Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
1. Реакција на инвеститорите : Во услови на експанзивна геополитика и монетарна политика , опуштете се , затоа што кога на некој ќе му се стемни на друг ќе му се раздени. Читајте за Светските Кризи , големите депресии , хипотекарни кризи , зошто не е само влез , важен е и моментот на излез , односно капитализација ! Претседател на САД е обично глумец , инфлуенсер или бизнисмен . Пентагон е тој кој ги води работите во САД. Американските Берзи постигнаа историски рекорди во изминативе години , исто така и вредноста на биткоинот , цената на недвижностите , и сега тоа на некој начин треба да се регулира , преку кризи , а како ? тоа од наша инвеститорска перспектива и искуство ќе го објаснам подолу.
2. Локална перспектива : Локалните инструменти и можности се состојат од големи ризици , затоа што пазарот е една мала бара полна со крокодили. Во нашиот случај крокодилите се обично измамници , преваранти , шљам , камењари , копуци , лигуши , скриени позади одела и вратоврски и титули како портфолио менаџери , и разни други менаџменти и менаџери. Користат изрази и цитираат светски инвеститори , а обично тие механизми овде не врват и завршуваат како најдолна превара , која тешко ја разрешуваат и институциите на системот. Инаку IQ на шимпанзо и на портфолио менаџер е отприлика исто , ова го тврдам и можам со научен труд ако треба и да го докажам.
- Совет и сол се дава , само кога некој ќе ти побара. Ако некој ти нуди совети тоа значи дека промовира некаква понзи шема , измама , која трае кратко, а последиците се огромни. Затоа сами управувајте со својот капитал. Соња Николовска ТАТ беше прогласена за Менаџер на годината , а заврши во долгорочен затвор , затоа што ги измами најмногу Битолчани. После имаше некакво обесштетување , но изгубените животи , нерви , стресови , време , се необесштетливи или неповратни. Лавци , Алфа С , заробени девизи , девалвации , пропаднати обврзници , деноминации , one coin , 2024та не се сеќавам на името имаше исто милионска проневера на измамени Македонски инвеститори.
- Како почнуваат Кризите и како завршуваат. Кога почнува една криза почнува прво од Американските медиуми , и ја најавуваат Бизнисмени како Елон Маск , Ворен Бафет , Бил Гејтс со твитови , па продолжува со анализи на CNBC , CNN и други медиуми и настанува хистерија. Потоа таа хистерија се префрла на Европските берзи а последно реагира и Македонската Берза на хартии од вредност. Низ годините некои ликвидни акции генерираат пазарна вредност неколкукратно поголема од книговодствената. Книговодствена вредност на Цементара е околу 5000 денари а има пазарна вредност од 45000 денари . КМВ е околу 28.000 денари а книговодствено е нецели 10.000 денари. Така е и со Светските Берзи и инструменти. Берзите се ПРВИ кои реагираат на секоја КРИЗА , но и ПРВИ кои ќе почнат да растат кога завршува кризата. По нашки да не користам некои тешки термини прво следува ХАЛФОВАЊЕ , или КОРЕКЦИЈА на цените . Во таа еуфорија се прават и многу лоши и многу добри потези. Но секој сам да ги правите потезите врз база на анализи , а НИКАКО некој друг за ВАС !
3. Избор на акции : Кога ќе почнат Кризи , се намалува вредноста на акциите , уделите по фондовите . Некои искусни инвеститори тогаш КАПИТАЛИЗИРААТ и продаваат на паѓање. ЗЛАТОТО или инвеститорското ЗЛАТО тогаш добива на вредност. Американскиот долар исто така генерира вредност во однос на останатите валути. Откако ќе помине ЦРВЕНОТО на БЕРЗИТЕ , или периодот на мечката , настанува еден период на депресија , каде почнуваат муабетите , БЕРЗАТА е КОЦКА , настанува страв од вложување и тогаш т.н. ПОРТФОЛИО МЕНАЏЕРИ ловат . Советуваат дека со вашиот капитал треба да управуваат учени луѓе "СТРУЧЊАЦИ" , кои економијата ја вртат околу малиот прст. Тогаш е времето на , ТИ НЕМАШ РИЗИЦИ , само вложи и спиј си џова бебенце , во сигурни раце ти е капиталот . Но секогаш имајте на ум дека IQ на ШИМПАНЗО и на ПОРТФОЛИО МЕНАЏЕР е ИСТО . Македонија е мал пазар , обично ДОВЕРБАТА на ваквите ПРЕВАРАНТИ ја даваат РОДНИНИ , ДРУГАРИ , и се расипуваат долгогодишни ВРСКИ.
- Најлошото што кај инвеститор може да се случи е заради погрешна инвестиција во ИЗМАМА повеќе да не инвестира. Но во време на депресија после ГОЛЕМА СВЕТСКА КРИЗА е време за т.н. асиметрично вложување или по нашки БРАН. Затоа фаќајте БРАНОВИ кои во Македонија се многу малку и на тронот се качени Длабоката Држава , Политичките елити и Директори по фирми а можностите можат да се избројат на прстите од една рака. Значи инвестирањето на МБ стана ИГРА НА ТРОНОВИ ! Во СТРАНСКИ удели и берзи , не вложувајте голем дел од капиталот , ЗАТОА ШТО НАЈЧЕСТО ќе налетате на page not found , а и немате НАДЛЕЖЕН СУД каде би истерале некаква правдина. Вложувајте но РАЗУМНО.
- И на крајот остануваат недвижностите , СТАНОВИТЕ кои се најчеста инвестиција. Според мене и таму почнува ХАЛФОВАЊЕ во Скопје. Премногу кредити се земени , а во услови на кризи , инфлации , скапотии , становите ќе им останат на Банките за да ги наплатат хипотеките. Кога Банките ќе продаваат и цените на становите ќе паднат. Станови има и друг ризик а тоа е режиски трошоци , ризик од поплава , амортизација итн.
На крајот да го напишеме АЛГОРИТАМОТ на КРИЗИТЕ !
чекор 1 - ХАЛФОВАЊЕ ! ( КОРЕКЦИИ на цените на СЕ И СЕШТО )
чекор 2 - СТРПЛИВОСТ и ОГРОМНИ АНАЛИЗИ . читање и информирање исклучиво од КНИГИ !
чекор 3 - АСИМЕТРИЧНО ВЛОЖУВАЊЕ , или фаќање на БРАН ! ( дисперзирање на ризиците , вложување во повеќе инструменти или ЕВРЕЈСКАТА ПРИКАЗНА )
чекор 4 - ТРОШЕЊЕ ( еднаш се живее , трошење на добар провод , одмор на море , хоби , а никако да се остане РОБ на КАПИТАЛОТ и гледање карти како одат нагоре и надолу , значи ЕДЕН е ЖИВОТ ) !
p.s. После Големи Светски Кризи и Депресии обично има СВЕТСКА ВОЈНА ! Иако 3та Светска Војна веќе одамна се одвива на економски план , со биолошко оружје со вируси , ако почне ГОЛЕМА СВЕТСКА КРИЗА мислам дека овојпат ќе има вистинска III Светска Војна со огромни жртви , ново поларизирање и губење територии. Дај Боже да грешам , ова е САМО МОЕ МИСЛЕЊЕ !
Преку брокерКако купувате Мк акции? Преку банка или брокер во Мк?
Како купувате Мк акции? Преку банка или брокер во Мк?
Како купувате Мк акции? Преку банка или брокер во Мк?
Гледам денеска ТНБ со рекорд. Да не се знае веќе неофицијално колку ќе биде дивидендата?
Kolku i da bide dividendata,akcijata e PRECENETA !!!
Мислење или совет за земање кредит за купување акции?
За некои акции како што растат и со дивидендата што се доделува не изгледа лошо.
Мислење или совет за земање кредит за купување акции?
За некои акции како што растат и со дивидендата што се доделува не изгледа лошо.
Zdravo, dali nekoj ima informacii za plakjanje danok na dobivka od prodazba na akcii na makedonska berza? Kade, kako se prijavuva?