100 денари сега и 100 денари пред десет години

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
abe 100 denari i sega i pred 10 godini e isto. 100 = 100 matematicki. rabotava e sto sega se e poskapo, razbirate?
mora vladava da prevzeme nekoi merki, da ispecati pojce pari ili da gi zgolemi platite, ama gruevski e sutrak.
 
И сега се иде на одмор не велам не. Но се иде еднаш скромно фамилијарно, најблиску за да се поминат десет дена на море. Некои и фамилии не одат, само да има децата да отидат до Охрид. Зборам за време во кое 20 дена се одеше на Јадран фамилијарно и организации на деца по два одмори, две деца тоа ти се четири плаќање. Оди денес тоа овозможи го на децата, мислам дека тоа денес е невозможно. А платите тогаш и денес се исти, само вредноста е различна.
Имаше поинаков платежен систем, се беше преку фирма, на рати.
Се сеќавам дедо ми стануваш во 6.00 млеко да купи макс 1 литро ако има среќа. За доручек леб, млеко и шеќер -попара јадев. Не споредувај Грција од 1980 тоа беше село ништо немаше...Јадран ист случај за Бугарија да незборам жива језа денешна Северна Кореа. Албанија егзотична земја од ранкот на Бурунди и Гвинеа Бисао.
 
За кое време поточно се прави муабет за пред 10 години или времето на Југославија ? Моите ни од тоа ни од тоа не се фалат премногу, така да би рекол дека се е релативно.. има некои што уште плачат и се сеќаваат на таа Југославија како оделе по незнам колку пати на одмор а некои памтат и како никогаш не отишле ни тогаш на одмор и дома живееле во скромни услови кога децата ни сок не виделе како што треба, чекаат нешто од гостите што дошле ако остане да се напијат.. а надвор од тогашната територија на Македонија испаднале само неколку пати на шопинг во Бугарија/Турција/Италија и ништо повеќе.

Сега може е малце по-сурово време, време на капитализам.. али тој што ќе се снајде го бива и сега ќе му биде убаво. Инаку неможеме многу да споредуваме тогаш и сега зошто порано луѓето биле многу по-скромни и се радувале на многу помали работи.. денешнава младина ништо не и е доволно а секој ден по кафичи/дискотеки, со коли/мотори, телефони од 500 евра итн..

И пред 20 години беше независна Република Македонија. Пред 10 години само што заврши војната, не мора точно да се држиме за десет нели :)
Зборам за време пред транзицијата, кога почнаа да летаат катанци се се смени преку ноќ. Крајот во Југославија и осамостојувањето на Македонија. Иначе овие десет мене ми се како вчера да биле, не гледам некакви големи промени, само што цените се покачија за некој денар плус.И тогаш како и сега требало да се снајдеш, од небо работи не паѓале. Само снаоѓањето било подобро имало многу фабрики, луѓето сите работеле.
Пред точно десет смештај во Охрид беше 250 денари, сега е по 350/400. Ете Охриѓани се во тек.
 
Чисто информативно
Цената на месото во 1980 година изнесувала 138 динари за килограм јунешко без коска или околу 9 германски марки, а 126 динари за килограм свинско. Поради реакциите од населението за скапотијата, СИС на Југославија, односно тогашната федерална влада кон крајот на годината донела одлука за намалување на цените па, на пример, јунешкото е спуштено на 120 динари за килограм, а пилешкото на 56 динари. Меѓутоа, по само неколку дена месарниците останале без месо, бидејќи кланиците едноставно не сакале да доставуваат по намалени цени. Така што граѓаните можеле да уживаат во поевтиното месо, се разбира, доколку најдат да го купат, појава која често беше присутна во СФРЈ.
Значи имало пилешко за 1,5 евра и јунеско за 3 евра само ти требале врски да го најдеш. Моите оде во Србија да купуваат месо. Цело прасе и го касапевме дома. Јас си играв со месото посебно со внатрешните органи па ме караа.:D
 
Се сеќавам дедо ми стануваш во 6.00 млеко да купи макс 1 литро ако има среќа. За доручек леб, млеко и шеќер -попара јадев. Не споредувај Грција од 1980 тоа беше село ништо немаше...Јадран ист случај за Бугарија да незборам жива језа денешна Северна Кореа. Албанија егзотична земја од ранкот на Бурунди и Гвинеа Бисао.

Тоа беше во времето на Анте Марковиќ, редици за млеко и прашок за перење кажува мајка ми. Имало криза уште рано наутро во ред и со врски за нас како деца да има што да пиеме.
Бугарија со 100 лева земаш цел бутик и си го носиш дома, продавачката кусур ти враќа. Албанија уште ровови закопуваше, незнае кој век е. Хрците во 90те почнаа да се развиваат, а Јадранот од секогаш предничел во туризам. Улцин плажи километарски, Бечичи, Будва...Хрватска убавини.
 
Пред десет години родео меко беа 28 денари а бос лајт околу 32 денари

Со другарите пивеме 4 скопски за 100 денари сеа две за тие пари земаш

Моите земаја по 25 000 + денари плата а сега се на пола

За викенди со 300 денари излегвевме и карате се праевме

1. Цигарите намерно ги качија пред некоја година,не од што имаше реална потреба,туку да има ефект на намалување на пушењето,за мене оправдано,иако сум пушач,ама цигарите треба и уште поскапи да се.
2. Сега за 100-тка 3 скопски земаш не две,покачувањето се должи пред се поради повисоката цена на јачменот,пченицата и др-те житарици и тоа на глобална сцена.
3. /
4. Пијачките по кафиќите се поскапи да, алкохолот е акцизна роба,исто како и цигарите тоа е луксуз и треба да е,а не децата од млеко одма да се префрлаат на водки и коњаци..оправдувам,иако не ги оправдувам екстра профитите на кафулињата со надуваните цени,ама кој сака ќе плати.
 
Тоа беше во времето на Анте Марковиќ, редици за млеко и прашок за перење кажува мајка ми. Имало криза уште рано наутро во ред и со врски за нас како деца да има што да пиеме.
Бугарија со 100 лева земаш цел бутик и си го носиш дома, продавачката кусур ти враќа. Албанија уште ровови закопуваше, незнае кој век е. Хрците во 90те почнаа да се развиваат, а Јадранот од секогаш предничел во туризам. Улцин плажи километарски, Бечичи, Будва...Хрватска убавини.
Во Улцињ сум бил во едно извидничко одмаралиште. Освен плажа и песок ништо немаше. Во бунгалов мал бев иако повеќе беа во шатори војнички нареди еден до друг. Во Грција со моите моите одевме со приколка и шатор во капм. Полни со јадење од Македонија. Имаше одмори долги ама крајно скроми. Инаку пред 5 години прв пат бев на одмор во хотел со базен. Кој денес оди така како тогаш на одмор никој сега одморите во однос на тие се екстра луксузни. Авион до Турција тогаш 95% од народот немаше видено авион. Авион беше само за функционери и директори.
Имаше луѓе во 1980та што одеа во Грција во диви кампови без струја и вода не им се палаќаше кампарина.Зимаш шартор пуниш приколка со храна одиш без ни денар во џеб. Значи трошок само бензин се друго од Македонија и како дома.Терај 20 дена без проблем. Не сум чул некој денес да оди така. Не дека лошо беше баш супер беше...ама најмалку 2-3 пати поскормно од денес се живееше.
Проблемот е во главите сега мобилен телефон го сваќаме здраво за готово и мора да се има. Интернет мора..Телефон мора. Компјутер мора. Секој ден разновидно јадење мора. Одмор во хотел мора. Странска кола...Со денешнава плата можеш да живееш како во 1980 ама треба да се откажеш од пола трошоци.
Тогаш ништо не ни фалаше дека ништо немаше ама тоа човеково око ненаситно.
 
1. Цигарите намерно ги качија пред некоја година,не од што имаше реална потреба,туку да има ефект на намалување на пушењето,за мене оправдано,иако сум пушач,ама цигарите треба и уште поскапи да се.
2. Сега за 100-тка 3 скопски земаш не две,покачувањето се должи пред се поради повисоката цена на јачменот,пченицата и др-те житарици и тоа на глобална сцена.
3. /
4. Пијачките по кафиќите се поскапи да, алкохолот е акцизна роба,исто како и цигарите тоа е луксуз и треба да е,а не децата од млеко одма да се префрлаат на водки и коњаци..оправдувам,иако не ги оправдувам екстра профитите на кафулињата со надуваните цени,ама кој сака ќе плати.
Чекај сеа малу ти сакаш да ми кажиш дека исто беше пред десет години како сега ?
 
Освен цените се измени и погледот. Порано бевме задоволни со малку, денес со ништо не се задоволуваме. Порано ќе се соберат две фамилии, постави масите кај Вардар пикник секој ден после работа ( до 3 комуњарско). Цел ден кој што има по дома за јадење, децата трчаат, уживале во тоа што го имале.
А ние денес незнаеш каде попрво да стигнеш. 3 саат да си дојдеш од работа? Незамисливо.
 
пред 10 години 10 000 МКД да земаш плата беше ЦАР(за млад човек без фамилија)

денес ти требаат најмалку 18 000 МКД !
 
Чекај сеа малу ти сакаш да ми кажиш дека исто беше пред десет години како сега ?
Не му обрнувај внимание на цитро, научно докажано е дека тој е од некој паралелен универзум спротивен на нашиов.
 
1. Цигарите намерно ги качија пред некоја година,не од што имаше реална потреба,туку да има ефект на намалување на пушењето,за мене оправдано,иако сум пушач,ама цигарите треба и уште поскапи да се.
2. Сега за 100-тка 3 скопски земаш не две,покачувањето се должи пред се поради повисоката цена на јачменот,пченицата и др-те житарици и тоа на глобална сцена.
3. /
4. Пијачките по кафиќите се поскапи да, алкохолот е акцизна роба,исто како и цигарите тоа е луксуз и треба да е,а не децата од млеко одма да се префрлаат на водки и коњаци..оправдувам,иако не ги оправдувам екстра профитите на кафулињата со надуваните цени,ама кој сака ќе плати.
Да си прашам, ти твои пари трошиш или туѓи?
 
Ми кажувале моите порано ќе седеле со гости и ќе им текнело ај утре да идеме до Германија или сл. и немаат гајле, црвениот пасош и фурај, а за пари ич не му ја мислеле... Коа ми кажуваат за тоа време си викам WTF кај живеам и како живеам сега :(
- ова баш незнам
ама седиме така,или ќе се видиме неколку пријатели -роднини
и ај одиме на музика во Ќустендил во вилата таму на ридот
се случи еднаш само што се вратив од таму, ај пак назад
Кажи Гего на одмор по колку пати одевме. Два пати со деца и тоа надвор од границите и еднаш со твоите, цело лето на море. И речиси преку еден викенд на планина во хотели на фирмата. Задолжително и тоа од самата фабрика, да си ги исчистат плуќите. Е тоа беше живот :)
А сега недај боже да споменеш дека идеш на одмор, тоа е луксуз!
јас со мојте мали деца во Титово време одев во Црна гора,
замисли преку агенција и сум уплатил(на прашањето колку сте изгледа)
4 полни пансиони,кога ќе донесеа за јадење полна маса,а тие ќе се
најадат од пред јадењето, кој мислел тогаш на пари, се имало
сега 10 години они својте деца не ги однеле ни до Катланово,
а и јас што ги носам тоа е Велешко езеро,крајна дестинација
 
Не му обрнувај внимание на цитро, научно докажано е дека тој е од некој паралелен универзум спротивен на нашиов.

Онака ме чуди ..... Може да му соли памет на некој што не знае како беше пред 10 години. Еве на пример јас пред десет години полнев 18 -ка и многу убаво знам со колку пари излегував како тинејџер и како си поминував , колку плата земаја моите и колку можевме тогаш да си дозволиме а колку можеме сега . Сега животот е повеќе како борба за егзистенција а луксузот речиси и никој не може да си го дозволи. Под луксуз мислев за нормални работи во едно цивилизирано општество - одмори,шопинг....
 
Затоа сега се прави растур летно време Грција а и Турција/Бугарија на одмор, а да не заборавиме и стандард шопинг во Солун. Факт е дека порано било поефтино но цените на прехрамбените производи, транспортот, нафта итн глобално се пораснати.
тие што прават „растур“- каде работат не кажа
тоа се сигурно двајца под државна капа,
а не некои работници ,прави РАБОТНИЦИ
еве ти пример за растур сум го напишал и друг пат
Во Титово време, јас е р г е н одев мајко и тргнав за на Черно море на одмор, тазе запослен,прво наминувам во трговски во Словенијалес и
купувам „нешто“ опрема за таму+ моторен чамец (добро прочита)
тоа му доѓа како сега тргаш на одмор и купуваш пешкир (или земаш стар)
еј, на работа бев- пари 1000 дм - не му ја мислиш
а таму, освен „шампанско“ друго не сме се напиле навечер
сега е проблем што младите немат работа (а децата одат и во школо)
или и да работат тоа е малку чекат од старите,ама ако и тие имаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom