Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Во време кога МВР не дава конкретни докази дека уапсените се навистина сторителите, останува на населението да играат по некакво убедување дали уапсените се или не се сторителите на делото.
Во таква ситуација, некој се осмелува да плука по цела Албанска националност, да го закопа соживотот со лопата, а некој друг, да верува дека случајот е монтиран. Јас пример мислам дека случајов е монтиран според она што можев да го видам/прочитам/слушнам изминативе неколку дена. И ти немаш доказ дека уапсените се навистина сторителите, но сепак си убедена дека тие се. Пеќи. Не ми барај докази, не ти барам докази.
Ама не можеш да очекуваш дека во тек на истрага МВР тебе или мене ќе ни покаже што докази имаат. Ниту си ти судија или дел од правосудниот систем, ниту пак тоа сум јас и се разбира дека пред судењето нема јавно да ги добиеме доказите кои ги има МВР. Плус, има уште за истражување, случајот не завршува тука. Кога се ќе заврши, тогаш ќе видиме за какви докази станувало збор.
Јас и ти може имаме спротивни убедувања за тоа дали се или не се тоа сторителите, ама ниту ти, ниту јас имаме надлежност да донесуваме одлуки, туку тоа го прави судот.
Сега значи и Македонците треба да излезат на протест пред судот за да протестираат што уште не се фатени останатите осомничени.