Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Јас продадов се и купив усд и шортови пред некое време. Сега за сега добро оди. Мислам дека уште ќе паѓа. Средно до јако бериш сум.
 
Наводно на врвот на балонот со лалињата, за цената на еден корен можела да се купи куќа на канал во Амстердам. И за цената на еден биткоин можеше да се купи стан во центарот на Скопје. Меѓутоа, имам некое чувство дека не ја живееме баш сега пропаста на криптовалутите туку дека ќе изгледаме уште некоја епизода.
There’s a financial joke: If inflation continues at current rates, the purchasing power of wealth held in dollars will be cut in half over the next eight years. But cryptocurrencies can beat that: They can lose half their value in just a few months.
 
Се чини дека ситуацијата е ептен лоша во Бетон.

Реконструкцијата на патот Катланово-Велес e во застој откако е раскинат договорот со градежната компанија Бетон.
 
Се чини дека ситуацијата е ептен лоша во Бетон.

Реконструкцијата на патот Катланово-Велес e во застој откако е раскинат договорот со градежната компанија Бетон.
Договорот од поодамна е раскинат, која е причината останува непознато. Повеќе загрижувачки се и гласините дека вработените веќе 3 месеци немале земено плата...поранешни раководители си заминуваат од фирмата, а очигледно е дека и тешко им оди со наплата на побарувањата...Пред повеќе од 1 година објавија дека склучиле зделка вредна 8.000.000 € во Хрватска, ама тоа во билансот не се појавува никаде ... Од НБРМ треба да наплатат 11.000.000 € за новата зграда, ама и тоа кога ќе ја заврашат. А тоа кога ќе биде ??? ... навистина лошо...
 
Последно уредено:
Ова шо гледате тук-таму по две-три акции обрт на мсе деновиве е всушност од една страна неиспилени трејдери и тепкароши (ала ми треба пари за аранжманов у Турска .. ) и инсајдер бајинг од друга страна на SALE. Секое трето соопштение е дека некој од менаџментот напраил џандар збира на се шо е поминато за таа недела.
Не заборавајте дека раководствата веќе уживаат во луксузот да го знаат исходот од втор квартал (Q2) додека смртниците таа привилегија ќе ја заслужат тек на почеток на август.
 
Договорот од поодамна е раскинат, која е причината останува непознато. Повеќе загрижувачки се и гласините дека вработените веќе 3 месеци немале земено плата...поранешни раководители си заминуваат од фирмата, а очигледно е дека и тешко им оди со наплата на побарувањата...Пред повеќе од 1 година објавија дека склучиле зделка вредна 8.000.000 € во Хрватска, ама тоа во билансот не се појавува никаде ... Од НБРМ треба да наплатат 11.000.000 € за новата зграда, ама и тоа кога ќе ја заврашат. А тоа кога ќе биде ??? ... навистина лошо...
Со оглед на тоа дека имаше објава дека ќе ја продадат и управната зграда, очигледно е дека ситуацијата е ептен критична. Впрочем тоа се гледа и во билансите.

Можеби најдобро ќе биде да се точни шпекулациите дека некој ќе ги купи па со вбризгување капитал да се подобри состојбата.
 
...На повидок можно решение на СТБП или пак повторно замајување на акционерите кои што поседуваат приоритетни акции од Стопанска ...
48a9d607a6ca97f91c234673aebc76cb.jpg
 
За кредибилитет, ќе понудат конверзија, ама нема да биде 1:2. Најверојатно 1:1, или оптимистички 1:1.25
 
Dali moze nekoj da me poduci kako e procedurata za isplata na dividenda?
Konkretno imam akcii od Granit & TEL za koi treba da mi isplatat ama ne znam dali treba nekade da podnesam moi dokumenti (smetka, licna karta...) ili pak toa bi odelo preku brokerot?

Dopolnitelno dali moze nekoj da kaze bid & ask na Makpetrol?

Odnapred fala za dvete :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom