Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се уште не сум продал КМВ се мислам дали да излагам ако падне уште или ке застане можеби тука до 6.000 денари , како е со налози денес ке оди под 6 што мислите ?
Гледам НЛБ изненадувачки 5 % во плус , со оглед дека другиве компании све паѓа по 5 % освен НЛБ и КМБ иако паднаа некако се држат да не им се деси потоп веројатно ради јаките дивиденди што ги дадоа .
Европските берзи како е ситуација денес ?
Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .Што направи друже??
Za 4 nedeli od sega mislam deka ke se vratime vo kamena doba (barem nie vo RSM). Jas bi zeml kredit za da kupam togas. A inaku izgoren sum sega"buy when there is blood on the streets "
Дали и кога (ќе ) има крв на улиците, одлучете си сами.
Note: This in NOT a trading advice.
Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .
Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .
ima . shortanje se vika. i jas ne pamtam podobri berzanski denovi za toa. vo petokot bilo sto da si prodal denes si 15%Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.
Да, но не очекуваат сите дека овој пад ќе трае доволно долго за да шортаат. Јас би попрво чекал идеална шанса (условно кажано) за да купам поголема сума акции и да ги држам на подолг рок. Помалку стрес, веројатно и помала добивка, но посигурна.ima . shortanje se vika. i jas ne pamtam podobri berzanski denovi za toa
Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.
Кола секој купува поскапо, а продава поевтино. Акции не баш, ќе чекам да дојде над нивото на кое сум ја купил, а веројатно и тогаш нема да ја продадам поради дивиденден принос.Зашто да не ? Подобро е на пример 7000 ден. акција да продадеш или на 4000 за пар денови/ недели ?
Па за месец дена со тие +/- ќар да докупиш дупло што на долг рок може и да оди до 10.000ден акцијата конкретна.
Два дена чекам одговор од политичките владини полтрони „Зошто берзата паѓа, а влеговме во НАТО вчера КОНЕЧНО“???
Очекував некој да се одважи после толку потрошено време, стотици афирмативни постови за НАТО и блескавата економската иднина со НАТО и ЕУ . . . .
Па после толку испишани постови низ годините вредеше да го одбележете приемот со по некој пост ???
Некако не ни расте берзата со приемов, а уште ќе паѓа ??? Несакам да ги набројувам поединечно сите ги памтам истите тие беа полни со политички памфлети низ годините и сите што размислуваме различно не етикетираа и не банираа . . .
Ќе речат вондредна ситуација. А Нато кога треба да помага во мирни и нормални ситуациии ????
Италија е во НАТО и никој од сојузниците не им помогна освен КИНА. А умираат 400 луѓе дневно, повеќе отколку во војна.
![]()
Пред 11 години светот прележа панедмија на свински грип, и тогаш имаше заболени фудбалери
Пандемијата со коронавирус не е прв ваков случај во ХХI век. Во 2009 година светот веќе преживеа моќна инфекциска болест: свински грип зафати повеќе од 200 земји, го стопираше спортот и посеа страв во светот.off.net.mk
Додека сами не си засукаме ракави никој нема да ни помогне ни НАТО, ни ЕУ . . . . А ние само го тресеме возот за да изгледа дека се движи . . . И нон стоп ја чекаме економската година, де тоа е 2018, де 2019, де 2020 . . . Тевдо нечинел, а прогресивниот данок чинел ама ќе го суспендираме . . . Економијата блеска, ама ќе влеземе у рецесија . . . . Место да ги затвориме границите ние ги затвораме компаниите, а дупката у буџетот Цацко ќе ја покрие... На вредната администрација и покачивме 10% плата, а нема кој буџет празен . . . .
@Blizzard ти брат немаш врска со падот на берзата, ама претера со количеството постови... Им ставаш сол на отворена рана на многумина кои изгубија, уште ќе губат пари . . . Ти не си им воопшто крив, сами носеле одлуку. Не го следев форумов некое време, ама ми изгледа дека си бил еден од ретките кои предупредиле . . . дури треба да ти бидат благодарни . . .
Далеку се повиновни оние што пумпаат неколку години по ред и мислеа дека растот ќе иде до бесконечно... Сега истите ги нема никаде, се кријат, ќутат . . . Наебаа тие што им веруваа и берзата ја сваќаат како кладилница во која секогаш добиваш..
Најинтересни ми беа шпекулациите дека КМБ ќе ја шитне Хари на 10000 денари ???? Кој будала ќе купи банка на 2 бука ??? Која банка во Европа се продала на 2 бука во последниве 3 години ??? Па само Чифлиганец е толку будала да плаќа банка на 1,5 бука во моментов во Европа. А во исто време на банката и паѓаат приходите драстично секоја година. Кредитите и стагнираа до оваа година и профит прави од продажба на недвижности.
Би сакал да го искоментирам новото ограничување од -5%.
Раководството на берза незнаејќи како да го развие пазарот се фаќа за идиотски потези..
1. Еден куп државни обврзници вклучија во тргувањето, а никогаш не се тргуваат. Неможеме извештајот за тргување да го прегледаме од безброј непотребни редици . . .
2. Нели им текна да го ограничат на 1% ептен ќе го спречеа падот.... Истото ова го направија во 2007/08 година ама падот не го спречија дури неколку години берзата хибернираше . . .
И на крај дневно има по 7-8 страни постови повеќето од нив немаат суштинско освен паника, а излегоа еден тон годишни финансиски извештаи кои се основа за раст на фирмите.... За оние што деновиве изгубија пари, а се почетници во овој бизнис, повеќе ќе им користи да научат финансиски извештаи да читаат отколку да му веруваат на некој од форумов што ќе порасне.