Место фала да кажеш и да прашаш што ке е следно, што да правите, вие само ме пљукате, и после зашто така ве викам...каква паника ширам бе, ви продавам БЕСПЛАТНО памет, ама пак ке кажам, на човек СО ЗОРТ неможеш да му дадеш, можеш само да му земеш.
Мислите дека сте најпаметни, врска немате од економија, од фундаменти, од макроекономски показатели, па барем признајте си дека не знаете и прашајте ги тие што знаат.
Корона или не, берзата беше ПРЕЦЕНЕТА, Корона е само катализатор за оволкав пад на таа преценетост. Све има во моите постови, вратете се назад ке видите.
Ви кажав пред 3 месеци, пред 2 месеци, ви кажав уште кога беа акциите на солидни цени за продажба ( АЛК 12, НЛБ 18 и сл. ) ама не слушате, што да ви правам.
Јас кажувам мое видување, а кој што сака нека си прави понатаму, дали ке послуша или не тоа си е негово.
Пак ке кажам, многу сум јак, јас ја креирам глобалната паника што во моментот Италија е -14%, Германија -8% , УК -12% итн.
А нормално е, пред 3 години берзата не беше преценета, него ВИЕ незнајаците купувавте без да ви е битна цената и ја пумпавте со постови од тип АЛК НА 20К, КМБ на 15К, ГРН на 2К и со вашето однесување ја доведовте до преценетост. Можеда најдеш мој пост пред 3 години каде викам дека е преценета? Копај можда ке најдеш дека велам да КУПИТЕ.
Е тоа е разликата.