Млечен ресторан - Кафана Мома

Член од
8 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Возраст
32
Колеги , сакам да ве прашам се што знаете за кафанава мома што се наоѓа во Капиштец : Kои денови работи , од колку до колку саат , како се движат цените и слично ... Па чекам одговори поготово за првите 2 прашања :)
 
Јас сум била еднаш и затоа незнам многу..бендот им беше добар ..белото вино ти 300 а киселата вода 150 шише , порција пилешки прсти 200, негазиран сок 100 ..работеше до кај 1отприлика..внатре е средно средено..јас убаво си поминав кога бев ..:)
 
150 денари кисела вода :eek:
Иам идено неколку пати, и секој пат се поскапи и поскапи беа. Така да година дена сигурно неам отидено може и поише.
Иначе океј е средена. Петок/Сабота мислам има обавезно некој шо свири.
 
За викенди е оној Боби шо го викаат македонскиот Аца Лукас. Добар е. За цени, со оглед на тоа што има жива музика, не е премногу скапо. За работење, знае до кај 2-3 саат некад да заглави, зависи од народот шо е внатре и на кој степен е веселењето.

Иначе се на се убаво местенце е, го препорачувам.
 
Е баш тој човек би сакал да го слушнам ... Пошто матура кога славевме бевме во Мома и супер си поминавме па затоа прашувам што како зашто сакам пак да идам ... :D Иначе така викате - Работи само петок и сабота , или ?? И од колку почнува да работи? :)
 
Прво - не се наоѓа во Капиштец ....
Второ - Не е кај млечниот ресторан (кој што се наоѓа 150-200метри повнатре карши Ли ...)

Трето - Кафаната е супер мада цените се доста дигнати и не секој може да си дозволи пијанка :D
 
Местото е супер, многу пријатно и не е толку многу скапо , има и поскапи места а не толку пријатни, само сто мислам дека веке кога почнува летна сезона наскоро ке затворат.... Незнам кога работат, сигурна сум само за четврток петок и сабота....Свират Боби (кој денови незнам) а други денови еден бенд... фидбек састаф мислам дека се викасе, и доста добри се.... Работат до еден освен ако у гости нема некој поважни луѓе, тогас може и покасно...
 
Работат мислам преку цела недела, ама не е филингот само твое друштво во кафана. Друго е кога е полна.
 
Местото е супер, многу пријатно и не е толку многу скапо , има и поскапи места а не толку пријатни, само сто мислам дека веке кога почнува летна сезона наскоро ке затворат.... Незнам кога работат, сигурна сум само за четврток петок и сабота....Свират Боби (кој денови незнам) а други денови еден бенд... фидбек састаф мислам дека се викасе, и доста добри се.... Работат до еден освен ако у гости нема некој поважни луѓе, тогас може и покасно...
знаеш се за кафанава , ама не си баш сигурна хх
 
Прво - не се наоѓа во Капиштец ....
Второ - Не е кај млечниот ресторан (кој што се наоѓа 150-200метри повнатре карши Ли ...)

Трето - Кафаната е супер мада цените се доста дигнати и не секој може да си дозволи пијанка :D
Центар ли е? Како што знам млечен местото го викаат. Така сите се ориентираат.
 
Се јавив форумџии таму и сите дилеми се решени ... Кога работи , од колку до колку и дека треба да закажам пред да отидам со друштво :D Инаку имам уште едно и последно прашање : Дали точно кај буквата А се наоѓа Мома ? :D
 

Attachments

  • untitled.JPG
    untitled.JPG
    113,7 KB · Прегледи: 21
Се јавив форумџии таму и сите дилеми се решени ... Кога работи , од колку до колку и дека треба да закажам пред да отидам со друштво :D Инаку имам уште едно и последно прашање : Дали точно кај буквата А се наоѓа Мома ? :D


Да , карши Игнатија/Спортлифе по скалите надоле ....Пишува со зелени букви Ресторан Мома (или само Мома ...не ми текиња) ...немоеш да го утнеш.
 
Колеги , сакам да ве прашам се што знаете за кафанава мома што се наоѓа во Капиштец : Kои денови работи , од колку до колку саат , како се движат цените и слично ... Па чекам одговори поготово за првите 2 прашања :)

Мома работеше до 3 сабајле петок сабота. Знаат да се погодат вечери со 70-30 во корист на жени, а и во рандом вечер доста жени ќе начекаш таму. Има периоди кога е гужва па или треба да резервираш неколку дена однапред или да си фатиш врски кај менаџерите. Најчеста страосна група 18-28. Јас идев во саботата на Боби Спасенцовски оти пееше повеќе песни од Аца Лукас и си поминував одлично. Цените 2008-2009 та сезона беа релативно прифатливи, после тоа почнаа да маваат на високо. Од ракија имаше само АНтика, мастика немаше туку само узо и тоа само Плумари, ефтини вина од типот на Смедервка за да правиш литар со литар немаше најефтини беа Тга и Александрија. Ако си средношколец/студентарија ќе ти биде соленко. Храната е просечна, услугата просечно добра, ентериерот е просечен-подрум со камења, малку потсетува на винарска визба во стар стил ваљда тоа му била намерата на тој што ја правел у седамдесет и неке. Меѓутоа Мома не е една од оние кафани каде што одиш поради храната и специјалитетите како што е на пример ДМ, Љуц и слично нит ти е еден од оние фенси рестроани како Виторија или Воденица каде што одиш со девојка ти да славиш 2 години врска за да и се улижеш да добиеш бонус неостварен фетиш подоцна во текот на вечерта. Во Мома се оди заради атмосферата и еуфоријата. А успешни се во остварувањето на атмосфера, затоа и ги држат тие цени. Во Мома одиш или по риболов или да си олесниш душичката и да имаш ноќ за полупаметење или и за двете. Да те предупредам, ако ти текне да пецаш, да знаеш дека чат-пат, ретко додуша знаат да се заседнат и волови од оние за орање без влакна и дебел врат кој чиниш не е врат туку продолжение на главата. Како што кажав, не е тоа толку често како што знае да биде на пример во Сити и Приорити во Беверли Хилс или клуб Рицар во Лисиче ама не е лошо прво да си провериш дали местото каде што ќе фрлиш трска не е претходно зафатено. И химаната на Мома е следнава песна и кога се изведува сите гости ја знаат па не е лошо да ја поднаучиш за да не се чудиш која е песната и како сите ја пеат.


Во Мома не сум бил повеќе месеци може и година да има, па информацииве не се нај-најсвежи ама не верувам дека нешто значително се има сменето. Се надевам ќе ти помогнат информацииве. Мене ми останува да ти посакам добар провод и да пишеш како било.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom