Плата во банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Elie
  • Време на започнување Време на започнување
Многу банки малце пари на крајот гледам така ќе биде сега за сега главни фраери са..............
 
Ако поставуваш овакво прашање со мисла дали би ти се исплатило да работиш таму.....тогаш ти си феномен.

Во банка и за 10.000 ден да работиш,самите бенифиции кои ти се на располагање ќе ти отворат многу врати.
Кои се бенифициите?

Инаку на темава, зависи во која банка работиш, во Скопје платите во банкарскиот сектор се движат од 15.000 до ако не се лажам 500.000 денари, зависи на која позиција ќе налеташ. За плати мислам дека најдобри се Комерцијална банка, а тука некаде треба да бидат и Тутунска и Стопанска банка.
 
Да не отварам нова тема за едно прашање ќе го поставам овде иако е офтопик.
За споредба ме интересира колкави плати земааат:
- просечен адвокат (знам дека има разлики ама прашувам за просек)
- лекар специјалист во приватно / државно
- професор на факултет

онтопик: Познато е дека платите во банките се највисоки.
 
Зависи во која банка си. Ако налеташ во банка како ТТК ќе видиш голема плата, исто и во УНИ и во Прокредит во првите години.
Ама ако се сместиш во КБ, СБ, ОБ и ТБ ќе ти биде фино. Најфини вести за плати доаѓаат од Алфа банка, службеник на шалтер со средно 30 000 ки мераци. Нема кој да те опцуе во некои филијали кај нив, али платата си тече.

Таму кај што нема кој да те опцуе,најчесто има некој пиштол да ти впери :D А то стана мудерно.
 
Зависи за што конкурираш.
Чистачите земаат 12-15000 денари месечно, директорите 12-15000 евра месечно, рестото е негде измеѓу.

Во која банка се зема 15000 евра месечно?! Ова цифриве онака ти се пишани, колку да пишеш нешто.

Инаку пред мене ги кажаа горе долу платите по банките, така да нема потреба пак да се пишат.

Да се надополнам само - Не би рекла дека платите во банките се најголеми. Во некои банки душата може да ти ја извадат и да не ти биде платено, а на некое друго работно место онака полежерно да ти биде и да земаш повеќе плата од тој што работи во банка.
 
Во која банка се зема 15000 евра месечно?! Ова цифриве онака ти се пишани, колку да пишеш нешто.
Генералните на големите и средните банки земаат плата над 7000 евра месечно, со „државна“ кола, картичка за деловни ручеци и слични бенефиции. Ако ме држи помнењето на Комерцијална зема над 15 000 евра месечно. Ништо помалку не се и ТБ, ОБ и СБ.
15 000ки месечно човече во МКД е тоа е живот.
 
Во која банка се зема 15000 евра месечно?! Ова цифриве онака ти се пишани, колку да пишеш нешто.

Инаку пред мене ги кажаа горе долу платите по банките, така да нема потреба пак да се пишат.

Да се надополнам само - Не би рекла дека платите во банките се најголеми. Во некои банки душата може да ти ја извадат и да не ти биде платено, а на некое друго работно место онака полежерно да ти биде и да земаш повеќе плата од тој што работи во банка.
Убаво пишал, ама не напишал како што треба... во некои од нашите банки врвниот менаџмент можеби и зема над 10.000 евра плата, мислам дека кога „пропадна“ Македонска банка имаше некаде податоци дека врвниот менаџмент зема плати од по 8.000 евра. Инаку во право си, не плаќаат сите банки добро, треба да ти се погоди и банката :pos:
 
Во која банка се зема 15000 евра месечно?! Ова цифриве онака ти се пишани, колку да пишеш нешто.

Душичка, мисли дека 1000 евра плата земаат директорите на најголемите банки.

Бројкитешто ги пишав се неофицијални, но блиску до реалните земајќи во предвид дека најголема месечна плата за лани била во фармацијата и тоа 63.000 евра
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/48458-50665135-denari-iznesuva-najvisokata-plata-vo-Makedonija

фала за надополнувањето Леандра.
 
Хм... ајде може мое грешно мислење...
Не мислев дека еден директор на пример на стопанска зема 15.000 евра месечно, притоа мислејќи на директор на филијала, а не на генералните ;)
 
Хм... ајде може мое грешно мислење...
Не мислев дека еден директор на пример на стопанска зема 15.000 евра месечно, притоа мислејќи на директор на филијала, а не на генералните ;)

Пример на прокредит менаџер на филијала зема од 1500 до 2000 евра плата, зависи од учинокот на филијалата. Е сега ако на прокредит зема толку, пресметај колку зема на Тутунска, Стопанска и Комерцијална :)
 
Таму се најдобри платите и затоа е и мнооогуууу тешко да се влезе на работа во банка. Џабе ти висок просек ако немаш јаки пријатели. Така е и за секаде.
Мој школски со средно се вработи во една наша реномирана банка и сега си зема солидна плата(уште посолидно изгледа бидејќи не се работи за Скопје).Е сега,типот се вработи благодарение на жена му која имала роднина на повисока раководна позиција во седиштето на банката во Скопје,значи денес врските се најважни,какво образование,каков просек,какви бакрачи.
--- надополнето: 14 април 2012 во 23:46 ---
Пример на прокредит менаџер на филијала зема од 1500 до 2000 евра плата, зависи од учинокот на филијалата. Е сега ако на прокредит зема толку, пресметај колку зема на Тутунска, Стопанска и Комерцијална :)
Баш ме занима каде овде ја ставаш ТТК-банка? Колку би земал плата менаџер на филијала на оваа банка во помал град?
 
[quote="Turrican, post: 4915893, member: 27995"

Баш ме занима каде овде ја ставаш ТТК-банка? Колку би земал плата менаџер на филијала на оваа банка во помал град?[/quote]

Јас колку што имам информации ТТК банка се најслаби со плати, земаат по 15 00 денари вработените. Менаџер во помал град би земал околу 30/40 000 илјадарки.
 
Пример на прокредит менаџер на филијала зема од 1500 до 2000 евра плата, зависи од учинокот на филијалата. Е сега ако на прокредит зема толку, пресметај колку зема на Тутунска, Стопанска и Комерцијална :)

Една директорка на експозитура зема околу 500-600 евра плата. Значи зависи која банка, кој град.

Инаку, дали знаеш колку им е плата на благајници во стопанска ад битола?! Ова онака те прашувам, мене лично ме интересира :)
 
Тие Стопанска АД Битола нит ги имам видено, нит знам како работат :)
Веројатно со Битолски фирми најмногу, таму да се распрашаш.
 
Во Комерцијална банка со средно благајник зема +/- 30000 денари. Во зависност од тоа колку има стаж и поени. За секоја измината година се зема одредено покачување кое што не е големо, но по некоја година и те како се забележува.
Со факултет земаат некоја илјадарка повеќе, раководителот на служба со факултет зема 40.000 исто колку и раководителот на некоја експозитура.

Во било која служба што не е поврзана со работа на шалтер, во зависност од позицијата платата им варира од некоја илјадарка помалку до некоја илјадарка повеќе од горе споменативе цифри.
Директорчињата на најниските позиции земаат 1000 евра и више, зависи од сектор, стаж итн...

Ама вредно е да се спомне дека земаат кога третина плата, кога пола плата, кога цела ... бонус...добивка...
А уште повредно е да се напомене дека ако не си дете на веќе вработен, екс вработен или скоро пензиониран работник, шансите да влезеш се еднакви на.... бинго бинго бинго бингоооо...:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom