашата бирократија. Самата програма и самиот коктел од клиники воопшто нема потреба да се групира во еден грандиозен објект - технолошки...тоа што тие не го сфаќаат е дека се цели да се добие празен простор каде би се граделе нови станбени објекти на градежни фирми миленици на власта. Не е разработено сообраќајно решение, паркирањето е начело решено во некакви си (пак) катни гаражи и очекувано е хаосот само да ја измени формата, а не и димензиите....
Инаку како „проект“, ова е главен адут на најќутукот од министер кој што влегол во македонска владина фотеља, истиот кој тера инает со лекарите и оперира на игрица у слободно време...