Тајните на пештерата

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Вокерка јавно да ти се пофалам дека во моја сопственост ја добив книгата... ја имам прочитано ( илегално ) на електронска верзија ама деновиве и печатенава ќе ја прочитам.
И планирав на youtube да направам онакво клипче unboxing.
Сепак фала многу за книгата. ЈАВНО
 
Tајните на пештерата - Ѓургица Костадиновска

Овој роман, иако е детска приказна, е една голема поука и го поттикнува можеби најбитното прашање; Како да се одржи борбениот дух во суровата реалност/ Како да не се потклекне/ Каде да се најдат силите за да се започне одново/​
Поттукнува размислување за себе и за светот. Се раѓаме и отпрво живееме со бајковити размисли не знаејќи за лошо, сѐ додека балонот кој го претставува нашиот недостиг на свесност не почне да издишува. Надвор од тој балон, ние сме слободни. И колку и таа слобода да значи среќа, како што вели Кирил, слободата значи и одговарање за сопствените постапки. И внимателност, која го затскрива просторот за израз на авантуристичкиот дух. На крајот, сета таа внимателност значи страв, страв кој сосема го притиска детето во нас.​
Авторката нѐ советува дека добро е понекогаш да бидеме деца, со наивноста која тоа ја носи, со љубипитноста, потрагата, желбата, оптимизмот. Бидејќи без овие особини, ние сме обични роботи завиени во темнина. А светлината е она што ни треба. Но светлината, колку и да е блескава, не значи ништо во очите на слепиот, оној кој не трага по светлина. Светлината, таа е насекаде околу нас, во навидум обичното и секојдневното, исто како што делчињата на дијамантот наречен среќа се насекаде околу нас, само треба да имаме желба да ги забележиме.​
Но, авторката предупредува дека поттикот на детето во себе не значи гледање на нештата низ призмата на розевите очила. Значи прифаќање на подвоеноста. Подвоеноста на личностите во нашиот живот и на самиот живот. Една хетерогеност која значи и променливост, која значи и прифаќање на фактот дека она што го знаеме денес, може да биде сосем различно утре. Па, секој нов ден бара нови откритија. Место за умор, нема.​
' Вие најдете го својот дијамант, најдете го во вашите срца и посакајте си само добрини. Потрудете се срцата да ви шепотат за добрините кои ги поседувате и постапувајте според нивниот шепот.'​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom