Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Се отвара ли eTrader, може ли некој да ја постира листата со купови /продажни позиции
 
Што направивте бе другари :pos:
Човек не смее обврски да заврши посабајле, дур да стигнам до банка отишле цените во облаци. Не сакав да форсирам па само уни купив за околу 2400. Тивкеш лесно ќе стигне до 6000 ко што ја очекував и без еуфорија за неколку месеци ама ете политичката неизвесност ме уплаши и не купив.
Отиде тнб 15000 бидете стрпливи малку. И куповна и продажна се над 15.
 
Ај сега сите Богати и среќни...до колку ќе оди ова? Обичен памп анд думп? Или неколку дена? Или неколку месеци? Или до следната рецесија? Вечно сигурно нема :)
 
Денес брокерите се утепаа од работа за цели 10 години , нонстоп вртеа телефоните ..
Незнам колакав ке биде денес вкупниот промет но мислам ке биде можеби и до 150 рекордерски милиони ...
 
Денес брокерите се утепаа од работа за цели 10 години , нонстоп вртеа телефоните ..
Незнам колакав ке биде денес вкупниот промет но мислам ке биде можеби и до 150 рекордерски милиони ...
Znaci denesniov den ke se vika EUforicen ponedelnik. :D
 
Тиквеш го укинаа спорниот член 25 и сега во него пишува Може наместо Се Обврзани.

Ќе биде интересно да се види реакцијата при објавувањето на резултатите од првиот квартал во 2019та со оглед на тоа дека НЛБ, КМБ и СТБ оваа година имаат екстра приходи (еднократни) кои ќе имаат значителен удел во годинешната добивка.
 
Се појавија многу “Нели ви реков“-Пророци.
Реално гледано имаше поголеми шанси да се оди на избори, колку и бесцелно да беше тоа, отколку да се собере 2/3 мнозинство. Внатрепартиската демократија помогна, но ќе беше немоќна без заканата на мечот на Јустиција. :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1540231943][/DOUBLEPOST]Сакам да кажам дека беше многу разумно да се движиш кон кеш. При бесмислени избори со кој ќе се изгубеше време, а само ќе се потврдеше status quo-то и плус ќе им се отвореа апетити за чепкање по устав на албанските партии, падот на берзата можеше да биде долготраен.
И така јас тргнав накај кеш, ставив во понеделникот продажен на ТНБ на 14200, но никој не ми ги сакаше. Во вторник тука некој постираше дека НЛБ пред продажба ќе го дели пленот и се пишманив-го повлеков налогот. И Бинго.
 
Последно уредено:
Здраво,

Подолго време се размислував за инвестирање во берза, но еве сега конечно се решив (случајно или не после денешниве случувања).

Би сакал да ве прашам околу еTrader системот, како е процедурата за пријавување и колку изнесуваат трошоците за користење на тој систем (годишна чланарина?, провизија по трансакција и сл)?
 
ако си почетник не ти треба е-трејдер. отиди кај брокер и стави налози и тоа е.
 
И мене ме интересира истото, не сум почетник, пишете ве молам повеќе инфо за процедурата. Поздрав

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
И мене ме интересира истото, не сум почетник, пишете ве молам повеќе инфо за процедурата. Поздрав

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Еве и јас ќе се пријавам, малку подетални инструкции ме интересираат, околу цени на брокери, разноразни такси и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom