60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Скопје, 4 февруари (МИА) - На пробната матура што беше спроведена 5 и 6 декември 2007 година, 37 отсто од кандидатите кои полагале на македонски наставен јазик положиле два предмета, 48 отсто положиле еден предмет, а 15 отсто не положиле два предмета, соопшти денеска Државниот матурски одбор.

Од кандидатите кои полагале на албански наставен јазик 41 отсто положиле два предмета, 27 отсто еден и 32 отсто не положиле два предмета, додека од кандидатите кои полагале на турски наставен јазик 44 отсто положиле два предмета, 30 отсто еден, а 26 отсто не положиле два предмета.

Резултатите од пробната матура се достапни на телефон 02 3216 299 секој ден од 9 до 16 часот во периодот од 4 до 8 февруари. Притоа, од кандидатот ќе се бараат следните податоци: име и презиме, училиште и единствен матичен број.
Информации за листите на наставни предмети доставени од страна на факултетите, кои на кандидатите им се потребни при изборот на предметите за интерните испити од државната матура, може да се добијат на веб-страната на Бирото за развој на образованието www. bro.gov.mk или на веб-страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

Ова е копи пејст, а сега сакам малку од мене:(
Искрено ова е срамна вест, и не треба да се објави. Па добро бе по средните школи што учат? Која пудра е најубава или каде има попуст?

Уствари кога би се замислиле па да дефинитивно ништо не се учи туку се снимаат клипови со експлицитен материјал и се случуваат тепачки, а најважното се остава во ќошот за да чистачките го соберат со метлата:(

*станувам и давам аплауз*
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Па подобри се од лани над 70 % ја немаја положено.

Тешко на генераците што идат
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Aма лани не се полагаше, ама оваа година тешко за овие што ќе полагаат.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Какви генерации доаѓаат, тешко на државата!
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
хаххахахах....ја не знам со кој памет ги објавија резултативе, кога сите си знаеја дека децава отидоа само за да се прошетаат.....бар кај мене така си поминавме 95% од ученициве....3% не ни се појавија а останатите 2 % решаваа реално, се додека не им скурчи.....шо значи не е тоа тоа, резултативе не се реални:pos2:
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69

И јас не знам со кој памет си играте курташак со прилично сериозни ствари од кои ако не, и идното образование ви зависи.:pos2:

Јебига...ама ако треба цела генерација да пропадне за средношколците да сфатат дека образованието не е само бегање од часови и пушење у школски, ондак нека биде.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ќе паѓаат и тоа ко зрели крушки. Ама ако, барем кај тие што се 3та година и подоле ќе игра каишот по дома

Були не куцало магарето само од ваша дружина за да се одреди тоа. Има луѓе кои што сериозно си имаат сватено ова со матурава и тоа е, учат затоа што сакаат да се запишат на државен факултет. Ама по се изгледа дека ги има многу малку
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
И јас не знам со кој памет си играте курташак со прилично сериозни ствари од кои ако не, и идното образование ви зависи.:pos2:

Јебига...ама ако треба цела генерација да пропадне за средношколците да сфатат дека образованието не е само бегање од часови и пушење у школски, ондак нека биде.

Играњето курташак од наша страна е резултат на еднаквото однесување што го добивме од страна на Владата...ако сме заморчиња,третирани како животни, без право на глас.... однак ќе реагираме инстинктивно, зашто да трошиме разум??

На крај краева, нема да пропадне ништо од генерацијава, првенствено ни факултетите нема да дозволат да останат без студенти, ниту па државата е до тој степен расипана да остави цела генерација на улица....тоа не му оди во прилог никому и нема да се случи....а дека предходниве генерации па се запишаа онака, со успех, без матура-гледам процветаа :smir:
 
Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
не им се учело за пробната матура, ама кога ќе дојде вистинската матура тогаш ќе им дојде јајцето на газот. мрзливи се сакаат само од оценки да им се вреднува. Според мене најдобро е секој факс сам да си прави тестирање(како во мое време), од успех и од државна матура. Сепак треба да се полага државна матура, таа не е само за запишување на факс, тоа ти е заокружување на твоето образование, покажување на твојата зрелост и тоа дека веќе си возрасен и доволно образован човек. Па погледнете ги во САД и Европа едвај ја чекаат државната матура и се борат да ја завршат со што подобар успех, а само кај нас тоа не им требало како што сакаат денешниве средношколци. Со тоа што не сакаат да полагаат покажуваат колку се зрели или колку се подготвени да ја искажат својата зрелост и образование.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Играњето курташак од наша страна е резултат на еднаквото однесување што го добивме од страна на Владата...ако сме заморчиња,третирани како животни, без право на глас.... однак ќе реагираме инстинктивно, зашто да трошиме разум??
Треба да ви воведат предмет „Вовед во реалноста“. Прва работа-како можеш да ги изедначуваш средношколците со орган ко Владата?

Уште сте зелени за да имате право на глас. Во ниедна друга земја го нема тоа секој да си се понаша ко што стигне. Едноставно не бива, и треба да се научите дека има некои работи кои се ван ваша моќ. Се буневте што се буневте, гледате нема фајде. Што тогаш не седнете да научите, вас ќе ви треба.:nemoguce:

Не сте животни за да реагирате инстинктивно, упалете кликерот и сфатете некои работи.
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Нема таков маж во МОН што ќе ги испопаѓа забушантиве, па да им дојде памет.. 60%, еј, па макар била и пробна матура. Срамота.

Искрено се надевам дека вистинската матура ќе биде со иста тежина, и дека тие што нема да положат стварно ќе ги остават да паузираат една година. Ептен се имаат опуштено..
 
**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Треба да ви воведат предмет „Вовед во реалноста“. Прва работа-како можеш да ги изедначуваш средношколците со орган ко Владата?

Уште сте зелени за да имате право на глас. Во ниедна друга земја го нема тоа секој да си се понаша ко што стигне. Едноставно не бива, и треба да се научите дека има некои работи кои се ван ваша моќ. Се буневте што се буневте, гледате нема фајде. Што тогаш не седнете да научите, вас ќе ви треба.:nemoguce:

Не сте животни за да реагирате инстинктивно, упалете кликерот и сфатете некои работи.

Грешно ме свативте за некои работи...никој не рече дека нема да седнеме да научиме, ниту па дека не мрзи ( барем не јас, имам намера да се запишам на државен факултет, и при тоа во државна квота)....и не е проблемот учењето....само можеби и ќе беше поедноставно да дојдевте у клупите барем на еден ден па да видите како тоа изгледа.....ни тие од Министерство не знаат што точно треба да се учи, само знаат дека сакаат да ја спроведат матурата....зарем тоа е фер??
Не се плашам од учењето, таман работа, ни најмалку не сум малоумна...само чисто ме инересира ШТО да учам, мислам ако не им е проблем да кажат.....:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Како можело тоа да се случи.....па 90% се скроз одлични ученици....не мора да е некоја местенка:kesa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom