Финале СЕХА: Вардар - Металург (недела 18:00 Загреб)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Победник во СЕХА ќе биде:

  • Вардар

    Гласови: 59 57,8%
  • Металург

    Гласови: 43 42,2%

  • Вкупно гласачи
    102
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Да не должиме многу. Најпрво честитки за големата победа на Вардар!!!
Нашите великани Вардар и Металург го освоија Загреб. Најпрво Металург успеја да слави над Татран со еден гол разлика 26-25.
Но во сенка остана поради навидум изненадувачката победа на Вардар ПРО, кој успеја да го совлада апсолутниот фаворит Загреб во Загребска Арена! И тоа навидум во полуфинале, преку кое Загреб требаше да игра за титулата! Но Вардар докажа дека има сили да се носи со најдобрите!!!

Да потсетиме СЕХА започна во Септември со многу контроверзии пред се со лоша организација и недостаток на спонзор но сепак успеја да го дочека крајот. Откако многумина сметаа дека Загреб лесно ќе стигне до трофејот. Меѓутоа утре се чини ќе гледаме македонско финале во среде Загреб !

Во прилог анкета.
 
Потполно заслужено, си газеа мак. екипи низ текот на целата лига. Вардар му плати на Загреб за не фер елиминацијата на Металург во ЛШ. Многу ми е мило за двете екипи поготово за Вардар, за кој се надевам ќе му пружи силен отпор на богатиот Металург во финишот на нашето првенство. Поради слабата форма на повеќето играчи на Металург, типувам на титула на Вардар утре.
 
Македонско финале во првото издание на СЕХА......најс најс :)
И Вардар и Металург заслужено, утре ќе биде интересно финалето.
 
Не гласам за никој од што ми е мило за двата тима и нема потреба да се делиме,кој и да победи ќе биде Македонски тим така да.... :D

Дај Боже да продолжи лигава и другата година,со повеќе тимови и со 3 Македонски,мислам на Пелистер нормално. :)
 
Фан сум на Металург, ама сеедно ми е кој ќе победи утре. Премногу сум горда и на двата тима. Браво, браво, браво!:cuc:
 
Може ли опција... сеедно... оти со овој пласман победи македонскиот ракомет, добро дојде ова после лошите игри во квалификациите за Олимпијада... и браво за најдобриот десен бек во Европа, кој имаше реализација од 27% :D
 
Др. Томасино не ја пратев Вардар, ако си гледал ај мало инфо како играа ако не ти е тешко. Он топик честитки до двата тима секоја чест :)
 
Спортска клубска гордост моментално на МК.. сам така да продолжат двата клуба!
 
Сакам Вардар да тепаат али ми се израдува конечно душава после сите овие ситуации овие денови па така да во македонсково финале и да тепа Вардар и да изгуби задоволен ќе сум!
 
Напред Вардар, Минчо педер, ле але! :icon_lol:

Сеедно ми е мене, доволно ме радува тоа што два македонски клуба ќе играат финале у лигата која Загреб си ја сметаше за сопственост.
 
Добро ќе дојде ова ,после она што се случи во земјава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom