Значи, според тебе, “подобро едно ропство отколку друго ропство“?!
Немој да запаѓаш во клише мислења од образовниот систем и чамче муабети од бадијалџиите на клупите во паркот. И, некако, мене не ми се допаѓа баш толку тој Австроунгарски менталитет. Ама баш ИЧ не сум воодушевен од него. А затупени сме затоа што сме самите такви. И после 70 години слободен развој, неверојатно е колку има глупави Македонци. Дури мене ми е срам од туѓото незнаење и тупавост... Ни ја срамат нацијата. Кажете (од лично искуство) колку има Македонци кои не читаат дури ни весници. И тоа истите оние кои завршиле некој факултет и би требало да бидат интелектуалци. А Турците... Каде се Турците досега отидени...
Погледни ја само архитектурата,културата,уметноста..доволно е за споредба. Еве само архитектурата ќе ја земам како мерило,пошто ме занима.. и погледни какви остатоци имаш на Балканот а какви од Белград нагоре..На балканот имаш претежно сиви џамии и по некое кале и ништо друго, додека во пределите каде што влијание имале споменатите сили , имаш убава архитектура, раскошни замоци, палати,згради кои и денес се огромно културно наследство.. Најпрост пример ти е Јужна Србија и Војводина..Поубав пример од тоа немаш..разликата во архитектура и во менталитетот кај народот е различен,иако се наоѓаат во една држава.