Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека една од првите книги што ми ја дадоа беше оваа..
https://finansijskoposlovanje.files.wordpress.com/2013/09/analiza-finansijskih-izvestaja.pdf
после најдов мнгоу други на интернет, подетални.. ама не се напрегај одма многу со тоа.. дај си година дена време на постпеено учење.. плус секогаш има нешто ново..
Научи ги исто така што значат Working Capital Ratio,Earning per share (EPS), Price to book ratio,
Dividend Yield, P/E, P/S... тие ќе ти користат најмногу..

http://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios/163
овде ги имаш некои од нив пресметани..
Следјќи го форумов можам да приметам дека финансиската писменост во споредба со пред 10 години на просечниот инвеститор (физичко лице) во Македонија е доста зголемена. Дури и тоа се гледа на МСЕ не е како порано шуто и рогато да расте (не дека нема сега) ама многу помалку. Што е добра работа.
 
Во ред, по Велигден ќе проверам и направам анализа, па ќе Ви пишувам што сум заклучил и каков избор направил.(y)
 
Изгледа Ѓорги Јованов поприлично ќе си го зголеми делот од своето богатство инвестиран во STBP.

upload_2017-4-19_10-38-45.png
 
Изгледа има намера Ѓорги да предложи нешто на наредно собрание на акционери. ;)
а ред е и останатите акционери да го ислушаат, па и да го поддржат ако треба... :)
 
Изгледа има намера Ѓорги да предложи нешто на наредно собрание на акционери. ;)
За предлагање мислам дека ќе му требаат да собере уште многу акции.. ова 5,23% е од приоритетните.. од вкупно сите акции што имаат право на глас тоа е само околу 0,65-0,7%.

Сепак, интересно е што има купено толку од приоритетните.. мислам дека тој е еден од директорите во Алкалоид (можеби грешам ама има еден со такво име во управен одбор).. можеби има начуено од муабетите дека при продажба, приоритетните ќе се конвертираат во обични акции со однос 2:1.. или можеби дека приоритетните ќе добијат годинава иста дивиденда како и обичните..

се надевам набрзо ќе дознаме ;)
 
Направив едно истражување вечерва за конвертирањето на приоритетните акции во обични кај некои Банки:

Последно е кај УНИ Банка на крај на 2013 година: http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=32883
Кај Стопанска Банка Битола тоа се случува во 2012 година.
Единствено кај Комерцијална Банка има конвертирање со различна номинала, па ковенрзија (врз основ на номиналната вредност): http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=19388
Кај НЛБ Тутунска Банка конверзијата се случи во 2006 година...
 
Кражбата си го направи своето
 
Некој зачестено купува акции од МЗТ Енергетика, веројатно има атрактивни објекти.
 
Некој зачестено купува акции од МЗТ Енергетика, веројатно има атрактивни објекти.

Веројатно ???

Говориме за цел индустриски комплекс, а баш сега кога Жикол почнаа да градат таму зграда - станбен објект, ако не грешам - тој реон е повеќе од атрактивен.

Уште да им текне и да ја урбанизираат и Керамидница, па можеби ќе заживее и тој реон, ако не индустриски, барем урбано.
 
Не сум од Скопје и конкретно не знам каде се наоѓа. Збориш за нешто во близина на Годел? Видов дека е Перо Наков улицата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom