Казаки
Атаманот - Army of Christ
Спиро Параскевин или попознат како Спиро Преспанчето бил арамија (ајдутин) и револуционер. Според мене е најконтроверзната и најдискутабилна личност во историјата од почетокот на XX век. Имено на бугарската википедија е прикажан како „бугарски“ револуционер, а на грчката е прикажан како андарт?! Ваков друг случај ретко е забележан, бидејќи јасно се разликуваат идеите на Грчките андарти и ТМОРО, па според тоа решив да отворам посебна тема (наместо постоечката - „Војводи за кое малку се знае“) и да дискутираме.
Спиро Параскевин е роден во с. Раби, Преспа (Егејска Македонија). Во 1897 год. се приклучува на четата на Коте Христов (Капетан Котас од Руља, Леринско) кој со право ја носи етикетата предавник во редовите на ТМОРО. Се до 1899 оваа чета е дел од ТМОРО, но со доаѓањето на Марко Лерински таа се отцепува. Од 1901 год. заедно со Коте се приклучуваат во четата на Чакаларов, но поради сомнеж за предавство Коте е осуден на смртна казна, а покрај него и Спиро Преспанчето. Поради тоа имаат судир со четите на Чакаларов. Но во 1903 година од страна на Лазар Поп Трајков и Гоце Делчев е помилуван, па така завзема учество во Илинденското востание. Убиен е на 25 јули (стар стил) 1903 во битка кај с. Штрково (Леринско).
Неговата храброст била неспорна. Лично учествувал во ликвидациите на турчинот Тахир, беговите Целио и Шабан Чауш, албанецот Нури бег, Кашми ага и др. Исто така го убил и синот на злогласениот Џемал бег од Корча, најверојатно во знак на одмазда поради тоа што го злоставувал месното население.
Кој е вашиот став за овој револуционерен лик? Предавник или херој? Чекам мислења...
http://bg.wikipedia.org/wiki/Спиро_Преспанчето
http://el.wikipedia.org/wiki/Σπύρος_Παρασκευαΐδης