Прашање на концепт?
Дали да се прави купи продај или да се купи и да се поседуваат акциите.
Целава работа може да се гледа и низ типот на луѓето кои се присутни на берза во моментов. Сите оние кои идат по тренерки со билтенот у раце(пардон со дневните листи) и мислат дека МСЕ е една голема кладилница играат на првата варијанта. Денес ќе купат за 400 по акција за недела дена ќе продатат за 800 по акција. Нешто налик на сингл Челзи 1.35. За 5000ки добива 6350 нели.
Оние кои одат како инвеститори или кои имаат идеа, да парите кои им се вишок заработка, ги инвестираат и очекуваат пораст на акциите на долг рок дефинитивно ќе остварат капитална добивка.
На крајот на краиштата тоа е разликата меѓу кладилничари и претприемачи.
И најосновните курсеви за претприемништво првото на кое ќе ви потенцираат е дека нема брза заработка и дека доколку заработувате многу пари во краток врем.период нешто не е во ред.
Секогаш на крај најмногу добива оној кој инвестира и кој има идеа за тоа што и како прави со парите, оние кои играат од денес за утре, и у кладилница и на берза се со тренерки и со ливчињата в раце, а тоа не е случајно, а уште помалку е стил на облекување. Нели?
Се разбира овде не влегуваат примерите како Џорџ Сорос кој за ден два затвора берзи, пошто он очигледно игра со суми со по осум до девет нули во сумата.