Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од 7,06 % , а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.
Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од 7,06 % , а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.
Изгледа завладеа вистинската паника и стигнале премногу барања за откуп на удели од „инвестиционите фондови“ и сега нема кому преценетите акции да му се продадат, па се одлучија да го запрат тргувањето. Во меѓувреме сите ќе мислат дека не осиромашиле и ќе си се наплаќаат провизии на повисока вредност. Управувачките и депозитните провизии на годишно ниво се движат од 1,5% до 3%.
Еве нпр. овие во индексниот фонд на врвот имаа скоро миљарда денари под управување, на што годишно би наплатиле околу 14.500.000 денари провизија. Со падната вредност на инвестиционата единица и повлечени удели, тоа може и двојно или тројно да се намали. На годишно ниво разликата за целата фондовска индустрија може да биде и миљон евра помалку наплатена провизија, т.е. многу пониски бонуси и добивки.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.