СКОПЈЕ ГОРИ @ Скопско Кале - 26.06.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Бавча
  • Време на започнување Време на започнување
Да не знае некој колку ќе биде картата на самиот влез?
И дали се знае редоследот на групи, знам ORBITAL последни ќе се...
 
Слабо луѓе = тапа атмосфера = повеќе гледање/мисирење отколку денсање, ама затоа паблик и орбитал беа до јаја. Секоја чест.
 
Слабо луѓе = тапа атмосфера = повеќе гледање/мисирење отколку денсање, ама затоа паблик и орбитал беа до јаја. Секоја чест.

Остај народот, имаше таман место, дешавкава партали, браќата профи!!! МХ :)
 
Дајте бе реченица-две поише пишете, ебаве мрзите. :D
 
Јас пристигнав на самиот крај на ПартиБ и искрено се изненадив кога видов мала бројка на луѓе (за мене искрено она беше малце), али ок гагачка нација сме па само на пивофест може да се исполни калето, инаку тешко. Таман си почнаа паблик, арно ама освен првите 6-7 реда од публикава, другово беше умрено и као наводно чекаше орбитал да почне. Паблик си згазија поштено, го изрокаа најбитното, флејва малце се губеше на моменти, али ок е, крајот ко секој крај со типичен американски говор да се сакаме сите и да не мразиме црнци. У реду, битно отидов и ги испоштував хероите од моето детство.
Орбитал почнаа ко аматери, на сета таа опрема од 9403289 евра, лоџикот да ти направи краш е стварно смешка (се вадеа дека струја снема, а хардверите им светеа LOL), али ок се дешава, посебно во Мкд - до воздухот ќе да е.
Супер беа, кренаа малце повеќе атмосфера, се собраа луѓе и си ѕенѕавме до 5 за 2 кога решија да го завршат фестивалов. Типично за Мак публика, Орбиталци работеа цело време на прелази зошто лејм народ сме и не знаеме да возиме ама баш се.
Ок ми беше, со оглед на тоа што звукот можеше да биде уште посилен, ама не беше. Сцената беше топ иако слушав најразноразни коментари од необразовани структури на кои ова очигледно им беше втора посета на вакво фестивалче, па оправдано не ги збришав со аргументи и шамари.
Шанковите сакс, кенбах во сред скопје не ме јеби! Уште и 100ден за чаша, ве молам срамота е. Избор на пијачки немаше, на пример немаше вино, од кои причини не знам али не е ни битно.
Се на се, ок беше, само што публикава мора да почне малце повеќе да се ангажира и да се опушти.
 
Паблик > Орбитал.

За другото, agreed with Mans. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom