Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Вака почнала француската револуција. Луѓево земаат кредити за да преживеат.
А како ќе ја намалат инфлацијата која што е огромна. Колку и да земаш кредит со ниска камата нема да ти помогне ако имаш 15% инфлација за 2023та дополнително на онаа од 2022ра.
 
Одлично, ете и јавно признание, такашто КХВ и на ЈО со овие индиции само треба да извадат куповни и продажни налози за инсајдерите и поврзаните лица и да покренат постапки за оштетување на пола македонски граѓани што уплаќаат придонеси во втор столб во Сава:

Screenshot 2023-02-09 at 12.24.41.png
 
Ова со каматата на благајничките записи е јасно зошто го прави НБРМ инфлацијата мора да се заузда. Но од друга страна се најавува зголемување на минимална плата на 20.500 денари и масовна корекција за толку кај платите во државната администрација. Едната мерка со другата си противречат. Јас го разбирам социјалниот момент но испаѓа дека секој си влече на различна страна и нема добро усогласеност кај институцииве. Инфлацијата според мене во добар дел е шпекулативна кај трговците покачувањата не секогаш им се оправдани и таму треба да биде фокусот.
 
Ова е тоа Биполарно растројство кое се манифестира од една страна со лижење газ на олигарси, за по две недели да се фрлаат клетви, дрва и камења по нив.

Дистрибутерот Нелт со годишен приход од околу милијарда евра ја поседува месната индустрија Неопланта, па има скоро идентична дејност со ПКБ. Нашиот Мик Џегер Кутревски може да одлучи да им ги шитне авторските права на сувомесно-никотинската дискографија, па да им подели по триесетина миљони евра на синовите, а они потоа нека купуваат мали фирми и нека доразвиваат брендови или нека си бидат финансиски инвеститори ако се заситиле од досегашната работа

Постои граница до којашто парите некому му се потребни за нормален живот, а над тој износ само болно алчен човек може да сака да го исцеди и задното денарче у секоја зделка. Никому нема да му биде битно дали на децата ќе им оставиш доволно пари за лагоден живот или дупло или тродупло или стократно од тоа, туку што си направил за подобрување на општеството во коешто живееш. Сите знаат кој бил Крсте Мисирков, ама никој не знае кој бил сопственикот на тогашната најголема месна индустрија.

Смешно е и да се спореди успехот на Кутревски којшто продава производи на конкурентен слободен пазар со бензински пумпи, градежништво и тендераштво за во кои да успееш мора да си во кревет со власта.

Инаку, да ги спомнеме и некотираните компании. РИП Гоце Камчев, а Кутревски се искачува на второ место на листата на најдобри живи македонски бизнисмени:

Ако случајно корумпираниве институции и правосудство им дозволат да дадат јавна понуда по смешно ниска цена при десетина тековни граѓански и кривични предмети во миљонски износи, може да ме оштетат и до 300.000 евра во однос на реалната цена. Во таков случај, без никаков интерес за имиџот и работењето на фирмата, доживотно има да ги лаам пред секој инспектор, обвинител, новинар и бизнисмен што само еден медиум да им се настрви да ги рекетира или една зделка да им пропадне - ќе изгубат многу повеќе од износот за којшто мене потенцијално ќе ме оштетат. Дури нема потреба ни да лажам или клеветам, доволно е само да ја кажувам вистината. Вистинско чудо е фирма што труе народ со цигари и сувомесно со адитиви да има добар општествен имиџ.
 
Ова со каматата на благајничките записи е јасно зошто го прави НБРМ инфлацијата мора да се заузда. Но од друга страна се најавува зголемување на минимална плата на 20.500 денари и масовна корекција за толку кај платите во државната администрација. Едната мерка со другата си противречат. Јас го разбирам социјалниот момент но испаѓа дека секој си влече на различна страна и нема добро усогласеност кај институцииве. Инфлацијата според мене во добар дел е шпекулативна кај трговците покачувањата не секогаш им се оправдани и таму треба да биде фокусот.
Минималната се зголемува по автоматизам бидејки таков е законот. Секоја година се прави корекција од платата за март.

Овој проблем е особено изразен во САД, поради состојбата на пазарот на трудот има огромна инфлација на цената на трудот и потоа нормално тоа се рефлектира на целата економија. Мислам дека имаат најмала стапка на невработеност во последните 50 години при ваква криза.

Магепсан круг.
 
Прашањето е само дали ќе расте кредитирањето при вакви екстремни услови [emoji91]
587a99af3db00e3bd7a9cc1028c35c88.jpg

Да не го заборавиме и другиот тас со каматите на депозити. Дојдоа до 3.45% а веќе со вакви придвижувања сигурно одат до 4.25 -4.50 %, па ќе се постави дилема особено пред дивидендофилите дали да штреца на берзански промени или да се паркира на 3 години лаганица. Никад не мирисало на 2008 како сега. ПС: Ви текнува сигурно на баснословните 12% камата...убави времиња
 
Super zatvori si gi na tri godini u depozit pa za 6 meseci ke pocne da paga a kamatata ti e promenliva pa za godina ke ti ja spustat pa odi razroci gi ke izgubis eden kup pari nema podobto od akcija u banka nego depozit uistata sum go odel toj pat
Автоматски споено мислење:

:) :) :)
 
Каматата е фиксна за цели 36 месеци. Тоа се моменталните услови кај нас. Сум го одел и јас и беше феноменален. 2008 - 2011 ја одрав стопанска, имаше дури и камата за 13 месец, толку беа очајни. По истекувањето на орочувањето секако дека нагло паднаа прво на 5 па 2.5% итн. Но, кој имаше кеш у тоа време си знае колку беше јако тие три години.
 
Fiksna koja e taa banka fiksnosto dava ? Ja menjaat zavisno od Narodna banka kako zgolemuva ili namaluva kamata na blagajnicki zapisi
Автоматски споено мислење:

Samo sto sporo zgolemuvaat a brzo namaluvaat
Автоматски споено мислење:

Da ne mislis na bivsata Euro Standard na Trifun
Автоматски споено мислење:

Zatoa i si propadna
 
Не е точно, но ок те разбирам во одбрнбена позиција си. Да не зафаќаме веќе простор со ова, споредно е.
 
СТБ даваше, 3,25% за три години, со исплаќање на каматата унапред. Идеше негде 10% од вложеното да го добиеш назад. Е сеа за три години што ќе биди...

Исплаќањето на каматата унапред важеше и за пократки депозити, нормално со помала камата.
 
Кооја година тоа
Автоматски споено мислење:

Не бранам нисто само си давам мислење
 
Среќна нова 2026 година?!
Со новиот промотивен депозит од Стопанска банка добивате подарок од иднината.
Дознајте повеќе за промотивниот депозит со кој добивате исплата на камата со БОНУС камата однапред!
Штедете сега со гарантирани каматни стапки до 3.2% за депозити во денари и до 2% за депозити во евра.
Оваа уникатна понуда важи до 31.12.2022
 
Ако веќе се отвора темата за депозити, моментално, убедливо највисоки каматни стапки има во Халкбанк, притоа и понудата на депозити им е најдиверзифицирана во однос на другите четири големи банки.
 
Здраво дечки. Нов сум во овој свет и сеуште ги учам работите. Минатава година примив дивиденда првпат, имено од УНИ банка.
Ме интересира дали е потребно да ја пријавувам дивидендата во УЈП рачно ? Свесен сум дека 10 посто данок веќе е одбиено дур парите доспеале до мојата сметка, само ме интересира дали треба плус рачно да пријавувам нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom