Германија ја погоди,ама Бугарија кај ја наЈде жити се.Па ти изгледа не си бил на најголемиот бугарски авто-плац на отворено-Дупница,таму е соберен најголемиот крш кој може да се најде во ЕУ.Плус,бугарите таму имаат и работилници во кои од 3 коли прават една,и ти на крај ќе си заминеш среќен и весел дома со добриот избор?!? Има и добри коли,ама тие се 5% од сите коли кои се изложени таму,а и тешко ќе начекаш некоја,веднаш ги земаат.Тие од ЕУ земаат коли со по 300 и кусур иљади километража зад себе затоа што се најевтини,и после со враќање на километражата и ситни козметички преправки ги продаваат на наивчини и аналфабети за коли како што се повеќето македонци,ова лично од искуство го знам преку повеќе примери кои ги имам видено и доживеано,поздрав!
--- надополнето: 10 април 2012 во 22:40 ---
Неколку златни совети пред купување на половен автомобил:
1. Прво прегледајте ја колата детално.Мајстории и зафати од типот-"Сам свој мајстор" не се дозволени,овде мислам на аматерско префарбување на чукнат браник,стегање со телови и жици на расклатени делови и сл.Исто така,колата е пожелно да ги има фабричките ознаки за тип на мотор и модел,на пр.сомнително е ако на задницата на некој дизел Фокус од 2003-та ја нема ознаката TDCi или натписот Focus,значи или е ударана отпозади,или каросеријата е била од бензинец па е искомбинирано со дизел-машина(од 3 коли праат една,ви текнува?)
2. Проверете каква е состојбата внатре,дали е пушено,какви се седиштата,рачката од менувачот и папучите за гас,кочница и кумплунг(изабени,деформирани и излижани е знак за висока километража,обично преку 230 иљади).Потоа проверете дали и како работат радиото,клима-уредот(внимавајте на лоша миризба при работењето),електр.подигачите на прозорите итн.
3. Ја палите колата и ја оставате да поработи во лер неколку минути.Мирна работа без вибрации и чудни звуци е добар знак.Потоа тргнувате,ослушнете ја работата на моторот,дали добро забрзува,како влече,дали се мачи.Обавезно дигнете ја колата над 120 км/ч. и повозете ја повеќе време над таа брзина.Ако и тогаш не светне некоја сијаличка или колата не ви падне во
safe-mode(не оди над 50 км/ч.) тогаш тоа е добар знак за исправноста на моторот и електрониката.Повозете ја и на некој рид или накај планина,ако влече добро и на угорница без да дими и да се мачи,тоа значи дека моторот не се гуши и е исправен.
4. На крај,ако е се во ред,исценкајте се за цената,обавезно кажете дека плаќате во ќеш и веднаш,ова делува инспиративно кај продавачите

,глумете незаинтересираност и никогаш немојте да ја фалите колата пред продавачот(иако претходно сте се увериле дека колата е полн погодок за таа цена).Се надевам дека со овие мои совети некому ќе помогнам,поздрав и среќно пазарување,