Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Шо заќутевте бе браќа, да не пишува у одлуката кој го уби Кенеди у Далас? :) Бар фала кажете му на Тендо шо ви го напраи денот :)
 
Последно уредено:
У светот постои фазон Christmas rally коа луѓе трошат последна залиха на пари затоа шо едноставно им е јако, бонусите легнати, снегчето белее, баба мразици насекаде, омикронот на апарати и тн. БТВ терминот е својствен и за берзите ин д фрст плејс. Кај нас нишо нема од ова погоре но сепак модата е до детаљ запазена, МБИ10 стоооо, гори упм.. Ол тајм хај и АЛК и КМБ и ТНБ.. Еве и ПКБ ќе пркне кај и да е со шо колективно форумвската кауза е задоволена. Јануари е месец на големи очекувања и оптимизам. Видите ги пиковите во тргување ретроспективно. Во април имаме втор пик за квалификации за дивиденда. Страв од иднината и непознатото останува, впрочем биле присутни секогаш, никој не знае шо ќе се случи и наше е само да бидеме трезвени и претпазливи. МБИ 10 алтиметли ќе си го најде патот и да се сопне 100 пати.
 
Последно уредено:

И добро бе претпоставувам дека Живко на чесиве истото им го предочил односно дека освен антибиотици нишо друго не му пркоси во моментот, дека контејнер за извоз у УСА од 3000 пред Ковид сеа му излага 18 илјади $ и дека сите суровини кај се прескапи ги чека преку 8 месеци да му стигнат заради supply chain bottlenecks. Згора на тоа и најавата за скапа енергија како инпут.
И на сето тоа овие тевекелииве праат дисконтирана кеш флоу валуација за идни 10 години занемарувајќи го фактот шо следните две-три години фирмата е во предизвици како никогаш во 80те години постоење. Исто како јас да се стаам сеа на телетрејдер и да цртам фибоначи трендови и слични бул шит технички анализи за Алкалоид и Пекабеско, поима немајќи шо се случува со фирмите унатре.

Сепак, остај шо хејтам, честито 18.000 денари акцијата. Бетон ХВ.:yid:
 
Последно уредено:
Светската економија моментално се соочува со предизвици кои никогаш претходно не биле заедно во комбинација, ама тоа не ги спречува повеќето пазари на капитал да рушат рекорди на вредноста.
 
Изгледа дека инвеститорите повеќе им веруваат на домашните (Side Hustler) проценки и препораки за TNB и за KMB, отколку на странските (чесите)?!
Абе мали, коа сакаш курназ да се праиш обрати ми се директно. Јас коа купував ТНБ и КМБ ти пишуваше домашно у школо. Кој ти дал препорака да купуваш КМБ и ТНБ на 200 и 500 еур респективно?
 
Jas mislam deka cenite na MSE otidoa do nebo.Edinstveni akcii sto ostanaa manje-vise so normalna cena se PPIV,PKB, MPT,UNI .Drugi ne mi teknuvaat,a mozebi i nema.
 
Абе мали, коа сакаш курназ да се праиш обрати ми се директно. Јас коа купував ТНБ и КМБ ти пишуваше домашно у школо. Кој ти дал препорака да купуваш КМБ и ТНБ на 200 и 500 еур респективно?

А бе велики, шо се палиш толку? Не знам кога си учел школо и што ја учеле твојата генерација, ама знам дека нас не учеа да читаме и да ги користиме четирите основни математички операции.

На 15.12.2021 година, си напишал ‘‘Чешкиве будалчиња ги кутнаа банкиве‘‘. И навистина во нивниот последен апдејтинг од 05.11.2021 година КМБ ја даунгредираа од buy во sell, а ТНБ од hold во sell.

На 17.12.2021 година постираш мислења на двајца авторитети, Savita Subramanian од Bank of America и Raedler шеф на Euroepan equity strategy, кои имаат исто очекување или мислење како и твоето дека во следната година вложувањето во банки може да биде добар избор.

На 21.12.2021 предвидуваш во април 2022 година КМБ да достигне 12.000,00 денари, а ТНБ 30.800,00 денари (500Евра).

Ако се остварат твоите очекувања или предвидувања за нивоата на цени на КМБ и на ТНБ во април 2022 година, тогаш доколку некој на 17.12.2021 година купил КМБ по 10.900,00 денари тој за три-четири месеци би остварил капитална добивка од 10% или околу 8.5% (со платени провизии), односно ако купил ТНБ по 28.500,00 денари би остварил КД од 8% или околу 6,5% (со платени провизии). Ноле Ѓоковиќ би рекол “Not bad”.

Од друга страна, ако некој ги следел проценките и препораките на чесите би пропуштил да оствари КД најмалку за споменатите проценти.

Значи, доколку се остварат твоите очекувања за априлските цени на КМБ и ТНБ, тогаш ти би испаднал во право, а не чесите.

Што е тука нејасно и спорно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom